Ножеви

  • Креатор на темата Креатор на темата PrinceVegeta
  • Време на започнување Време на започнување
Знам дека еден краток период имаше нешто од Мориве во Трофеј продавница за лов, риболов и пиро, е сеа би требало понеделник или после празнициве негде четврток или петок да наминам да видам па ќе ти сторам абер овде шо имат и како имат.
Јас го меркам Моракнив ХевиДјути Компанион од lamnia али со брзиве пошти ќе ме откостат тука од давачки:(
Бев до Хубо, си доземав неколку 511ки со сечиво од карбонски челик, да се најдат. :)
Земав и еден Morakniv HighQ Allround Knife, исто со сечиво од карбонски челик. Еве ти едно видео каде споредуваат неколку мори, вклучително и тој што го сакаш Компанион (ама не ХевиДјути).
Во принцип кај компанион истото сечиво го има како и кај 511ката и кај HighQ Allround, разликата е само во дршките. Единствено што јас го земав последниот HighQ Allround (од изложените, можеби имаат во магацин).

Што е разликата кај ХевиДјути варијантите?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: M-1

Одлично си испазарил, се надевам дека ќе те служат добро низ разни авантури.
Компанионот е нерѓосувачки челик а ХевиДјути е карбонски челик, разликата е во то шо ХевиДјути е подобрен. Малку поголема рачка, подолго сечило и подебело.
 
Знам дека еден краток период имаше нешто од Мориве во Трофеј продавница за лов, риболов и пиро, е сеа би требало понеделник или после празнициве негде четврток или петок да наминам да видам па ќе ти сторам абер овде шо имат и како имат.
Јас го меркам Моракнив ХевиДјути Компанион од lamnia али со брзиве пошти ќе ме откостат тука од давачки:(
Од Ламниа повеќе порачки НЕ. Првата царина 2200д, втората 1600. Ако имаш некој од царина да ти нареди, арно, ако не, батали. За Мора, најдобро од тука, ако се до 1000д. (и тие се многу), ако не, барај друго од тука, можеш по ова огласите не најдиш нешто, или ако сакаш подобро, уникатно и малку поскапо, прашај го миланистот.
 
Последно уредено:

Цените на lamnia се прифатливи, но давачките кај нас се ненормални.
Инаку, @Vanlok денеска ја посетив продавницата но немат Мора. Имаше нешо од Гербер али БГ серија, швајцарци џебни и некоj шпански Мигел Нието али нишо посебно.
 
Која е таа продавница, каде се наоѓа и какви се цените во споредба со ДомНет?
 
@Vanlok денеска ја посетив продавницата но немат Мора.
Чекај некој ако доаѓа од сТранство, па да му нарачаш. Во меѓувреме земи си некоја Мора 511ка од Хубо, некои ~360денари чинам ме кошташе еден комад.

Таман да си играш со нанесување на патина. :)
Ги гледам на нет интересни шари прават со сенф, и така некои работи. Па после во оцет за целосно затемнување. Да најдам малку време и ќе си поиграм малку со нанесување патина на ножевиве.
 
Според мене патината не е баш добра работа, не хигиенски, туку практично. Дава многу поголем отпор при сечење за разлика од полирано сечило. И јас си играв со мојата Мора, ама одлучив да ја отстранам патината.
П.С. Една финта што ја дознав несакајќи е правење патина со шумлива таблета. Еднаш ми се истури чаша со Бета Керотин на Кругер шумливи и не сум видел дека допрело до Опинелот. Уште има трага од тоа.
 
Која е таа продавница, каде се наоѓа и какви се цените во споредба со ДомНет?
Т.Ц Аман, појма немам, не ги знам цените за швајцарците од ДомНет. Претпоставувам дека овие ги земаат од кај нив.
Чекај некој ако доаѓа од сТранство, па да му нарачаш. Во меѓувреме земи си некоја Мора 511ка од Хубо, некои ~360денари чинам ме кошташе еден комад.

Таман да си играш со нанесување на патина. :)
Ги гледам на нет интересни шари прават со сенф, и така некои работи. Па после во оцет за целосно затемнување. Да најдам малку време и ќе си поиграм малку со нанесување патина на ножевиве.
Па така и ќе бидит, да ми донесат од надвор.
 
Т.Ц Аман, појма немам, не ги знам цените за швајцарците од ДомНет. Претпоставувам дека овие ги земаат од кај нив.

Па така и ќе бидит, да ми донесат од надвор.
Затворена им е страната на ДомНет, инаку ќе ставев линк.
 
Според мене патината не е баш добра работа, не хигиенски, туку практично. Дава многу поголем отпор при сечење за разлика од полирано сечило. И јас си играв со мојата Мора, ама одлучив да ја отстранам патината.
Мислиш странично, дека заради патината е зголемен отпорот при сечење?

Пошто сечивото секако мора дасе оштри одвреме навреме. Од тој аспект острината на ивицата за сечење не е спорна, ваљда мислиш на отпорот од страниците на сечивото...
Не знам за што ти го употребуваш ножот, ама освен ако не се работи за нож за дерење и дресинг на дивеч, или за секојдневно припремање храна - не гледам како малку патина приметно би сметала. Старите ножеви од карбонски челик од пред популаризацијата на нер’ѓувачкиот челик, сите си имаат природа патина и кога се наострени - сите одлично сечат.

Како и да е, за честа секојдневна припрема на храна би преферирал нож со сечиво од нер’ѓувачки челик. За дресинг на дивеч подобри се специјализирани ножеви, а морите се повеќе за сваштариски намени каде повеќе ми е важно да не му се мислам многу да го пазам сечивото, во смисла постојано да пазам после употреба целосно да го исушам и да го премачкам со масло.
Идејата е сечивото да фати патина (добрата оксидација/р’ѓа) и да не фати од „лошата“ р’ѓа (ме мрзи сега да ги барам формулите на хемиските соединенија)
 
Уште малку и ова ќе биде достално на пазарот:
.
 
Последно уредено:
Не знам која ќе му биде цената, ама ми се чини дека ќе е прилично скапичок, во секој случај добар нож.
 
Изгледа добро, јас би сакал верзија со сечиво од карбонски челик и евентуално со поевтина пластична футрола (наместо кожната). Се обложувам дека Мора ќе извадат повеќе разни варијанти, а и цените ќе легнат после некое време.
 
Уште малку и ова ќе биде достално на пазарот:
.
Арно им текна после толку години, туку овие Викторинокс-циве како да ги натераме нешто ново да направат како на пр. ловечки нож со нивното FFG или пила со фиксирано сечил, или пак да почнат по порачки да прават ножиња (custom).[DOUBLEPOST=1453289867][/DOUBLEPOST]
Мислиш странично, дека заради патината е зголемен отпорот при сечење?

Пошто сечивото секако мора дасе оштри одвреме навреме. Од тој аспект острината на ивицата за сечење не е спорна, ваљда мислиш на отпорот од страниците на сечивото...
Не знам за што ти го употребуваш ножот, ама освен ако не се работи за нож за дерење и дресинг на дивеч, или за секојдневно припремање храна - не гледам како малку патина приметно би сметала. Старите ножеви од карбонски челик од пред популаризацијата на нер’ѓувачкиот челик, сите си имаат природа патина и кога се наострени - сите одлично сечат.

Како и да е, за честа секојдневна припрема на храна би преферирал нож со сечиво од нер’ѓувачки челик. За дресинг на дивеч подобри се специјализирани ножеви, а морите се повеќе за сваштариски намени каде повеќе ми е важно да не му се мислам многу да го пазам сечивото, во смисла постојано да пазам после употреба целосно да го исушам и да го премачкам со масло.
Идејата е сечивото да фати патина (добрата оксидација/р’ѓа) и да не фати од „лошата“ р’ѓа (ме мрзи сега да ги барам формулите на хемиските соединенија)
Мислев на триење. Еве да го земеме опинелот како пример. Конвексно сечило. Има многу триење со него низ целото сечило, така? Ако не е полирано или најмалку мазно и без патина, ќе биде тешко за сечење јаболки, картонско пакување, леб и нешто така поцврсто (не вклучувајќи месо, банани и кисело млеко :)). Мората да речиме може да помине бидејќи нема многу отпор на целото сечило туку само на мал дел каде што е наострено, што е 1/5 од сечилото. Значи се на се, најбитна (според мене) е геометријата на сечилото кога зборуваме за патина, леснина на сечење, триење на селичото од материјалот кој го сечиме и ред други работи.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom