Фала за препораките од Кина, ама јас не побарав препораки за тоа од каде да набавувам материјали за ножевите.
ЕДЦ ми е скоро една година кинеско ноже што е платено 80 евра (што не е ефтино, барем не за мене). Еве го, преправен, скратен за 10мм целосно. Ножот е супер и тоа што е Кинески ич не ми смета.
Но. сечивото не е од челикот што е наведен на истото, туку е од М2 челик, јас ова го знаев пред да порачам.
Да се вратиме на довербата сега....
.... дали поефтините кинески ножеви се од материјалите што се наведени на нив останува на лична проценка на широката маса, а таа само чита што пишува на сечивата, па така ќе имаат спајдерко за 15 евра, фалкнивен за 15 евра.....што нема врска ниту со спајдерко ниту со фалкнивен. А прашање на време е кога такви копии ќе се појават во продажба по продавниците кај нас. Да се разбереме, таквите ножеви пак ќе вршат работа, ќе сечат и долго ќе се употребуваат ако се чуваат како што треба, посебно тие подебели од 4мм.
Пред извесно време еден човек ми се пофали дека од Пакистан набавил дамаскус нож со рачка од фосил од мамут, и го чинел 50 долари со достава.....и човекот уште си верува дека рачката му е од фосил од мамут....јас уште го немам прашано како е задоволен од термичката обработка на ножот, знам за тие пари колку е дамаскусот стварно дамаскус.....само фосилот од мамут за една рачка чини 100 евра без царина и ддв, без сечиво, без футрола, без работна рака за се тоа да биде готов нож. Едноставно има добар дел од широката маса што сака да купува онлајн и да се фали дека ножот им е од далеку, а тоа дека имаат тешка превара од нож нема да го дознаат, или пак ќе те избегнуваат во друштво на ловци
.
И ајде малку новости.
Првата basketwawe футрола:
.