Bratot
Стоик и Машкртник!

Пред крај на јуни 1943 година, во Македонија се појави првата збирка, „Македонски народно-ослободителни песни“ редактирана од Коста Рацин, непосредно пред неговата смрт. Збирката, која што содржеше дваесет песни пеани од партизаните и народот во оние денои кога народното востание сè повеке се разгоруеше, беше печатена во примитивната партизанска печатница „Гоце Делчев“ во Лопушник (Кичевско). Тиражот беше многу скромен - неколку стотини примерци - од простите причини што не се располагаше сo многу хартија и што „капацитетот“ на дрвената печатница не позволуеше повеќе. Тоа беше прв обид да се соберат во една печатена збирка оние песни сo кои што умираа нашите борци, песни во кои што се викаше нашето село, нашиот град на решителна „борба за народна Слобода":
„Ајдете браќа,
cите содружно,
да ги скршиме
ропските синџири
Сите содружно
в бој да тргнеме,
в бој за слободна
Македонија!
Доста е ропство,
доста тиранство,
доста трпевме
клети фашисти!“
Оној народ, кој што така непосредно и сo изострено чувство го воспевал својот живот, зулумите на турскиот поробуач, борбата и Гоце Делчев; љубовта i разделбата, - не можеше да ги остави во себе да вријат впечатоците од великите денои на народно-ослободителната војна. Тој мораше да ги излее низ стихови и мелодија, и да ја разнесе пo целата земја славата на неговите партизани кои што „го дочуваа црвено знаме!“
He еднаш непријателот вршеше офанзиви за да го скрши отпорот нa народот и да ја уништи неговата војска. Тоа беа офанзиви над народната војска, над жени и деца, над старци, над куќи и кошари, над добиток, офанзиви над момински и невестински ковчези. 3аедно сo војската која што отстапуеше од селата во планините бранејќи ја секоја попалена куќа и плевна - се точеа колони од испиени, нo непокорни лица. „Ако ни е војската жива и ниe ќе сме живи".
После тие офанзиви, одново се креваа куќи над пепелиштата. Народниот певец пееше нови песни за туку што изминатите настани:
„Силна ми војска идеше,
тоа е војска ненаша,
тоа е војска германска,
германската и фашиска.
Одма ми в село влегоа,
фатија куќи да пленват,
фатија амбари да црпат,
фатија овци да колат.
Tиe ми беа Германци.
Кога балисти дојдоа,
фатија визби да барат,
визбите ми и најдоа,
и во визбите ковчези,
ковчези од неестите,
ковчези од девојките.."
Тој нечуен терор на окупаторот уште повеќе ја разгоруеше народната омраза кон оние што ни ја грабнаа Татковината:
Скапо ќе ние платиме
сo нивни пчошки животи!"
„Ми нападна Првата бригада,
нападнаа славни Косовари,
зачекаа сељани Локвени,
истепаа Германци, балисти."
Нежно, мајчински топло, народниот певец пee за Косоварката Милева падната вo борбите за Македонија:
„Ај Милево другарице,
те ранија на Распаќе,
Од Распаќе до болница
патот крви се полеа.
Кај Милева ми врвеше,
орман ми ce одзиваше.`
Лулела е мајка
прво - свое чедо,
тихо го лулела,
солзи си ронела,
таги си тажила,
песна мy пејала:
„Ти не знаеш, сине,
прво мое чедо,
на нива родено,
три дни недоено -
во Македонија
нема слободија,
младежта гнилее
во темни зандани.
Кога татко ти го,
сине, обесија,
на мене ми рече:
- Ленко, сина да ми чуваш,
да ми го лулееш, 1
да ми гo порастеш,
пушка да мy купиш.
Ленко, пушка да мy купиш,
јунак да ми биде,
јуначки да умре
за Македонија."
Cоветска Русија
и Македонија!
Советска Русија
голема држава
и она ми брои
двесте милиони.
Таму нема веке
гол и бос да одеш,
многу да работеш –
пак за леб да трпеш.
Таму нема веке
гадове буржуи,
и клети шпиуни.
Советска Русија
и Македонија!
Штип 17
А бре Македонче,
каде се спремаш?
Борба те чека,
борба за слобода.
Момци накитени,
моми наредени,
в борба ми влагат,
борба за слобода.
Нека разберат
крвави фашисти:
македонско име
нема да загине!
Ајдете, браќа,
cuтe содружно
да ги скршиме
ропските пранги.
Сите содружно
бој да тргнеме,
в бој за слободна
Македонија.
Доста е ропсто,
доста тиранство,
доста трпевме
клети фашисти.
Пушка на рамо
нож во раката –
кaj партизани
право в гората.
Таму се вee
крваво знаме,
на знаме пише:
Смрт на фашисти.
Смрт на фашизмот-
слобода на народот,
слобода за нашта
Македонија.
Aj што ми e мило и драго
млада партизанка да станам,
на Пелистерска планина,
на Лавчанската корија,
кај дванајсетте кладенци.
Таму си клетва зедовме
со фашисти да се биеме,
слобода да добиеме
за ваша Македонија!
Давај ме, ила мамо, давај ме
за што ме срце, мамо, тргнало:
млада партизанка да станам,
Козјак планина да идам,
Карпуш војвода да видам.
Пушкоитролезот да носам,
клети фашисти да косам.
Не плачи, Малино моме, не жалај,
утре ке одам партизан,
на Караорман славен планина.
Ајде, Малино, ќ' одиме
на Караорман планина,;;
таму е нашта дружина.
Ја слези, Малино моме, подолу,
еј на подолното кладенче,
набери китка босилек,
подај ми да помирисам.
Ајде, Малино, к' одиме
на Караорман планина,
таму е нашта дружина.
Спевал Блаже Грујовски с. Лазарополе
Излегов да се рашетам
из таја Бистра планина,
там најдов мојте браќа и сестри,
сите сo пушки и бомби.
Нифна парола им беше:
„Смрт на фашизмот" - викаа –
„Слобода на народите!"
Спевал Блаже Грујовски с. Лазарополе
„Кажи, Анѓо мори, кажи, душо,
каде ти е твојто момче?"
„Мојто момче, Џемо море, не е дома,
мојто момче на туѓина,
на туѓина, на печалба."
„Не ме лажи, Анѓо, не мe мами,
само Џемо не се лажи.
Јас го видов твојто момче,
на средсело кај чешмата,
кај чешмата сo дружина,
сo дружина партизани.
Тој им беше, Анѓо мори, командирот,
говор држи бунт да прават."
„Ајде ке те прашам, бре Донке, Донке
Вардалике,
ајде дали тече, бре Донке, Вардар
матна вода?"
Ајде тече, тече, бре брате, бели пењи
фрла,
ајде и довлече, бре брате, до два ми
јунака.
Ајде првиот е, бре брате, јунак Мирче
Ацев,
ајде вториот е, бре брате, јунак
Страшо Пинџур."
„Ајде ќе те прашам, бре Донке,
Донке Вардалике,
ајде каде тие, бре Донке, двата загинале?"
„Ајде тие в зандан, бре брате, в Скопје
загинале,
ајде тие млади, бре брате, животта
си дале,
ајде за нашата, бре брате, мила татковина"
Вардалике,
ајде дали тече, бре Донке, Вардар
матна вода?"
Ајде тече, тече, бре брате, бели пењи
фрла,
ајде и довлече, бре брате, до два ми
јунака.
Ајде првиот е, бре брате, јунак Мирче
Ацев,
ајде вториот е, бре брате, јунак
Страшо Пинџур."
„Ајде ќе те прашам, бре Донке,
Донке Вардалике,
ајде каде тие, бре Донке, двата загинале?"
„Ајде тие в зандан, бре брате, в Скопје
загинале,
ајде тие млади, бре брате, животта
си дале,
ајде за нашата, бре брате, мила татковина"