Ножеви

  • Креатор на темата Креатор на темата PrinceVegeta
  • Време на започнување Време на започнување
Релативно евтин е:
http://www.aliexpress.com/item/Knif...ystem-Fix-angle-With-4-Stone/32557799229.html

Колку е реално употреблив овој принцип на острење?
Го местиш аголот на 11 степени (како за Scandi Ground) и остриш? Функционира тоа?



На овие камења мислеше кога спомна „алу-оксид шмиргли“?
41eC4CGczRL.jpg


Вчера најдов во Базаро два вида, едниот е како на фотографијата погоре комбиниран, со на двете страни различен грит, другиот е со некој овален облик каменот и изгледа дека е пофин гридот. Евтини, по 50денара парче.
Никакви ознаки немаа за димензијата на гридот. Некоја идеја како да го одредам гридот?

Да пробам да си користам овие, ќе вршат работа? Или вреди да нарачам RUIXIN PRO и да почекам да дојде од Кина?
На страна комфор во острењето, кој метод е подобар - традиционален, или оваков со „направите“ што е RUIXIN PRO?
Овалните ти се за острење коси, не дека нема да ти завршат работа али не се најпрактични.
овој шо си го ставил на сликата, имам еден сличен од euro tools, брка работа, не е нај нај, ипак на крај ќе ти треба фина шмиргла али добар е.
 
Според некои пишувања од нет, и според спецификациите на тој каменот од сликата, изгледа дека најверојатно е 220 за пофиниот грит и 150 за погрубиот. Ако е така, прегрубо за фино острење а?

Овалните ти се за острење коси, не дека нема да ти завршат работа али не се најпрактични.
Ќе ми се најде за:
http://www.moraofsweden.se/construction/matt-takpapps-laderkniv-175p
1032_a73315c2694a2112615038175d719219.jpg
 
Каменот од базаро или еуротулс е прегруб, наменет е за острење земјоделски алатки. Со него ножевите можеби ќе сечат, но ќе бидат грди. Подобра опција се камењата што ги постирав погоре. Ако не ти се чека и имаш стар нож за вежбање најди стар ножест осигурач, керамиката е доволно тврда и доволно фина, а ако е за поголема ампеража има и поголема површина.[DOUBLEPOST=1454364308][/DOUBLEPOST]C__Data_Users_DefApps_AppData_INTERNETEXPLORER_Temp_Saved Images_images.jpg
 
Каменот од базаро или еуротулс е прегруб, наменет е за острење земјоделски алатки. Со него ножевите можеби ќе сечат, но ќе бидат грди. Подобра опција се камењата што ги постирав погоре. Ако не ти се чека и имаш стар нож за вежбање најди стар ножест осигурач, керамиката е доволно тврда и доволно фина, а ако е за поголема ампеража има и поголема површина.[DOUBLEPOST=1454364308][/DOUBLEPOST]Прегледај го приврзокот 138142
them redneck kind of tools :D
 
Каменот од базаро или еуротулс е прегруб, наменет е за острење земјоделски алатки.
Јасно ми е веќе, но би сакал да ги класифицирам некако - кој грит се. Таа пофината страна 220 (ако е толку), би можела да биде добра почетна градијација. Па да набавувам од 400 нагоре.

Всушност нема овде кај нас алуминиум оксид камења со пофина градијација?
На нет гледам дека се користи материјалот и за пофини градијации.


П.С.
Еве налетав и на слики од комбинраниот камен:

s-l500.jpg


s-l500.jpg


s-l500.jpg


Овој од сликите некој на ибеј го продава како „малку користен“, за 11 долари. Кај нас нов од продвница, ни еден долар не кошта (50дин)... ;)
 
Денес се радувам како мало дете :jeeee:- такво едно малко богатство добив ... направен од Кирил Игнатов -челик RWL-34 , рачка- рафир от клен, бронза, инокс и кориан, футурола бивол кожа .... колку му треба на човек да е среќен ..:D:D.
036553902-big.jpg
036553901-big.jpg
036553900-big.jpg
036553897-big.jpg
 
Zdravo na site, ya sakam da kupam noz ama nemam mnogu pari, ja chitav na forum to deka na bit pazar los e kvalitetot. ama neznam drugo mesto kade moze da se kupi noz so malku pari. Fala mnogu:)
Имаш до собранието една за швајцарски ножиња, едноставни се, ефтини и квалитетни за парите.
http://www.domnet.com.mk/victorinox...Page=1&strPodredi=CenaArtikal&strPoStrana=999
 
Релативно евтин е:
http://www.aliexpress.com/item/Knif...ystem-Fix-angle-With-4-Stone/32557799229.html

Колку е реално употреблив овој принцип на острење?
Го местиш аголот на 11 степени (како за Scandi Ground) и остриш? Функционира тоа?



На овие камења мислеше кога спомна „алу-оксид шмиргли“?
41eC4CGczRL.jpg


Вчера најдов во Базаро два вида, едниот е како на фотографијата погоре комбиниран, со на двете страни различен грит, другиот е со некој овален облик каменот и изгледа дека е пофин гридот. Евтини, по 50денара парче.
Никакви ознаки немаа за димензијата на гридот. Некоја идеја како да го одредам гридот?

Да пробам да си користам овие алу-оксид камењава, ќе вршат работа? Или вреди да нарачам RUIXIN PRO и да почекам да дојде од Кина?
На страна комфор во острењето, кој метод е подобар - традиционален, или оваков со „направите“ што е RUIXIN PRO?

Оооо мама, ај пак ☺ тој Русин Про е алат за контролиран агол и од прва ќе добиеш добри резултати со него. Да, местиш агол, ја поминуваш ивицата со фломастер, пробуваш дали си погодил агол, коригираш по потреба и остриш.

Ако збориме за традиционален начин тогаш збориме за острење на рака на камења (скапо) или на шмиргла (ефтино). Зборам за шмиргла во А4 листови ако е нејасно. Како и да е за овој начин треба бајаги вежба за да добиеш резултати бар приближно добри како со алатот погоре.

Пристојни камења Таидеа се околу 30Е по парче. На пр. да можам би земал 2 - 1000/3000 и 2000/5000 грит.
Мислам дека се корунд за геолозите тука ☺
Тие од Базаро се вештачки, што не мора да значи лоши. Ги купив и двата за проба. Ама тој двостраниот е катастрофа - заврши во канта после 5 мин. Површината се деформира одма а е бајаги груб пр. 180 со 300 грит. Овалниот е добар и е Алу-оксид со отприлика 800 грит.

Според мене ако имаш време, воља и пари земи си го алатот од Кина и затвори ја темата. Ако сакаш да учиш и имаш уште повеќе време и далеку повеќе воља купи си шмиргли и научи како се остри на рака.
 
...ако имаш време, воља и пари земи си го алатот од Кина и затвори ја темата. Ако сакаш да учиш и имаш уште повеќе време и далеку повеќе воља купи си шмиргли и научи како се остри на рака.
Јас (како лаик) имав некоја романтична претстава дека можеби најдобро е спорото долго острење на камен, се разбира од некој што научил како треба да го прави тоа. Имам стрпливост, и пријатно ми е да работам нешто со рацете - додека слушам аудиокниги или разни видеа/предавања на нет.
Од тој аспект ме интересира рачното острење. За вежбање на тоа можам да оставам еден од евтините Мори.
RUIXIN PRO секако ќе го нарачам, и заради кујнските ножеви, и заради другите, кои сакам да имаат максимум перформанси.


Но би сакам да го балансирам трошењето пари на материјал.
Од ова што (мислам дека) научив засега:
- камењата што ќе дојдат со RUIXIN PRO алатот се мали и тенки, веројатно брзо ќе се потрошат.
- солидните и квалитетни камења за острење коштаат релативно многу, затоа што примарниот пазар им е богатиот запад, и затоа што се тешки и скапи за транспорт.


Неколку прашања:
- од синтетичките (или природни) камења за острење, има ли нешто вредно за внимание во Еуротулс, или на некое друго место во Македонија?
- искуства/препораки за заменски камења за RUIXIN PRО? Овие подолу ги препорача arakenx :
http://www.aliexpress.com/store/pro...ife-sharpener-system/1577039_32341078524.html
- која комбинација на гридови да ја барам?
- кои поединечни гридови најмногу се трошат во пракса?
- колку би било возможно адаптирање на разни хартиени шмиргли, или овој овалниот камен од Базаро, за користење со RUIXIN PRO?
- препораки за бренд на хартиени шмригли, и од каде да се купат овде?
- добри линкови за разни модификации на RUIXIN PRO (или сличните алатки), набрзина нешто пребарував без некои резултат, можеби не знам што точно треба да барам...[DOUBLEPOST=1454455783][/DOUBLEPOST]И се разбира не очекувам исцрпен одговор на ферманов погоре, доволен ќе биде и краток одговор само на релевантните делови од прашањата... ;)
 
Уххх ај малку по малку ќе одговориме на сите ;)

1. Добра пракса при острење е да пробаш како ќе оди на евтин или небитен нож. На пр. имав прилика викендов да острам Bear Grills фолдер од шит челик :eek: До сега нај-остра ивица што сум ја добил. Низ било каква хартија правеше S-ови. Зошто? Затоа што шит – (мек) челик е ЛЕСНО да се наостри. Добра лекција и пракса.

2. Добри шмиргли – има разни видови ама најдобри од тие што ги знам, а можно е да ги има во Скопје се дефинитли 3М Trizact. Главно се користат во авто работилници за полирање на боја. Одат до 6000 грит. Многу се подебели и може да се користат доооолго време. Ако најдеш нешто вакво кажи. Инаку сите по дуќаниве за бои и лакови вообичаени се алу-оксид и се ОК ама сигурно не се како 3М. Конкретен дуќан – позади Палма во Аеродром има продавница за бои и лакови – има до 2500 германска марка некоја. На темава погледни на пример:
https://www.youtube.com/watch?v=JVz6l9s-by0
https://www.youtube.com/watch?v=KVF6pUslaeU

Постојат и други видови шмиргли, види ова на пр: http://www.lowes.com/projects/woodworking-and-crafts/sandpaper-buying-guide/project

3. Најдобри камења за Руксин Про би биле оригиналните за Apex Edge. Колку разбирам одговараат. Пошто се отров скапи (17$) побарај на Али со клучен збор Gem sharpening stone. Има доста поскапи и природни камења. Зелениот и црвениот природен камен ми изгледаат добро. Тие што доаѓаат со алатот се ОК ама сигурно бргу ќе се потрошат. Тие што ти ги препорачале се идентични со тие што одат со алатот. Најбргу се трошат нормално најгрубите гритови – важи за сите абразиви.

4. Во Македонија има по нешто, побарај на назад постирав слика од едно комбе на фирма која се бави со брусни камења. Има, ама очигледно чоек треба да бара. Кој најде било што на темава би ценел ако подели тука.

5. Модификации на алатот не верувам дека ќе најдеш на нет. Ама и не е толку комплицирано. Можеш да направиш и сам дрвени носачи, потоа спреј лепак (Mitostick на пример) и лепиш парченце шмиргла. Коа ќе отиде, одлепуваш па ставаш ново.

6. Генерално ти требаат од 400 грит па до 2.000. Над тоа е малку мастурбација ама и така тука баш тоа го правиме па би рекол до 10.000 е ОК.

7. Кога ќе завршиш со шмиргли/камења важен е строп. Најчесто тоа е кожа на која оди полир паста. Може и да е филм или балза итн. Така добиваш ивица - огледало. Практично и овие се абразив со некаков грит. Колку разбирам ги рангираат 40.000 – 100.000. Најчесто по нет ја употребуваат зелената. Јас најдов таква во продавница во Турска чаршија. И за ова сум постирал детални инструкции побарај на назад. Стропот воедно служи и за дневно одржување ивица. Како на времето берберите и бричот. На каиш што виси на ѕид пет-шест пати и бричот - бричи (y) Ако најдете кај се продава во Скопје вакво парче дебела кожа постирајте плиз. Јас во моментов користам стар каиш.

8. Се уморив, толку за сега :sleep: За крај еве како паметни луѓе си го решиле проблемов: https://www.youtube.com/watch?v=WwkwgNNBK6o
 
Стигна нешо ново (малку тапа слики, ама тоа е)
eAwNzNQ.jpg

AaPsG08.jpg


солидна копија на Shiregorov F3 пошо неаме пари за оригиналот :D Прилично (изненадувачки) добра изработка, беше рекламиран како D2 сеа му пишува : Cronidur30 EVO така да кој знае нека каже шо челик е ова.
All in all, worth the money :)
 
Стигна нешо ново (малку тапа слики, ама тоа е)
eAwNzNQ.jpg

AaPsG08.jpg


солидна копија на Shiregorov F3 пошо неаме пари за оригиналот :D Прилично (изненадувачки) добра изработка, беше рекламиран како D2 сеа му пишува : Cronidur30 EVO така да кој знае нека каже шо челик е ова.
All in all, worth the money :)

Челик- 9Cr15Mov то така си пишува и в али ,http://ru.aliexpress.com/item/Custo...52&btsid=b781ea7b-5b6e-42a1-a59e-42a76ba3428d

а ако сакаш копија од вистинско D2 купуваш од Dicoria или Kevin John Knife но и цените како разбираш веќе не се 20 $ а двојно и тројно !!
п.п.п. а инаку Cronidur30 EVO тоа е некаква маркетинг челик обработена термички од Широгоров!!
 
Ако е Cronidur 30 тогаш станува збор за челик од Круп Германија. 60 до 62 HRC Прилично скап! Но, најверојатно не ќе да е тој...

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
па валда е тој кинескиот... ипак доволно остар вака, нема да види многу работа, ќе оди за поклон изгледа :)
ипак добра изработка
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom