Од каде добивате инспирација за вашите идеи?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
За многу конкретни работи да ги оствариме имаме своја инспирација.
Од неа добиваме поттик за да ги оствариме идеите во животот.

Што е ваша инспирација?
Што ве поттикнува за успех?
Семејството? Љубовта? Целта да сте најдобри? Имате некоја муза, некој идол? Некоја посебна ваша карактеристика?
Или ...
 
јас сум дефинитивно предводена само од алчноста за поголем успех. и секако потребата да се реши проблем/потреба
 
Никогаш не сум размислувала на оваа тема од каде добивам инспирација за некоја конкретна работа. Сега се замислив. Ваљда за секоја работа е различно. На пример, за да постигнам успех на факултет добивам инспирација од тоа што сакам да научам нешто, да бидам уште подобра од претходно, да постигнам добри резултати, моите дома да се гордеат со мене. Во врска со љубовта, инспирацијата ја добивам од самата љубов која ја чувствувам за некој, како и од љубовта која ми е возвратена.

Не ми работи мозокот во 4 и кусур сабајле, ваљда добро сум ја сфатила темата :icon_lol:
Утре ќе се надополнам ако треба.:smir:
 
Две главни инспирации..кеш и секс.
 
Немам ништо конкретно што ми служи како инспирација.
Се здобивам со инспирација у одреден момент,што би можело да биде поттикнато од случка,од личност,од предмет,од песна,од филм,од најбанални до најкомплицирани нешта.
И секако,различно за секое поле.За некои работи потребна е инспирација,за некои воопшто не.Не може уметник да работи без инспирација,но не може и на доктор да му биде неопходна истата.
На пример,за да нацртам нешто ми треба инспирација,не можам само да седнам и да цртам,зошто немам никаков правец у цртањето и цртежот би ми бил глупости,додека пак за учење за у школо и не ми е ни потребна инспирација,зошто си имам постојан мотив дека сакам да бидам успешна во животот,се учам од некои лоши примери,сакам да си остварам еден од моите животни сонови и тоа ми е доволно за едно успешно учење.
 
Главната инспирација за тие идеи е борбата за подобар живот:)
 
^ :)
Инспирација и идеи воглавно ми идет додека мирно и спокојно си седам на тоалет даската за време на вршење голема нужда, доста инспиративни и просперитетни идеи сум реализирал. Али во последно некако не ми ојт, мојт зато шо само суво сум јаден, али убеден сум дек ќе се опрајт работава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom