CafeLatte
Sieger
- Член од
- 23 октомври 2007
- Мислења
- 60
- Поени од реакции
- 2
Откриена мрежа за склучување фиктивни бракови во САД
Красимир Симеонов е осуден на 15-месечен затвор бидејќи раководел со разработена мрежа за склучување фиктивни бракови, во која покрај него биле вмешани уште 28 лица
Еден Бугарин е осуден на 15-месечен затвор во САД поради негова вмешаност во склучување фиктивни бракови меѓу американски и бугарски граѓани, за да можат Бугарите да бараат постојан престој во Америка. Триесет и деветгодишниот Красимир Симеонов е осуден од Федералниот окружен суд во Јужна Каролина поради тоа што раководел со разработена мрежа за склучување фиктивни бракови, во која покрај него биле вмешани уште 28 лица. Досега 26 од нив ја признале вмешаноста во мрежата, а досега се откриени 13 фиктивни бракови. Во истрагата со шифрирано име "Вистински лаги" е откриена десетгодишна шема за брачни измами, во која биле вклучени Бугари, кои живееле во неколку американски држави. Федералните власти тврдат дека Симеонов и неговата партнерка Маријана Симеонов и самите склучиле фиктивни бракови пред да започнат да договараат бракови за други лица. Тие пред судот изјавиле дека за секој договорен фиктивен брак добивале од 3.000 до 8.000 долари и дека им плаќале и на други лица да врбуваат американски државјани да склучуваат фиктивни бракови.
До каде стигнаа бугариве.. алал нека им е ...
:pos2:

за 5000 евра или марки тогашни не сум сигурен.