Од 16 ноември, просветарите повторно на штрајк

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Наставниците утре ќе штрајкуваат, но во кои основни училишта воопшто нема да се одржува настава се уште не се знае.

Во СОНК велат дека информациите кои стигнале до нив, за тоа во кои училишта денеска е исплатена октомвриската плата биле различни, затоа дури утре ќе се знае кои училишта ќе ја прекинат во целост наставата.

„Револтот наш и законското право е заради неисплата на платите на вработените, платите треба да бидат исплатени на вработените, а не целата процедура, која навистина е предолга и затоа треба да разговараме, дали е завршено од едно министерство до друго, или од трезорот до деловната банка“, изјави Дојчин Цветановски, претседател на СОНК.

Министерот за образование Рушити го поддржува штрајкот на наставниците, но и тој не знае во кои училишта денеска се уште не е исплатена октомвриската плата, иако веќе сите општини ја испратиле целокупната документација и Министерството во целост ја обработило.

„Има само една можност, ако општините во трезорот не го доставуваат планот за реализација, можно е да не се извршува исплатата“, вели Сулејман Рушити, министер за образование.

Штрајкот на училиштата во 42-те општини кои влегоа во втората фаза на децентрализацијата ќе трае се додека не сите наставници не ја добијат октомвриската плата.

Училиштата нема да одржуваат настава, а во градинките само ќе се згрижуваат децата. Во оние училишта на кои им е исплатен личниот доход за минатиот месец, во знак на солидарност ќе имаат скратени часови.

од www.a1.com.mk


Ме чуди потегов, минатиот месец зедоа на 31ви плата, па им беше арно, а сега до 15ти не добија и ајмо сви на боза.

Министеров, ако гледавте вести, меѓу редови им го поддржи штрајкот, префрлајќи ја вината на општините. (Колку што знам, повеќето од училиштата се под државно, а не под локално ниво). Сам себе го убијал.
 
Фантом, една исправка.
Сите училишта, и средните и основните се под надлежност на општините.
Со втората фаза од децентрализацијата, од минатиот месец, општините се грижат и ги исплаќаат и платите.
Мислам дека бељата настана поради тој трансфер на системот од централно на локално ниво.
Знаете...македонска работа, некоординираност, префрлање на вината...
 
клошари
они нас не не` ебаваа кога штрајкувааме
се па на нив малку им е а претргнаа се од работа
 
Фантом, една исправка.
Сите училишта, и средните и основните се под надлежност на општините.
Со втората фаза од децентрализацијата, од минатиот месец, општините се грижат и ги исплаќаат и платите.
Мислам дека бељата настана поради тој трансфер на системот од централно на локално ниво.
Знаете...македонска работа, некоординираност, префрлање на вината...
Средните се водат сега како градски а порано беа како државни.
 
Фантом, една исправка.
Сите училишта, и средните и основните се под надлежност на општините.
Со втората фаза од децентрализацијата, од минатиот месец, општините се грижат и ги исплаќаат и платите.
Мислам дека бељата настана поради тој трансфер на системот од централно на локално ниво.
Знаете...македонска работа, некоординираност, префрлање на вината...

Гимназијата во Охрид и Григор Прличев се под државно, гарантирам.

Иначе знаев дека сега требаше да се префрлаат, ама не знаев дека се десило веќе.
 
Ако Охрид не влегол во втората фаза на децентрализацијата во која се 42 општини, тогаш сеуште се под државна финансиска капа.
 
Колку се јаки синдикативе кога се работи за државни службеници, а во приватниот сектор не смеат да припарат, зар не се свесни дека тие луѓе ги обезбедуваат нивните плати.
 
Претеруваат!
Штрајкувале и тие што земале плата заради солидаризација со останатите... :killer:

Во државава има вработени што не зеле плата по 4-5 месеци, а ним ако 2 дена задоцнат да им ја достават веднаш на штрајкови се креваат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom