Објавени првите рендери од нов луксузен Citroen

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.430
Поени од реакции
35.148
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Citroen објави првични рендери од предниот дел и од силуетата на новиот автомобил што ќе излезе од нивните погони. Претпоставките се дека тоа е сериската верзија на концептот Metropolis и дека атрактивната лимузина ќе ја носи ознаката DS9.



Според сликите може да се заклучи дека станува збор за луксузен хечбек или за караван автомобил со големо меѓуоскино растојание. Предната маска и неговите димензии асоцираат на сериска верзија на концептот Metropolis што Citroen го претстави во Шангај во април 2010 година.

Metropolis e замислен како хибриден автомобил опремен со 2.0 литарски V6 бензински мотор со 272 коњски сили и електричен мотор што развива од 55 до 95 коњски сили. На мали брзини, возилото би требало да го користи само електричниот мотор, а во сите останати ситуации го користи бензинскиот агрегат.


Во ситуациите во кои е потребно да се искористи максимумот на автомобилот, би биле активни двата погонски агрегати.

Компанијата уште во октомври 2010 година потврди дека дава зелено светло за сериската верзија на луксузниот концепт, а наскоро ќе дознаеме дали овие рендери се најава за DS9. Автомобилскиот саем во Париз во септември би можел да биде дестинацијата на која ќе биде промовиран атрактивниот модел.

виа Кајгана
 
Mислам дека рендерот т.е. прототипот е од поодамна објавен,али под името Metropolis..

citroen-metropolis-35.jpg


како и да е ова би било замена за досегашниот модел C6 најверојатно..ако ги задржи сегашниве линии и контура и во сериско производнство,овој модел би бил вистински ѕвер и сериозна конкуренција за некои модели на БМВ,Мерцедес,Лексус,Ауди...
 

АААААААААААААААА....немам зборови......и БМВ и Мерцедес,прават преубави автомобили.....но сепак секој модел е сличен на претходниот....додека овде кај Цитроен веќе гледаме сосем друг концепт.

Овака како што е на сликава,мислам дека моделов не би застарел ни по 20год.
 
Туф фантазија, малце ми личи на астон мартин али нема везе преубав е :vozbud:
 
Тешко дека ваков ќе излезе во серија
 
А на ејсид не му викате зашто отвара нова тема за новитети а :D

п.с. преубав дизајн ама тешко дека ќе биде баш ваков
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom