Fantom
Chikara
- Член од
- 4 јуни 2006
- Мислења
- 11.453
- Поени од реакции
- 812
Наставниците утре ќе штрајкуваат, но во кои основни училишта воопшто нема да се одржува настава се уште не се знае.
Во СОНК велат дека информациите кои стигнале до нив, за тоа во кои училишта денеска е исплатена октомвриската плата биле различни, затоа дури утре ќе се знае кои училишта ќе ја прекинат во целост наставата.
„Револтот наш и законското право е заради неисплата на платите на вработените, платите треба да бидат исплатени на вработените, а не целата процедура, која навистина е предолга и затоа треба да разговараме, дали е завршено од едно министерство до друго, или од трезорот до деловната банка“, изјави Дојчин Цветановски, претседател на СОНК.
Министерот за образование Рушити го поддржува штрајкот на наставниците, но и тој не знае во кои училишта денеска се уште не е исплатена октомвриската плата, иако веќе сите општини ја испратиле целокупната документација и Министерството во целост ја обработило.
„Има само една можност, ако општините во трезорот не го доставуваат планот за реализација, можно е да не се извршува исплатата“, вели Сулејман Рушити, министер за образование.
Штрајкот на училиштата во 42-те општини кои влегоа во втората фаза на децентрализацијата ќе трае се додека не сите наставници не ја добијат октомвриската плата.
Училиштата нема да одржуваат настава, а во градинките само ќе се згрижуваат децата. Во оние училишта на кои им е исплатен личниот доход за минатиот месец, во знак на солидарност ќе имаат скратени часови.
од www.a1.com.mk
Ме чуди потегов, минатиот месец зедоа на 31ви плата, па им беше арно, а сега до 15ти не добија и ајмо сви на боза.
Министеров, ако гледавте вести, меѓу редови им го поддржи штрајкот, префрлајќи ја вината на општините. (Колку што знам, повеќето од училиштата се под државно, а не под локално ниво). Сам себе го убијал.