Облека и хигиена

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.309
Поени од реакции
5.928
Досега ваква тема немало па мислам дека е во ред да ја има, гледав дека за хигиена општо има, но конкретно за облека и хигиена нема.

Буквално се што опфаќа поврзаност со облека и хигиена, ке напишам неколку точки како за почеток на разговор и мислења, но незначи дека само за нив треба да се пишува цело време слободно отворајте и ваши точки за разговор.



Давање капа или обувки на друг може да донесе до сериозни проблеми поради микроорганизмите.

Колку редовно треба да се менува основната облека (гаќи, маичка, чорапи, градник.)

Како против молците и останатите паразити кои ја уништуваат облеката.

Со што и како да се чистат обувките и како против непријатната миризба.

Проблеми од типот плускавци и инфекции на ноктите како резултат на несоодветни обувки.

Алиштата и нивната поделеност во секојдневието. Дали треба да имаме повеке пара на алишта и колку тоа треба да се ? пр. (Алишта за во домот, алишта за надвор од домот, алишта за спиење, алишта за работа во дворот.)



Значи ова не се прашања што ме интересираат него теми за разговор од лично искуство и перцепција на нас форумџиите за да си имаме црно на бело што е што. Ова за колку редовно да се менува облеката и поделеноста малце звучи како за прво одделение ама вреди да го имаме пошто верувајте луѓе има народија што низ цел живот ги нема стекнато основниве нормални норми за хигиена околу алиштата. Кај постарите што и за нив не е оправдување се може човек да се изнагледа ама жалосно е што има деца што никој не им го пренел основното а имаат услови за хигиена.
 
Тема во која треба, а и ќе има добри дискусии, и под темата поврзана со дреите-хигиената.
Некој и можеби знаат како треба но немаат услови за тоа да го исполнат.
Ете знам лица што легнуваат со истата облека со која биле цел ден.
Интересно ќе биде за долен веш а одговор може да биде само еден и тоа е:
Секојдневно- е сега е прашање,промената дали да биде наутро или навечер пред легнување.
-----------
Во едно сме сите сложни,колку и да се нема за на свадба,мора да е нешто ново и сефте.
(ова важи за женскиот пол, кај мажите може само пегла да помине на кошулата од орман)
 
Облеката и нејзината хигиена, како и личната хигиена се нешто основно кое го стекнуваме/дознаваме од нашите родители, а подоцна тоа го перцепираме од околината/општеството колку е добро, т.е. дали е во ред или дали претеруваме во хигиената или нехигиената.

На прашањата кои погоре си ги ставил јас вака би ти ги одговорил, затоа што така правам, а и размислувам........


Давање капа или обувки на друг може да донесе до сериозни проблеми поради микроорганизмите. - Јас лично обувките и капата не ги споделувам со другите. Капата не ја давам на друг, затоа што со луѓето со кои сум во контакт секогаш имаат капа и не бараат, а и да ја дадам, ако знам дека тој човек има немиена коса, првут или вошки, нормално дека ќе ја ставам на перење. Што се однесува до кондурите/обувките не ги давам друг да ги носи, од проста причина што можеби има габична инфекција или нешто друго, и плус ги гледам како нешто лично................, но во денешно време и од што се ептен квалитетни кондурите ти можеш да фатиш некоја габа/иритација. А и до микроорганизмите можеш да стигнеш на ваков или на таков начин, колку и да се штитиш.

Колку редовно треба да се менува основната облека (гаќи, маичка, чорапи, градник). - Јас за ова незнам дали воопшто треба да има некое правило. За мене ова е еден вид потреба и човек сам треба да си знае дали треба да ја смени долната облека или не. Јас лично гаќи менувам секој ден, маица еднаш до два пати во неделата, а чорапи после секое носење на патики/кондури, од проста причина што ногата ми се поти. За градник/прслук, незнам, тоа женските ќе ти кажат:D

И да, нажалост постојат луѓе кои менуваат гаќи еднаш во неделата, а подоцна тие гаќи ни вода од 1000*С неможе да ги испере:D

Како против молците и останатите паразити кои ја уништуваат облеката. - Јас никогаш не сум видел во мојот дом во шкафовите/регалите/плакарите да има молци, а тоа е можеби така затоа што како традиција е да се става по некое парченце нафтелин, башка нафтелинот многу убаво ми мириса:D Но во денешно време има секакви понеопасни сретства од лаванда или нешто друго, кои штитат од молци. А и цвеќе лаванда да се стави во плакар, штити.

Со што и како да се чистат обувките и како против непријатната миризба. - За ова знам само дека се користи сода бикарбона за да не мирисаат лошо.

Проблеми од типот плускавци и инфекции на ноктите како резултат на несоодветни обувки. - Квалитетна обувка изработена од квалитетни материјали која ќе одговара на формата на стапалото (читај нема да го притиска) никогаш не би требала да предизвика нешто вакво, секако ако е во комбинација со добра хигена на стапалата.

Алиштата и нивната поделеност во секојдневието. Дали треба да имаме повеке пара на алишта и колку тоа треба да се? - Нормално е дека треба да се има облека за по дома, облека за на работа и облека за спиење/пижами. Никогаш не ги сфатив луѓето кои спијат со истите алишта со кои и излегуваат надвор. Кај е нехигиенски, па и се и сешто можеш да си донесеш во креветот каде што спиеш.


Има и еден куп други работи околу оваа тема, но подоцна ќе ги споделам:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom