Обложувалници - спонзори на клубови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Локација
Охрид
Веб-сајт
kladilnica.forumup.com
Дали некој знае на кои клубови им е спонзор кладилницата Bwin???
1.Милан
2.Реал М
3.
4.
.
.
.
 
Незнам дали заслужува тема, али еве ке ти одговорам.
Bwin е спонзор на скоро сите тимови(големи) како и на цела португалска лига. на Милан и Реал е "генерален" спонзор, исто така спонзор е на Барса и на мн други тимови.
 
Традиционално Барселона им е партнер на bwin многу години наназад.

Во Италија, соработка одржува bwin со Јувентус.

Португалската лига се вика bwinLIGA од 2005/06.

Slovan Liberec
неколку години наназад го носеше логото bwin на нивните дресови.
2max008202038pihqi5.jpg

Последно Милан е еден од тимовите кои ги спонзорира bwin.

maldibwinmx4.jpg

Исто од Јуни 2007 bwin е спонзор и на Реал Мадрид

camisetarealmadridbwinwr2.jpg

Словенечката Драва исто го носи bwin на дресот како нивни главен спонзор.

dravamaribor20070415mv1rs0.jpg

Сега е прашањето... колку bwin (општо мислам на обложувалниците) треба да се спонзори на клубови, на лиги и слично...

За таа цел Германија има забрането РЕКЛАМИРАЊЕ на било која обложувалница на стадион (вклучувајќи ги и дресовите на тимовите). Знам дека Милан имаше некои казни (парични) поради што ги носеја во Германија дресовите со спонзорот.
 
Абе јас мислам дека кладилниците немаат што да бараат во фудбалот. Сега знаеме дека цел свет се обложува на фудбалски утакмици, ама кога се работи и за спонзорство мислам дека нема шо да бараат тука кладилниците.
 
Јас не знам како е можно една кладилница да биде спонзор на спортски клуб.Ама колку добро оди соработката се гледа според примерот на Милан.Па еден европски шампион губи од третокласни екипи.
 
Обложувалниците не би требал да бидат спонзори на клубови. Нека си работат, ама за спонзорство, не. Во Попртугалија, видете го само купот, Бенфика едвај нерешено изигра, Спортинг и Порто мислам испаднаа, и тоа од екипи од пониски рангови, а спонзор е Bwin. И да нема ништо местено, се остава простор во јавноста да се мисли дека е се однапред наредено.
 
Прво: се губи убавината на фудбалот. Самиот впечаток дека се е наместено, ја убива желбата да се ужива во најважната споредна работа.

Второ: Најчесто за ова - се против навивачите на клубовите кои се спонзорирани. Пример Реал: ако 50% од типувачите на играта „Кој ќе биде шампион во Шпанија?“ го одберат Реал, bwin ќе има загуба од неколку десетици милиони евра. Значи попрво bwin би им дале толку пари на Реал како спонзори, но да не ја освојат титулата. Еден куп комбинации, и секогаш гледаат на една работа: и тие да се во плус и Реал да е во плус, но на сметка на кого? На оние кои типувале дека Реал ќе биде шампион на Шпанија.

Многу комбинации, а губат само љубителите на фудбалот.
 
Се сложувам со Димитар..
Како можи кладилницата да не спонзор на клуб и да не заработи пари на тоа.. И после зошто има толку местење.. :jaj:
 
lagaliziran kriminal vo futbalot!!! nisto poveke... i da se soglasuvam deka od toa najmnogu gubat ljubitelite na futbalot
 
Севиља исто имаa toa 888.com и како што знам Кануте се противел да го носи дресот оти неговата вера била остро против комарот.
Иначе да лоша слика дава тоа спонзорорање на клубови ама тоа е професионален фудбал во 21 век и впрочем ако сака некој да мести ке мести и бурекџилница на дрес на има
 
Да но разликата е тоа што ако има спонзор кладилница е зависен од неа.. и и да не сака ќе мести.. Тука се во прашање големи пари..
 
Исто се сложувам со Димитар. Да додадам нешто, пред некоја година негде го прочитав ( во весник ил на интернет ) ова: Нели скоро секоја од познативе клубови имаат свои кладилници, па така и Интер има кладилница. И, на газдата му текнало нешто.... Во кладилницата биле уплатени дупло пари за Интер да победи, одошто клубот ќе земе ако победат тие на натпреварот, па ја наместиле утакмицата Интер да изгуби, па си зеле пари дупло од што требало ( не кажувам сума бидејќи незнам точно колку беше ). И, после ќе нема местење. :)
 
Која кладилница? Прв пат слушам за ова....
http://inter.it/aas/sponsor/home?L=en
 
Исто се сложувам со Димитар. Да додадам нешто, пред некоја година негде го прочитав ( во весник ил на интернет ) ова: Нели скоро секоја од познативе клубови имаат свои кладилници, па така и Интер има кладилница. И, на газдата му текнало нешто.... Во кладилницата биле уплатени дупло пари за Интер да победи, одошто клубот ќе земе ако победат тие на натпреварот, па ја наместиле утакмицата Интер да изгуби, па си зеле пари дупло од што требало ( не кажувам сума бидејќи незнам точно колку беше ). И, после ќе нема местење. :)
И на крај стигна ловецот и ја спаси црвенкапа.. :tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom