Ми се има случено да се изглупирам така како тинејџерка:kesa:, и тоа во период непосредно по раскинување на подолга врска, да почнам врска на журка со некого кого го запознав таа вечер.
И згора на се, врската се развлече и траеше 5-6 месеца. Кога сега гледам наназад се срамам колку сум го повредила момчето:kesa::kesa::kesa:.
Тој ме симпатизирал подолго време (јас ниту не сум го забележувала) и многу вложуваше во врската, ја форсираше, а јас, постепено си ја согледував грешката и цело време се повлекував, па во првата празнина каде што можев да маневрирам се ослободив од него.
Никогаш не правете го ова, ја нагризува самопочитта и могу е нечесно:nenene:
(Уффффф, полесно ми е откако јавно кажав дека се срамам од оваа епизода во мојот живот и од тоа колкава кучка сум испаднала).