Обединети Арапски Емирати

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
Локација
Скопје
О.А.Е. се составени од вкупно седум емирати: Abu Dhabi, Sharjah, Ajman, Umm Al-Quwain, Ras Al'Khamiah, Fujairah и Dubai.
Таа е арапска држава која се наоѓа во Југозападна Азија. Главен град е Абу Даби. 50% од населението се јужноазијати, а останатите се арапи, источноазијати и европејци.

За почеток од мене толку сега за сега. Ако знаете некоја занимливост или некоја информација за оваа земја, пишете. Да дознаеме уште повеќе информации за оваа богата земја.
 
мото: Господ, Таковината, Претседателот
етнички состав:
  • 16 % од Емирати
  • 23 % Арапи и Иранци
  • 60 % доселеници
Претседател: Шеик Калифа (Калифа бин Зајед Ал Нахајн)
Премиер: Мохамед бин Рашид Ал Мактум
Валута: Дирхам

600px-UAE_en-map.png
 
Извор на пари, необновлив за жал, но сигурно во иднина еден од најегзотични туристички места, не викам дека сега не е.
 
Ме интересира дали некој знае (за хотели и престој знам дека е поскапо) какви се општо цените таму, за јадење, за шетање по дискотеки/кафулиња, за шопинг итн...дали некој бил таму или некој да има да сподели информација?
 
Слушам низ Дубаи барале луѓе (главно Европејци, бели луѓе) за да им работат таму?
-Има некој слушнато за тоа?
 
Ме интересира дали некој знае (за хотели и престој знам дека е поскапо) какви се општо цените таму, за јадење, за шетање по дискотеки/кафулиња, за шопинг итн...дали некој бил таму или некој да има да сподели информација?

Цените во маркетите се слични како кај нас, додека ноќниот живот е нешто поскап. Такси услугите се малку поскапи од кај нас, но далеку поефтини од Запад. Дубаи е мека за шопинг, има преку 10 тина огромни молови само и дузина специјализирани продавници, цените се поефтини на брендираните стоки посебно ако зачекаш некој попуст кој ги има најчесто за муслиманските празници и Божиќ.
 
Слушам низ Дубаи барале луѓе (главно Европејци, бели луѓе) за да им работат таму?
-Има некој слушнато за тоа?
На наш форум слабо ќе најдеш повеќе информации за работа во Емиратите и општо за блискиот исток, најмалку од прва рака. Совет - побарај си на српски, хрватски и бугарски форуми а имаш и доста expat-форуми за луѓето(expats генерално...) кои живеат и работат таму.
 
па работев во дубаи и во абу даби.....нема само на српски и хрватски форуми,има и на нашиов форум што биле таму.
 
Јас бев прошлата Нова Година во Дубаи, цените во супермаркет се слични со нашите, таксито е исто прилично ефтино, можеш да се возиш и со метро кое е ганц ново и климатизирано. Алкохоло нема НИКАДЕ да најдеш, како и свинско.

Едино што добив впечаток дека арапите не гледаат ко втора класа луѓе. Иначе Абу Даби е попријатен за живеење.
 
Градината AL Ain се наоѓа во градот Ал Аин во Обединетите Арапски Емирати, минатата година е запишана во Гинисовата книга на рекорди со 2426 висечки кошници.

4.jpg

2.jpg

1.jpg

7.jpg

3.jpg

5.jpg

6.jpg
 
Јас бев прошлата Нова Година во Дубаи, цените во супермаркет се слични со нашите, таксито е исто прилично ефтино, можеш да се возиш и со метро кое е ганц ново и климатизирано. Алкохоло нема НИКАДЕ да најдеш, како и свинско.

Едино што добив впечаток дека арапите не гледаат ко втора класа луѓе. Иначе Абу Даби е попријатен за живеење.

Имаш на аеродром на фри шоп до две флаше жестоко може да купиш по човек или најдеш некој само да ти пренесе на прв скенер ако сакаш повише, алкохол има у секој бар или дискотека у Дубаи од 30 дирхами нагоре...
 
Дубаи е ширум светот познат како блискоисточна престолнина на расипништвото. Тој е емират во кој владеат парите и раскошот.
dubai.jpg500.jpg

Бесконечно високите облакодери кои се издигаат високо во небото, може да се мерат само со нивните огромни трговски центри и со сметките во банките на неговите жители. Познат како забавен парк за богаташи, Дубаи е место каде целата заедница на емигранти уживаат во предностите кои им ги обезбедува даночениот рај.
dibai1.jpg500.jpg

Фотографијата која ја објавил Центарот за културна соработка „Шеик Мухамед“, е снимена во текот на шеесеттите години на минатиот век и прикажуваат каква неверојатна трансформација на емират доживеа за релативно кратко време.
dubai2.jpg500.jpg

Дубаи е речиси непрепознатлив на сликите кои го прикажуваат некогашното рибарско население, непосредно откако државите од Персискиот залив ги откриле нафтените наоѓалишта.
Додека денес е познат по брзите автомобили и луксузниот живот, не многу одамна во оваа земја крстареле камили и рибарски бродови. Дубаи било мало рибарско село, кога во 1830 година било опседнато од племето „Bani Jas“ од оазата Лива.
dubai3.jpg500.jpg

Околу 1892 година странските трговците почнале да се навраќаат во Дубаи, откако емиратот прогласи дека нема да воведува даноци. Како последица на тоа, бројот на жители двојно се зголеми, а индустријата на бисери почна да цвета.
dubai4.jpg500.jpg

Сето тоа траело до 1930 година, кога рецесијата и економската криза ја погодиле индустријата на бисери, поради што ги изгубиле судирите меѓу членовите на кралското семејство и финансиските проблеми.
dubai5.jpg500.jpg

Сето тоа се променило кога на крајот на 60-тите години е откриена нафтата во Персискиот залив, со што е поттикнат економскиот развој. Извозот на сурова нафта обезбедил прилив на долари во Дубаи, а во 1973 година официјално е воведена валутата дихрам.
dubai6.jpg500.jpg

До 1980 година, годишниот приход од извозот на нафтата, бил понизок од било кога, поради што емиратот морал да пронајде друг начин да заработи пари. Од средината на осумдесетите години, се преориентирал на туризмот и е основана авио копанија „Емиратс ерлајнс“.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom