Дубаи е ширум светот познат како блискоисточна престолнина на расипништвото. Тој е емират во кој владеат парите и раскошот.
Бесконечно високите облакодери кои се издигаат високо во небото, може да се мерат само со нивните огромни трговски центри и со сметките во банките на неговите жители. Познат како забавен парк за богаташи, Дубаи е место каде целата заедница на емигранти уживаат во предностите кои им ги обезбедува даночениот рај.
Фотографијата која ја објавил Центарот за културна соработка „Шеик Мухамед“, е снимена во текот на шеесеттите години на минатиот век и прикажуваат каква неверојатна трансформација на емират доживеа за релативно кратко време.
Дубаи е речиси непрепознатлив на сликите кои го прикажуваат некогашното рибарско население, непосредно откако државите од Персискиот залив ги откриле нафтените наоѓалишта.
Додека денес е познат по брзите автомобили и луксузниот живот, не многу одамна во оваа земја крстареле камили и рибарски бродови. Дубаи било мало рибарско село, кога во 1830 година било опседнато од племето „Bani Jas“ од оазата Лива.
Околу 1892 година странските трговците почнале да се навраќаат во Дубаи, откако емиратот прогласи дека нема да воведува даноци. Како последица на тоа, бројот на жители двојно се зголеми, а индустријата на бисери почна да цвета.
Сето тоа траело до 1930 година, кога рецесијата и економската криза ја погодиле индустријата на бисери, поради што ги изгубиле судирите меѓу членовите на кралското семејство и финансиските проблеми.
Сето тоа се променило кога на крајот на 60-тите години е откриена нафтата во Персискиот залив, со што е поттикнат економскиот развој. Извозот на сурова нафта обезбедил прилив на долари во Дубаи, а во 1973 година официјално е воведена валутата дихрам.
До 1980 година, годишниот приход од извозот на нафтата, бил понизок од било кога, поради што емиратот морал да пронајде друг начин да заработи пари. Од средината на осумдесетите години, се преориентирал на туризмот и е основана авио копанија „Емиратс ерлајнс“.