Новитети во фудбалот

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување

Дали треба фудбалот да се промени?


  • Вкупно гласачи
    58
Ова со портокаловиот - БЕЗВЕЗА .
Што е воа, турнири во мал фудбал па да има исклучување или пак ракомет.
Пази... пишува судијата ќе отценел колку време треба да биде исклучен :icon_lol:
Портокаловиот картон би бил покажуван како јавна опомена за играчот и би означувал поблаг прекршок од оној за директно исклучување и преостар за жолт картон, објаснува Колина.
Играчот, кој ќе го добие таквиот картон би бил привремено исклучен, а за неговото враќање во играта би одлучувал судијата
Значи ова би дошло некаде помеѓу црвен и жолт картон.
Сега и така има околу 45 минути активен фудбал, па ако се воведе ова ќе има 20 :icon_lol:

Арен си е фудбалот. Само треба почесто да се покажуваат картони(жолти,црвени) - има многу остри стартови и "дриблерите'' да бидат позаштитени(Роналдо,Меси,Кака,Робен)...:toe:
Со чипот ми се свиѓа идејата.
 
Па според мене фо фудбалот треба да ја зголемат висината на голот зашто скоро сите голмани се високи над 2 метри и фаќаат со раката до пречката. Стави за 20 сантима погоре и ке има скокања како порано што правеле голманите. Плус повеќе голови ке има.

10 сантими ке е доволно
 
Супер си е вака фудбалот.Тоа со чипот е добро,за да се знае кога е гол кога не,кога има аут.А за портокаловиот картон не се согласувам.Се повеќе прекини ќе има,а тоа воопшто не би било добро за фудбалот :toe:
 
поголем гол, никако. портокалоф(WTF) картон, НИКАКО.
само, ме нервира у ЛШ што гол на гости се рачуна повеќе, најискрено. ебате, ај у сите лиги нека е така ондак. каква глупост. затоа има реванш ебаго... ај да немаше, па да разберам. неферски е.
 
утре ќе се решава околу портокалов картон..таман си е што им текна да мењаваат незнам
 
Јас сакам да се смени едно нешто во фудбалот а тоа е Платини да си замине од ФУДБАЛСКИТЕ ВОДИ бидејки го уништува фудбалот се повеќе и повеќе и ТОЈ е главната причина што фудбалот не оди во вистински правец.
 
Денеска ќе се решава иднината на портокаловиот картон

Портокаловиот картон е предлог на Ирската Фудбалска Асоцијација и тој ќе се разгледа на денешниот состав на ИФАБ.

Бордот на ИФАБ е составен од претсавници на четирите фудбалски асоцијации на Британија и четири претставници на светското тело ФИФА, а потребно е 3-4 мнозинство за да се промени некој закон.

“Сеуште ги разгледуваме деталите како ова правило ќе функционира, но базичната идеа е некој што ќе добие картон од судијата ќе мора да замине од теренот на пет или 10 минути исто како фудбалот.” – рече неодамна претседателот на Ирската ФА чиј предлог е портокаловиот картон.

Примена на вакво правило во фудбалот сигурно ќе донесе револуција во најважната споредна работа во светот.

Останати точки на агендата се и вклучувањето на двајца додатни судии на теренот кој ќе бидат задолжени за делот околу шеснаесетникот.

Членовите на ИФАБ исто така ќе го разгледуваат и предлогот за зголемување на времето помеѓу двете полувремиња, од сегашни 15 минути на 20 или повеќе.
Уште еден интересен предлог е вовоедувањето на четврта замена која тимовите ќе можат да ја користат доколку натпреварот замине во продолженија.

извор


Добро е да се зголеми времетраењето на паузата за 5 минути и ова за четврта замена ако натпреварот се игра со продолженија е добра идеја.

Ова со портокаловиот картон е чиста глупост. Фудбалот ќе станува ракомет... Срамота, ако се изгласа и ова... :tapp:
 
Портокалов картон бе :tapp: тоа со паузата е мењање на фудбалот од корен :toe: не сум за ова,може чип за спорни ситуации да и може да го укинат офсајтот,ќе има повеќе голови и ќе добие повеќе на убавина самиот фудбал :vozbud:
 
Портокалов картон бе :tapp: тоа со паузата е мењање на фудбалот од корен :toe: не сум за ова,може чип за спорни ситуации да и може да го укинат офсајтот,ќе има повеќе голови и ќе добие повеќе на убавина самиот фудбал :vozbud:
Тогаш Инзаги и Адебајор ќе даваат по 50 гола во сезона. :vozbud: :pos:
 
супер е вака фудбалот бе само чип да стават во топката и супер ке е вака 5 мин надвор ова ова што ракомет ли ке прават додека да излезе казненеот :tapp:таа ке биде долга и широка вака супер е:toe:
 
може да го укинат офсајтот,ќе има повеќе голови и ќе добие повеќе на убавина самиот фудбал :vozbud:

Тоа е најлошото нешто што може да му се случи на фудбалот.
Нема да добие воопшто на убавина, а головите ќе ја изгубат својата вредност:toe:
 
Зголемување на полувремето 100% е заради маркетинг, ама нека биди. Четврта замена во продолженија, интересно, не гледам штета, а ќе биди поповолно за секој клуб.
Портокалов картон, сепак не сум за толку експериметирање.
 
Супер си е фудбалот..Не треба нови правила.Портокаловиот картон ќе го заеба фудбалот..
 
Платини ви е нешто слично како чичко Харалампие Хаџиристески кај нас.:tapp:
Ма какви портокалови, какви чипови, какви +5 минути полувреме, какви 6 + 5, нека си е*е мајката Платини...:tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom