Новите предлози на Нимиц за името на Република Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

Кој предлог на Нимиц (од прифатливите) би го прифатиле?

  • Демократска Република Македонија

    Гласови: 113 29,0%
  • Независна Република Македонија

    Гласови: 173 44,5%
  • Ниту еден (образложете зошто)

    Гласови: 103 26,5%

  • Вкупно гласачи
    389
uste 5 zemji ni falat da ne priznaat pod ustavno ime :) i pregovorite se izlisni . evropa e nasata kurva vavilonska :( ama i taa ke mora da se sooci so relanosta narecena MAKEDONIJA.

А кој ти ги дал тие информации дека ни се потребни уште 5 или не знам колку земји? Каде го има тоа и што со тоа? Па и за членство во ЕУ и за членство во НАТО се гласа со консензус, а тоа значи дека и Грција треба да гласа за нас. Каква важност има ако и 99,99% не признале, ако Грција не гласа за нас??? Мислиш ли дека Грција ќе си направи внатрешни проблеми поради нас, или пак дека некој од надвор ќе ја притисне Грција на отстапки само поради нас? Кој фактор сме ние во светот, една педа земја и грст народ.
 
Амбасадорката во Скопје, Александра Пападопулу, на странските амбасадори им се пожалила дека во спортската химна што ја изведува Проески се спомнува Александар Македонски
Грција во битката за името се фати и за спортската химна „Македонија навива за вас“, која ја отпеа трагично загинатиот Тоше Проески, затоа што во неа се спомнува името на Александар (Македонски).

Дипломатски извори за „Дневник“ изјавија дека амбасадорката на Грција во Македонија, Александра Пападопулу, на неколку средби со странски амбасадори во Македонија им се пожалила дека по преименувањето на скопскиот аеродром во „Александар Велики“, сега Александар е вметнат и во спортска химна на земјата.

Нека знае сега светот за нас Македонците, едно сонце на Александар нас ни свети в градите“, е стихот од химната во кој се спомнува Александар.

Авторот на песната „Македонија навива за вас“, Александар Митевски, е изненаден од ваквите реакции.

- Во новонастанатата ситуација, најмалку што очекував како автор е ваква реакција. Кога ја пишував песната се водев од чиста инспирација и ниту во еден момент не помислив на политика или на нешто слично, а најмалку да провоцирам некого. Ме инспирира тоа што секојдневно го гледам на спортските терени. Морам да споменам дека на Тоше Проески особено му се допадна делот во кој се споменува Александар - изјави за „Дневник“ Митевски.

Дипломатите, кои инсистираа на анонимност, оценуваат дека Атина колку повеќе врши притисок, толку повеќе ја подгрева атмосферата. Според нив, ако продолжи да се однесува нерационално, Грција ќе придонесе Александар Велики да нема конкуренција во земјава.

- Го прават Александар „забрането овошје“ - велат нашите извори.

Прашањето за името беше една од темите и на вчерашната средба на министерот Антонио Милошоски со гостинот од Луксембург Николас Шмит.

Според Милошоски, пожелно е да се најде решение за билатералниот спор за името со Грција пред самитот на НАТО во април в година.

- Македонија во овој процес ја користи силата на аргументите, а, за жал, Грција во одредени моменти го користи аргументот на силата за да изврши притисок врз Македонија. Ние како држава со аргументи ќе го браниме нашето право на уставно национално име и на сопствен идентитет. Очекуваме од Грција како најстара членка на ЕУ и на НАТО во регионот да покаже зрелост и да ја даде својата поддршка за заедничките цели што ги имаат и НАТО и ЕУ овој регион да влезе во зоната на стабилност, да ја постигнеме таа заедничка цел и со интегрирањето во НАТО да си помогнеме едни на други - изјави македонскиот шеф на дипломатијата.

Неофицијално, Шмит на средбата рекол дека нема ниту дипломат ниту политичар во Европа што не знае за овој спор, но грчките аргументи биле неразбирливи. Според неофицијални информации, грчки дипломати повеќепати контактирале со него и се обиделе да го убедат дека во Грција има многу луѓе што се сметале за Македонци.

Што се однесува до евентуалното користење на името како пречка за ЕУ и за НАТО, алијансата проценила дека влезот на земјите од Јадранската група е неспоредливо поважен од билатерални спорови.

Дипломатите уште проценуваат дека иако во Грција е жестока реториката за ставање вето за членство на Македонија во НАТО, грчките власти работат на можноста воопшто да нема покана за Македонија. Грчките дипломати ги користат сите контакти за да ги пренесат најцрните вести од Македонија со препорака во НАТО да се покани само Хрватска, а Македонија „која и така досега чекала, да почека уште малку за Албанија да не биде сама“.

Mora dobro da se izigra vo idniot konflikt na SAD/Zapadot so Iran, Makedonija da e na pobednichkata stana. NATO sigurno kje ima golemi potrebi, a Grcija iako e chlenka, e anti-amerikanski nastroena i igra na dve stolici.

Inaku, glupostive shto gi pravat atinskite cigani so zloupotreba na Toshe mozhe i da izlezat na arno, narodov da se podrazbudi. Treba apsolutno da se pee taa himna nasekade!
 
Република Македонија

Сега нај-голјамата грешка ште б'де, да се с'гласите на предложението на г'рците. Според мене, Б'лгарија ви признава като Република Македонија, намерете оште страни в ЕС и тогава г'рците са безсилни! Желаја ви успех! За мен като б'лгарин, нјама фиром, има Република Македонија, којато е пријателска д'ржава.:smir:
 
Се ситите Бугарчиња а?Само немој да заборавате дека "кој на друг јама му копа,сам во неа пропаѓа"!
 
Не искам да влизам в спор. Нашата страна ви призна под името РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИја. Кој как'в гроб копае не знаја....:nenene:
 
Сега нај-голјамата грешка ште б'де, да се с'гласите на предложението на г'рците. Според мене, Б'лгарија ви признава като Република Македонија, намерете оште страни в ЕС и тогава г'рците са безсилни! Желаја ви успех! За мен като б'лгарин, нјама фиром, има Република Македонија, којато е пријателска д'ржава.:smir:
Не е точно. Грција е голем фактор, и од нејзиниот глас зависи приемот на Македонија и во ЕУ и во НАТО. Ако некој ги сфаќа несериозно заканите на Грција, тоа е негов проблем. Но, да не заборавиме дека еднаш веќе Грција ни стави ембарго и никој не го спречи тоа.
 
Сепак од ембаргото загуби само Грција,а денес би загубила уште повеќе па би било убаво доколку ги навлечеме Грците да ни стегнат уште едно Ембарго,барем нема некои наши морони да го плаќаат едно еспресо и по 4-5 евра,мои и твои пари.
 
Сепак од ембаргото загуби само Грција...
А ние што? Спечаливме?
Да, спечалија некои кои во тие матни времиња ја испокрадоа државата и сега изигруваат бизнисмени.

Исто така спечаливме: промена на знаме и цртање на ново, да се ладиме од жештините - вентилаторче; држава без грб; држава со привремено име; сиромаштија до немај каде... Малку е?
 
Нема се предавате

Г'рците не са прави. Никога не можеш да попречиш на човек да се самоопредели. Аз с'м б'лгарин, жител на Република Б'лгарија. Вие ни викате татари. Ваша работа. Вие сте жители на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИја. Вие се чувствате такива. Европејскијат С'јуз има 27 членки. Г'рција е една - ФИРОМ, ајјде и БГ е 1 - Република Македонија. Просто трјабва да се набере сила, има оште 26. И ште спечелите. Успех!:smir:
 
А ние што? Спечаливме?
Да, спечалија некои кои во тие матни времиња ја испокрадоа државата и сега изигруваат бизнисмени.

Исто така спечаливме: промена на знаме и цртање на ново, да се ладиме од жештините - вентилаторче; држава без грб; држава со привремено име; сиромаштија до немај каде... Малку е?

Па спечаливме од Грција,една тужба за бадијала дадената ОКТА која ќе не чини 100 милиони евра и една тужба сега за ТЕЦ Неготино која кој знае колку ќе не чини,и сеуште печалиме од нашите туристи кој секоја година оставаат по 50 милиони евра во Грција наместо во Македонија.Абе ти да не мислиш дека Грците во Македонија оставаат пари?Не бе брат,тие овде само крадат се што може да ни украдат под изговор и договор со некои наши глаучи дека се "странски инвеститори".
 
ABC, и кај нас спечалија некои. Соучесниците во криминалот кој го спомнуваш, секако дека спечалиле. Тие што секоја година оставаат по 50 милиони евра во Грција наместо во Македонија се прават за најголеми патриоти. Само се чудам до кога напатениот и сиромашен народ во Македонија ќе ги трпи олигофрените. Следната војна во Македонија веројатно нема да биде меѓуетничка туку граѓанска. Дури и проблемот со името нашите влади го злоупотребуваа за лични интереси. Додека народот се хранеше со антички национализам и гладен умираше, политичарите се хранеја со марки и долари. Проблемот со името не е нерешлив, но голем дел од проблемот е на наша страна.
 
Проблемот со името не е нерешлив, но голем дел од проблемот е на наша страна.

За другото што го напиша главно се слагам ама оваа реченица малку подобро да ја објасниш (и првиот и вториот дел)?
 
Борбата за името најубаво се добива еве вака:

-Владата донесе одлука да испрати двојно повеќе војници во Ирак, од досегашните 44 на вкупно 80 специјалци.
Деталите за зголемениот контингент македонски војници во Ирак ќе се разгледува попладнево на средбата во Пентагон, меѓу американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс и министерот за одбрана Лазар Еленовски.
Американското барање е очекувано, по најавеното повлекување на дел од американските војници и контингенти од неколку држави учеснички во коалицијата во Ирак.
Зголемувањето на македонските војници во Ирак со уште еден вод специјалци може да се очекува веќе од следната ротација на силите во декември. Дотогаш и Собранието треба да го одобри двојното зголемување на македонски војници во Ирак.
 
KOGA KE NI BIDE JASNO DEKA NEMA BORBA, NEMA PREGOVORI, DEKA TOA TREBA DA E NASIOT STAV. KOJ KE PREGOVARA JAS KAKO KE SE VIKAM. TREBA DA SE NAJDE MAZ I DA IM KAZE NA ELINITE I NA SITE BELOSVETSKI MEDIJATORI DEKA NEMA PREGOVORI ZA IMETO. NASETO IME E MAKEDONIJA. A dokolku se ligavime so pregovori nisto ne pravime, Kade se videlo da se osporuva imeto kako licno pa taka i na drzava? Tie sto ne vovlekoa vo ovoj krug na pregovori treba da se isklucat od sekakvi politicki aktivnosti. Zarem ne gledate deka poradi toa sto nie nemame stav za imeto (imame samo onaka za po doma) zatoa ni se slucuvaat ovakvi raboti. Nie za se taka, nemame cvrst stav dali poradi NATO integraciite, dali poradi EU inegraciite, dali poradi ova, dali poradi ona celo vreme go krkame stapot. Treba jasno da se kaze deka naseto ime e MAKEDONIJA i deka nema sto da razgovarame, a kamo li da pregovarame.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom