Ново, вкусно, вреди да се проба! :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.462
Поени од реакции
35.252
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Велат дека добриот глас надалеку се слуша.

Темава ја отворам со цел да ги споделиме сите нови прехрамбени и гурмански производи кои ни дошле до рака, или уста, а притоа ни оставиле позитивен впечаток.

Од се срце ви препорачувам:

- Шарска плескавица во Старо Буре (Лептокарија).
Цена: 120 денари. Подобра плескавица немам пробано. Нормално, доаѓа со помфритче припремено на доста оригинален начин, зачинето со вегета. Врз плескавицата има и една лажица крем (или густа павлака) кој пополека се топи додека јадете и и дава посебен шмек. Мераци!

- Ајвар "Баш Ајвер" од ДИЕМ-ГП Гевгелија.
Цена: 140 денари. Го има во Рамстор, ама пратките инстантно се трошат. Сметајте се за среќници доколку упеете да го начекате на полиците. Сигурно и по други маалски продавнички може да се најде. Подобар ајвар немам пробано. Ептен префинет вкус, а што е уште поважно - со стандарден квалитет. Не се случило до сега во една тегла да биде по печен, а во друга по жив. Вкусот никогаш не се разликувал.

Бонус: Нема да згрешите доколку ја пробате и Лутеницата од ДИЕМ :)

Споделете и вие... :-)
 
Мене викаш б0нус?
Секако ке ја пробаме :|
 
a dali nekoj od vas go probal giroto vo giromanija.mmmmmmmmmmmmmmmm
 
a dali nekoj od vas go probal giroto vo giromanija.mmmmmmmmmmmmmmmm
Не е ново, вкусно е, ама мало и скапо. Боље е во Гирадико :)
Како и да е, вкусни пици имаат во Гироманија.
 
Шарска имам јадено тука во Велес...дефинитивно нешо неверојатно е со помфрит кога се јаде....а за тоа ајварот шо спомна незнам дали кај вас носат Гемиџиски Ајвар и лутеница....нај убавиот ајвар шо го имам јадено.

п.с.ако имате такво нешто пробајте
 
cookiesi.jpg


Многу убави колачиња по цена од 19,00 ден. а може да ги најдете во КАМ маркет.
 
827_0.jpg Pancondi_0020_Aglio_m.jpg


на пимер нови Брускети уствари ова се оригинал италијански и ги има во веро два вкуса само но извонредни се!
 
TakovoIsleriEuroCookie140g.jpg


Вкусен десерт, двојно пакување по цена од 55 денари

446104834l.gif

Интересен вкус за цена 25 денари

images


Kремов е за мерак, за 110 денари топ

За љубителите на печурки буковка, препорачувам да пробате похована буковка во ресторан Дада спроти министерство за култура, а и пастрмајлијата е екстра :)

Добар донер на промотивна цена 100 денари со лименка кока кола/фанта/спрајт имате во Пласет кај Грчка амбасада.

Пицата од ред кафе за цена 150 денари е екстра, а и добри палачинки имаат :D
 
Пирошки со пилешка шунка, кашкавал, мајонез и кисели краставички од Кам 4 во пакување по цена од 75 денари.

Казанова бургер од Burger Friends . Обемен, сочен и вкусен бургер, со доста помфрит
wpde496ce2_1a.png


Пица од Mamma Italiana
10469391_695957253825444_2943816582267821439_n.jpg

Со вистински кашкавал и не штедат на мастраф :pipi:

Велешка пастрмајлија во Олимпик (до Љуц), а Штипска во Грил Хаус (пред Капитол Мол Аеродром)

Ексклузивните чоколади на Европа со голем процент на какао
10845999_788938347838253_2839571966439631289_n.jpg


Чајот од брусница на Виталија со 60 % брусница. Прекрасен мирис и вкус
Tea_cranberry.jpg
 
потврдувам за брусницата, две зими по ред веќе го користам, кога ќе го пробате чајов од брусница ќе се запрашате што вода сте пиеле досега (y)
 
Екстра пастрмајлија од Римини во Автокоманда, со сланина, кашкавал и свинско. Најдобра.

А ајварот на Ацид од првиот пост на времето беше топ ама сега е никаков. Сега го препорачувам Гемиџиски, нема утка.
 
Екстра пастрмајлија од Римини во Автокоманда, со сланина, кашкавал и свинско. Најдобра.

А ајварот на Ацид од првиот пост на времето беше топ ама сега е никаков. Сега го препорачувам Гемиџиски, нема утка.
Сеа е добар ајварот на ДИЕМ ама со маслиново масло
6_big.jpg


супер оди со интегрален леб Нутри со сончоглед
nutri_soncogled.png
 
Вчера пробав кравјо сирење на Бучен Козјак и се изненадив пријатно. Сирењето нема вкус на креда, масно е и доста вкусно. Уз ракиичка одлично оди :pijani:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom