Ммм ... не.
Јас сум најголемиот поборник на светот за истакнување на женственоста и сексуалноста, ама нудизам, тоа ми е како носење мини здолниште во среден век.Комплетно сум задоволна од своето тело и тоа како изгледам, ама тоа не значи дека сакам да бидам гола цело време за да си го докажам тоа на сама себе или пак на некој друг.Имам проблем со тоа да се соблекувам пред било кого, не само пријателки, и уште понезгодно ми е кога некој се соблекува пред мене.
Не сакам такви чудни „моменти“ на интимност.
Единственото место каде сакам да бидам гола е во кревет со дечко ми.