Ножеви

  • Креатор на темата Креатор на темата PrinceVegeta
  • Време на започнување Време на започнување
Добар нож секако чини значителен дел од платата. Освен викторинокс опинел и мора, се друго кошта. Едноставно и 4000 денари се добар дел од плата од 15 000.
Јас непознавам луѓе што не ги користат ножевите. Има луѓе што малку ги користат, ама сепак ги користат.
А малкумина работеле со нож што е направен за сечење. "Зомби килерите" и "сурвивал" ножевите на пример се за фантазирање. Нит ќе убие некој зомби нит стварно ќе му треба наострена хебла за во некое умислено сценарио. А во последно време маркетингот ги форсира овие две целни групи.
 
Во суштина секој нож е наострена хебла некоја убава некоја ружна.
 
Порано некако не бев љубител на Victorinox но набавив 2 модела и сум презадоволен планирам и трет да земам,а твојата колекцијата е чиста петка.

Тоа на сликата мислам дека се Camilus ножеви ? И ми личат но доста стари амерички модели не би знаел каде освен на Ebay или некој ако начека на бувљак такво нешто.

https://www.ebay.com/itm/Vintage-US...h=item1ef4081a37:g:rIcAAOSwNepcUjSo:rk:7:pf:0

https://www.ebay.com/itm/VTG-CAMILL...=item3d82c7e549:g:dgkAAOSwzd5cXeZs:rk:14:pf:0

Аукции се и бог знае колкава може да биде цената.

Првиот е америчко ноже што го користеле маринците до 1994. Ги има произведувано Camilus, Imperial, Schrade и уште некоја фирма мислам дека имаше. Не е многу скапо, се наоѓаат по 20$ на ebay, ама немам акаунт и никогаш не сум нарачувал.
Второто е британско морнаричко ноже, малку се поскапи, ама зависи од која фирма. Мислам дури дека сеуште се произведуваат.

Инаку што се однесува до користењето на ножеви, можам да кажам дека не ги користам премногу. Барем не сите. Имам неколку омилени што стално ги влечкам со мене, а најпрактични за секој ден ми се дебелите Victorinox. Највеке ги сакам воените швајцарски модели (ни самиот незнам зошто)
 
Јас носев Gerber E-Z Out или Gerber MP600 долго време но од кога го земав Victorinox RescueTool само тоа носам со мене.
Предпоставувам дека ќе го сменам со некој друг за некој период но засега сум презадоволен.
Пробувам да продавам стари ножеви или дел од опремата за да немора многу пари да трошам бидејќи се знам во глобала ако нешто престанам да го користам и ми помине меракот ќе стои во фиока на празно.

За кај нас искрено незнам кај може да ги најдеш... можеби на бувљак бидејќи таму имам начекано стара опрема од секаков вид и ништо чудно да се најде и тоa но шансите се малечки, изгледа едини спас ќе ти биде некој ако познаваш што користи Ebay од таму да ти ги порача.
 
Во суштина секој нож е наострена хебла некоја убава некоја ружна.
Има ножеви 5-7мм дебели, брусени баш како хебли и ножеви 3-4м дебели брусени навистина да сечат.
И едните и другите за тебе се исти?
И стварно мислиш дека исто сечат? Југо и ферари се два различни концепти на автомобили, но, и двата се наменети за да се стигне од точка А до точка Б.....ако факторот време го ставиш на страна и уживањето додека се користат алатките, или во примерот автомобилите, тогаш или нешто не е во ред со осетот или стварно нешто неразбирливо е во прашање.
 
Во врска со цените и тоа кој колку дава за ножеви и колку ги користи, има луѓе што купуваат ножеви од 20 евра и ги страв да ги користат, а има и луѓе што купуваат ножеви од 500+ евра и немаат страв да ги (зло)употребуваат. Како што Cutlerylover има спомнато на 2-3 негови видеа: At the end of the day, it's just a knife.
 
Интересна тема од 196 страни (не ги имам сите прочитано).

Го разбирам кеифот за ножеви иако мене ми прави кеиф некое мало Victorinox (Farmer/Hiker евентуално Tinker) за занимација низ природа со гранки како и секојдневни (неочекувани) потреби од штрафцигер/крстач, отварач, конзерва и слично.

Не знам дали низ темата е пишувано за што ги користите па ако не е проблем некој во кратки црти да напиши неколку сценарија во кои ги користите. (или претходен цитат).
 
Screenshot_20190211-152116_Gallery.jpg
 
Еве добар одговор во многу кратко видео.
И добро е да се потсетиме на Дерик Бон....почина лани, а беше многу харизматичен човек, полн со позитивна енергија, неговите видеа беа многу добри.

Две пародии и ни еден одговор за што вистински ги користите :)
 
Па и прашањето е помалку пародично :) . Темава е за ножеви. Сите знаеме за што се користат ножевите.
Ако поставиш вакво прашање во темата за часовници, пенкала или нешто слично ќе добиеш слични одговори.
Еве јас на пример ги користам за сечење.
 
Се разбира дека го користиш за сечење.

Но исто голем дел споделуваат multi purpose Victorinox-и со разно разни додатоци.

Прашањето не беше толско, вистина ме инстересира.

Но ајде да речеме за сечење. Што сечиш?

За лупење јаболно секој нож ќе заврши работа, нели :)

Затоа ме интересира за членовите со голема пасија (често проследена со голема колекција), покрај колекционерскиот аспект и уживањето во изгледот, дали и како де факто ги користат.

Се надевам дека ќе добијам одговор :)

п.с. Во најголем дел часовникот е statement и тури и оние кои го носат времето го гледаат во телефон :)
 
За низ град ретко користам нож, повеќе го носам од мерак, ама тука е секогаш. На работа за сечење тоа што треба да се пресече....храна, картон...
Одам често во викендица во природа, и таму повеќе се користат фиксните ножеви за сечење дрво и храна.
Јас сите работи ги вршам со сечиво од 95мм. За поголемите ножеви некој што ги користи нека каже.
Викториноксот со повеќе алатки е повеќе мултитул а помалку нож, тоа е малку поинаква категорија. Јас не сум голем хан на мултитуловите, но сигурно се корисни, имаат на нив клешти, ножици, пили, шрафцигери и други алатки.
Обично факторот мерак има најголема улога кај ножевите, и работата е да се има, а колку можеме да ги користиме и колку ги користиже сите ножеви што ги имаме е друга работа. Јас од мерак почнав и да ги правам.

Во најголем дел часовникот е statement и тури и оние кои го носат времето го гледаат во телефон :)

Е сега за часовниците....мразам да вадам телефон за да видам колку е саатот.
За ќејф купив сеико 007, часовникот кај нас чини 22000 денари, јас го зедов за пола од тоа :) ....меракот нема цена другар.
 
Последно уредено:
Се разбира дека го користиш за сечење.

Но исто голем дел споделуваат multi purpose Victorinox-и со разно разни додатоци.

Прашањето не беше толско, вистина ме инстересира.

Но ајде да речеме за сечење. Што сечиш?

За лупење јаболно секој нож ќе заврши работа, нели :)

Затоа ме интересира за членовите со голема пасија (често проследена со голема колекција), покрај колекционерскиот аспект и уживањето во изгледот, дали и како де факто ги користат.

Се надевам дека ќе добијам одговор :)

п.с. Во најголем дел часовникот е statement и тури и оние кои го носат времето го гледаат во телефон :)
Кај мене мултитул ме проаѓа.За на работа џебно преклопно ноже "фамипа призрен" жилет наострено,стриктно за сечење храна,максимум хартија,а и ако затреба за не дај боже.
"Голем нож"10 - 12 сантиметри максимум,моја изработка,носам со себе во природа ( обавезно во џеп преклопно),за мевце,чалам :) и слично,а за дрвца за скара секирче Гербер мини.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom