Од денес, нов лист во мојов живот!

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Пишете колку пати сте го завртиле листот, и колку страници се содржи вашата енциклопедија?
Мене ова често ми се случува:)
Еве денес, завртив нов лист и многу се чувствувам подобро:)
 
мене уште ми трае првиот лист. како тоа вртите нови листови? образложете -))
 
само еднаш ми се случи и жестоко и силно ја завртив таа страница, од тогаш ми е подобро... мислам дека е време за нова!
 
мене уште ми трае првиот лист. како тоа вртите нови листови? образложете -))

Момент на освестување, трескање на главата од зид!
Што правам јас...
Треба да сум срќен/на!
Мислам дека треба тоа да го сменам кај мене...
Повеќе не се нервирам!
Тој не заслужува мое внимание...
Од утре не пушам!
Итн итн
 
Си ветив дека годинава ќе свртам нова страница, затоа што старата, од минатата година би сакал да ја скинам и да ја фрлам едноставно. Иако најчесто не е така лесно како што изгледа, со помош од правите пријатели и луѓето на кои им значиш можеш да ја свртиш страницата.
 
Ехе многу пати имам свртено нов лист ама некоја промаја ми дуват во глава и секогаш го враќат стариот лист и пак по старо
Не пушам .... не прам ова не прам она ама џабе
 
Порано си терав цело време едно исто..Но овој последен период,вртам нов лист или повеќе страни... Од многу работи што порано ги правев сега се откажувам...
 
Вртам нов лист, но старите остануваат... го вртам само за да продолжи да се испишува мојата приказна- мојот живот.
 
~*~

Пишете колку пати сте го завртиле листот, и колку страници се содржи вашата енциклопедија?
Мене ова често ми се случува:)
Еве денес, завртив нов лист и многу се чувствувам подобро:)

Најнормална работа на светот ми е да свртам нова страница, старата веќе сум ја испишала.
Делумно ми успева затоа што обожавам промени, аналогно на тоа сакам да вртам нови страници.
Обично тоа го правам на датуми кои ми се битни, поточно, секоја година на 26 мај!
:plet:
 
Безброј пати! И џабе! Секогаш си почнував пак по старото! Мислам сега е крајно време да се потрудам успешно да го постигнам тоа што сум го напишала на новата страница! И тоа сега како почеток на новата година... Морам бе морам!!
 
Ја изгледа дека на компјутер запишувам, немам страници, и коа ќе решам нов фајл да отворам, отварам! Ама после некое време наеднаш ќе снема струја без да приметам, и така фајловите ми се бришат и искача дека све ист документ пишувам. И затоа секогаш кога ќе решам да свртам страница не ми успева.

Некогаш дури и заборавам каде сум го снимил последниот фајл, или заборавам дека сум отворил нов, па си пишувам во стариот.

:tapp: Вртење нов лист е за луѓе, не за бескичмењаци као мене! Благодарам на вниманието... :salut:
 
Момент на освестување, трескање на главата од зид!
Што правам јас...
Треба да сум срќен/на!
Мислам дека треба тоа да го сменам кај мене...
Повеќе не се нервирам!
Тој не заслужува мое внимание...
Од утре не пушам!
Итн итн
нц, нишо. океј ми е сеа за сеа, сум немал потреба да сменам страница. сакам како што е сега.
 
Chapter Four ми е пишано, пошто на денот коа го сменив титлот, свртив нов лист, и ми беше 4ти пат да го правам тоа.

Конечно го погодив. :)
 
НЕ многу.... Можеби десетина страни (5 листа) имам свртено севкупно досега. Слабо “пишувам’’ :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom