Од каде стравот од височини?

  • Креатор на темата Креатор на темата RED PASSION
  • Време на започнување Време на започнување
Мене ми има логика и едното и другото објаснување т.е. стравот од височина да е последица од некоја стресна ситуација или пак да е едноставно претпазлива мерка која нашето тело не може да ја негира па секогаш ја манифестира како фобија со сите знаци.
Кога размислував кај мене што е причината, се сетив на неколку страшни моменти, но незнам колку имаат влијание и дали токму тие ми го влеале стравот од височина или отсекогаш сум го имала. Тирурируриру!:jaj:
Се сеќавам на една слика од прозор од автобус, кога забрзан влезе лошо во една кривина и излета малку од патот, разнесувајќи дел од песокот пред превисоката провалија.
Се сеќавам и на една многу висока и тесна планинска патека (од едната страна голема провалија, нормално), доволна едвај еден човек да ја помине, па како по неа одиме цела група луѓе, а од спротивната страна доаѓа коњ. Колку смешно ми звучи секогаш кога ќе го кажам, ама моментот беше трауматичен! За наша среќа, коњот се реши да зачекори по ѕидот од провалијата, па поминавме безбедно. Не морам да кажам дека имам црна дупка за се` после тоа ... незнам како успеа тој да помине, како ние појдовме каде што бевме тргнати и како ме натераа другите да се вратам по истиот најстрашен пат!
Уствари има логика јас од овие работи да имам страв ... сега се сетив дека имам страв и од планини. :nesvest::)
 
Се е во психата на човекот. Ко мала како шо ми се споени само со една мала ограда спалната од детската соба и како шо живеам на петти спрат си имав навика да си префрлам постојано и пак не ми е страв и сега да појдам да префрлам, ама ме фаќа страв на пример кога стоиш на нешто мн мало а се наоѓаш на високо место, тогаш мислам дека ако недај боже се најдав во таква ситуација ќе изгубам рамнотежа само од стравот да не паднам
 
Немам страв од височина.Обожавам да седам на места на кои некои не би ни помислиле да се приближат таму.Но,скоро секогаш од оние кои што биле со мене знеле да реагираат бурно и да ме предупредуваат за евентуалните нешта кои можат да се случат.На моето прашање "зошто се плашиш?" обично и незнаеле,но имало одговори како на пр.
"ми е страв да не ме примами височината да скокнам" ,
"па...незнам моите родители се плашат..па...можеби тие се виновниците кои ми го пренеле стравот" и т.н.
Овие два одговори мислам дека се вистинската причина.
 
јас не се плашам од височини, но нозете самите ми се укочуваат и не можам да мрдам и морам назад, за да не гледам на доле.
 
Никако не поднесувам височина, страв во коски имам.. а од каде тој страв, незнам.
 
Како инспирација да ја отворам темава ми беше еден филм од Хичкок. Се работи за еден човек кој ќе успее да се спаси т.е. да не падне од покривот на една зграда (причините како и зошто се нашол таму ќе ги изоставиме). Поентата е дека од тогаш натаму чувствува страв од височини, се додека повторно не се соочи со стравот. Од овој пример јасно се гледа зошто човекот почнал да се плаши од височини. Но мене ме интересираат причините односно зошто некој би се плашел од височини ако нема такво лошо искуство.Тоа е сепак проблем кој ја опфаќа психата. Сакам да слушнам ваши размислувања на оваа тема.

stravot od visocina go nema sekoj covek na primer indijancite nemaat nikakov problem so visocinata i mozat bez problem da se dvizat na golemi visocini
 
stravot od visocina go nema sekoj covek na primer indijancite nemaat nikakov problem so visocinata i mozat bez problem da se dvizat na golemi visocini
Извини ама тоа е индивидуално, не може да се однесува за цела нација за да можеш така да кажеш.
 
Неам поим од шо ми се има појавено стравот од височини. Ама одамна го имам...И ме нервира...:toe:
 
Јас иам забележано дека скоро сите постари луѓ се плашат од височина, или пак бурно реагираат ако некој малку се најде во ситуаија да погледно или да застане блиску д провалија. Соред мене тое е зошто тие не се навикнатие на тоа, или некој им го труел мозокот ке паднеш и тоа и тоа ке ти се случи. И така се раѓа фобијатата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom