Обичаи

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.625
Поени од реакции
9.156
Возраст
39
Македонија е земја со волшебна убавина, богата историја и традиција. Македонскиот народ има многу обичаи. Од регион до регион се разликуваат обичаите врзани за венчавки, крштевања, слави, празници.Сите овие обичаи имаат корени од минатото, но со тек на време претрпеле измени.
За кои обичаи сте слушнале, кои ги применувате, а кои ги избегнувате? Дали знаете како настанале?
 
Кршење леб (погача)

Обичајот на кршењето или сечењето леб (погача) од страна на младоженецот за време на свадбените веселби апсолутно го има во сите краеви на Македонија. Дури и денес, речиси нема македонска свадба (во која учесниците барем малку држат до традицијата) на која не се прави овој обичај. Меѓутоа, малку е познато дека овој обичај претставува чист античко-македонски обичај.

Добриот познавач на животот и делото на Александар Македонски, германскиот историчар Урлих Вилкен, во своето дело "Александар Македонски", опишувајќи ја свадбата на Александар и Роксана, пишува:

"Александар и Роксана јадеа од еден сомун леб што тој го пресече на два дела со својата сабја, што бездруго беше стихиен додаток на Александар во ритуалот, а тоа токму нему му прилегаше. "

Значи, суштината на овој обичај е кршењето, т.е. сечењето на погачата (лебот) за време на свадбениот ритуал. Симболиката на овој обичај тешко дека може да биде протолкувана, но факт е дека станува збор за автохтон античко-македонски обичај. Иако рековме дека овој обичај се применува до денес меѓу Македонците, нема да го одбегнеме неговото одбележување и од страна на запишувачите на народни умотворби од 19.век.

Значи, во ова село во 19. век се задржал потполно истиот обичај, кога младоженецот е тој што го сече лебот (кравајот, сомунот).

Општ заклучок е фактот дека античко-македонскиот обичај за сечење (кршење) леб (погача) за време на свадбената церемонија, целосно или делумно, од древните времиња на антиката, останал до денес меѓу Македонците.
 
Онај за кукавицата опасен обичај е, уствари не е само обичај туку и суеверен обичај e. Ако ја слушнеш кукавицата рано наутри и ништо во желудник да немаш ни вода ни храна еба си мамата те отепа несреќа некоја голема, и досадни се луѓето во врска со тоа.
Инаку кукавицата не кукала пред ден Благовец напролет, ама во песната за Гоце Делчев три дена пред празник се раскукала можи го препознавате текстот: Закукала кукавица три дни пред Благоец.....
Еве ја кукавицата за тие што не ја знаат:

 
обичај да се вапцаат јајца за Велигден.:smir:
 
НАРОДЕН ПАГАНСКИ ОБИЧАЈ, ЏАЛАМАРИ ОД СЕЛО БЕГНИШТЕ, КАВАДАРЕЧКО

dzolomarisredselo.jpg


Цели 400 години жителите од кавадаречкото село Бегниште, на празникот Василица изведуваат паганска игра со која ги бркаат лошите духови од домовите. Маскираните „џаламари“ прават голема врева низ селото. На 14-ти јануари рано наутро во пет часот се спремаат џаламарите, облекуваат клопотарци, ѕвонци, ќулафки, волнени бради, се црнат од фурните, бараат стапови...

Дружината се состои од 11 до 15 луѓе, само мажи, од кои една баба и две невести. Џаламарите треба да изгледат пострашно за да можат подобро да го избркаат ѓаволот, а невестите за плодност се носат. По куќите што раздаваат за адет останало дека ќе им родат нивите повеќе, деца ќе имаат повеќе, стоката да им биде здрава и жива. Домаќинките рано наутро печат баник под вршник, а џаламарите влегуваат во сите куќи каде ги даруваат со храна и пари. Така останало да се избркаат лошите работи, лошите духови, се оди од куќа на куќа, се коледува, им даваат ореви, јаболки, месо, вино, ракија...Кога ќе заврши денот Василица тоа што ќе го соберат наредната вечер се собираат во куќа и таму јадат, пијат." Традиционалните маски тешки над 30 килограми се стари повеќе од 200 години. Токму заради нивната оригиналност, василичарите од Бегниште го привлекуваат вниманието на сите карневали каде се појавуваат.

20070112132930macedonia1_mask203.jpg
 
Мислам дека има ваква тема, но сепак...
Обичаи. Дел од Македонската традиција.
Има доста интересни, но и доста глупави кои не знам зашто ги правиме, а не им го знаеме вистинското значење.
Често за време на поголемиве празници правам обичаи што сите ги прават. Некои сакам да ги правам, ко на пример идење у црква за Велигден, кршење на лебче за Бадник итн.
За свадби или погреби се обичаи што многу ги мразам и се трудам да ги избегнувам на секој можен начин.
 
Ме нервира што едно ронче земја сме, а има толку различни обичаи од град до град, од село до село, тоа чудо едно.
 
Сметам дека во Македонија за жал обичаите преминуваат во паганство.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom