Новите предлози на Нимиц за името на Република Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

Кој предлог на Нимиц (од прифатливите) би го прифатиле?

  • Демократска Република Македонија

    Гласови: 113 29,0%
  • Независна Република Македонија

    Гласови: 173 44,5%
  • Ниту еден (образложете зошто)

    Гласови: 103 26,5%

  • Вкупно гласачи
    389
Кога реков очајнички, мислев стварно очајнички....

НОВА ЕПИЗОДА ОД БИТКАТА ЗА ИМЕТО

Грција против спортската химна на Тоше
6046139D7094A94D816557E8AD9A298C.jpg

Амбасадорката во Скопје, Александра Пападопулу, на странските амбасадори им се пожалила дека во спортската химна што ја изведува Проески се спомнува Александар Македонски

Грција во битката за името се фати и за спортската химна „Македонија навива за вас“, која ја отпеа трагично загинатиот Тоше Проески, затоа што во неа се спомнува името на Александар (Македонски).

Дипломатски извори за „Дневник“ изјавија дека амбасадорката на Грција во Македонија, Александра Пападопулу, на неколку средби со странски амбасадори во Македонија им се пожалила дека по преименувањето на скопскиот аеродром во „Александар Велики“, сега Александар е вметнат и во спортска химна на земјата.

„Нека знае сега светот за нас Македонците, едно сонце на Александар нас ни свети в градите“, е стихот од химната во кој се спомнува Александар.

Авторот на песната „Македонија навива за вас“, Александар Митевски, е изненаден од ваквите реакции.

- Во новонастанатата ситуација, најмалку што очекував како автор е ваква реакција. Кога ја пишував песната се водев од чиста инспирација и ниту во еден момент не помислив на политика или на нешто слично, а најмалку да провоцирам некого. Ме инспирира тоа што секојдневно го гледам на спортските терени. Морам да споменам дека на Тоше Проески особено му се допадна делот во кој се споменува Александар - изјави за „Дневник“ Митевски.

Дипломатите, кои инсистираа на анонимност, оценуваат дека Атина колку повеќе врши притисок, толку повеќе ја подгрева атмосферата. Според нив, ако продолжи да се однесува нерационално, Грција ќе придонесе Александар Велики да нема конкуренција во земјава.

- Го прават Александар „забрането овошје“ - велат нашите извори.

Прашањето за името беше една од темите и на вчерашната средба на министерот Антонио Милошоски со гостинот од Луксембург Николас Шмит.

Според Милошоски, пожелно е да се најде решение за билатералниот спор за името со Грција пред самитот на НАТО во април в година.

- Македонија во овој процес ја користи силата на аргументите, а, за жал, Грција во одредени моменти го користи аргументот на силата за да изврши притисок врз Македонија. Ние како држава со аргументи ќе го браниме нашето право на уставно национално име и на сопствен идентитет. Очекуваме од Грција како најстара членка на ЕУ и на НАТО во регионот да покаже зрелост и да ја даде својата поддршка за заедничките цели што ги имаат и НАТО и ЕУ овој регион да влезе во зоната на стабилност, да ја постигнеме таа заедничка цел и со интегрирањето во НАТО да си помогнеме едни на други - изјави македонскиот шеф на дипломатијата.

Неофицијално, Шмит на средбата рекол дека нема ниту дипломат ниту политичар во Европа што не знае за овој спор, но грчките аргументи биле неразбирливи. Според неофицијални информации, грчки дипломати повеќепати контактирале со него и се обиделе да го убедат дека во Грција има многу луѓе што се сметале за Македонци.

Што се однесува до евентуалното користење на името како пречка за ЕУ и за НАТО, алијансата проценила дека влезот на земјите од Јадранската група е неспоредливо поважен од билатерални спорови.

Дипломатите уште проценуваат дека иако во Грција е жестока реториката за ставање вето за членство на Македонија во НАТО, грчките власти работат на можноста воопшто да нема покана за Македонија. Грчките дипломати ги користат сите контакти за да ги пренесат најцрните вести од Македонија со препорака во НАТО да се покани само Хрватска, а Македонија „која и така досега чекала, да почека уште малку за Албанија да не биде сама“.

Јас викам на овој атинскиов слон поради кој Скопје пропаѓа за 1цм на месечно ниво, да и испратиме едно ЦД со навивачките песни, некоја книга од Донски, и кулен, пршута или сл да си се масти и да се шири додека плаче на нашите песни ! :naaa:
 
1 santim??????....GARANT E BAREM TRI...:):)!!! Kaj ja najdoa samo ne mi e jasno........

Па си рекоа,овие слабиве како Гросаманиду се многу попустливи,таму треба некој од "тешка категорија" кој ќе биде непопустлив.
Туку шегата настрана,овие тргнаа во борба на сите фронтови и со сите расположиви средства па треба сега и адекватно да им се одговори дека знаеме колку Грција ги опреми бунтовниците на ПКК да предизвикуваат терористички акции против Турција и интересите на САД во Курдистан.Јас мислам дека Турција за тоа е свесна и навреме информирана па да видиме како ќе се одвиваат некои работи.Инаку средствата за опремување на Курдистанските бунтовници се обезбедуваат преку одредени нерезистентни Грчки сметки во Кипарски банки со што Грција директно се замеша во борбите против Турција и САД.
 
Не ме изненадуваат ниските удари на африканците ама ич. Нема попуштање. Само гордо и високо оти наведната глава сонце не гледа.
 
Bre bre bre Kanada jaka muda ... ama bolje ista nego nista...

ako ideme po logika 17 godini sme pod lazno ime so vakov napredok predviduvam ke se vikame Makedonija za edno 120 godini koa nema da postojat veke drzavi...samo toas

ееее дај не заебааај, како Канада јака муда???? ПА Канада е во групата Г8, значи во осумте најразвиени земји на планетава, и земји со огромен углед... И тоа како е огромен успех за Македонија што Канада не призна под уставното име, а слушам дека има петиции веќе кај македонците во Австралија за и таа да не признае, и наводно веќе се избориле за да ова прашање дојде на дневен ред во нивниот парламент... Се ова се битни моменти за македонската историја :wink::wink:
 
Go objavuvam integralno, otvorenoto pismo do site nasi prijateli i neprijateli, politicari i kreatori i negatori na nasiot identitet, od nasiot vrven klasicen filolog i odlicen poznavac na antickata istorija, Prof. d-r Ljubinka Basotova, sto vsusnost pretstavuva poucno cetivo, koesto sodrzi del od istoriskite fakti na koi treba da se povikuvaat nasite neuki politicari pri pregovorite koi se vodat pod pokrovitelstvo na UN, a so medijatorstvo na G-dinot Metju Nimic, tekst-reakcija koj denes izleze vo Vest, kade sto novinarot i urednikot od nim poznati pricini go imaat skrateno, a delovite koi nedostasuvaat vsusnost ja sodrzat poentata na istiot.

Кој ја присвојува историјата?
Hoc demonstrandum est!

Со години веќе сме изложени на беспоштедни напади и навреди од страна на нашите јужни соседи како присвојувачи на нивната, хеленска историја. Сега дури стигнуваат од нив до нас и закани со уцени доколку не го смениме уставното име на нашата земја. Наводно, тие имале ексклузивно право на името Македонија, зашто историјата на оваа земја била нивна, хеленска историја. Е, ајде да видиме дали е баш така и кој е тој што присвојува туѓа историја.
- Како прво, ги прашуваме нашите соседи, кога тоа државата Македонија била исто што и Хелада (односно, нивните полиси, зашто во антиката нивните претци, Хелените и не биле баш некој државотворен народ, за разлика од Македонците, кои имале не полиси, туку држава)?
- Нашите соседи ставаат знак на равенство меѓу Хелените и Македонците. Ние прашуваме: ако Македонците биле Хелени, и историјата на Македонија е историја на Хелада, зошто предокот на Александар III Македонски (кој во антиката токму така е нарекуван, а прекарот Велики го добил многу подоцна) Александар I (480 г.пр.Хр.) бил наречен Филхелен (Filhelen “оној што е пријател со Хелените, што ги љуби Хелените”)? Зошто би бил Филхелен, ако бил Хелен?
- Зошто Демостен, хеленската гордост и слава, за таткото на Александар Македонски жестоко ќе извикува на атинската агора дека Филип: “... не само што не е Хелен, не само што не им е близок ни роднина на Хелените, туку тој не е ниту од барбарска земја, за која би се кажало нешто убаво, туку е Македонец - гибел и Македонец - злодеец” (Демост. Трет говор против Филипа, гл. 31)
- Зошто кај Плутарх читаме како Александар извикува дека “Хелените се перчат пред Македонците како полубогови сред диви ѕверови”, правејќи притоа (и не само таму) јасна дистинкција меѓу овие два етноса? (Плутарх, Споредбени животописи: Александар)
- Ако Македоците биле Хелени, тогаш тие би зборувале ист јазик (или бар некој хеленски дијалект). Но изворите експлицитно ни укажуваат дека Хелените не го разбирале јазикот на Македонците. Кај Плутарх читаме (кавгата меѓу Александар и Клит), како Александар им се обраќа и ги повикува своите штитоносци “на македонски, што било знак за голема вознемиреност” (ибидем).
- Дека Хелените не го разбирале македонскиот јазик ни сведочи и к*ртиј Руф. (Историја на Александар Македонски, кн.VI, гл.9); пишувајќи за судењето на Филота, Александар го прекорува Филота што нема да се брани на мајчиниот (македонски) јазик, зашто овој претходно изјавил дека ќе се брани на јазикот, на кој и тој (Александар) зборувал секогаш кога сакал сите да го разберат; од ова јасно произлегува дека не сите присутни го разбирале неговиот мајчин, т.е. македонскиот јазик.
И други антички извори укажуваат на посебноста на македонскиот етнос и држава (Ливиј, Страбон, Диодор Сикулски), која по смртта на Александар опстојува се до освојувањето на Македонија од страна на Римјаните до средината на вториот век (146 г.) пред Христа, кога станува римска провинција Македонија. Римското владеење на овие простори, (подоцна како Источно римско царство, чии поданици во историските извори се нарекувани Ромеи, т.е Римјани,) трае се до паѓањето на Константинопол (1453 г.) и освојувањето од Османлиите, кога териториите од Ромејското царство и народите, што го населувале (а ги имало преку 40) стануваат поданици на Отоманската империја, вклучително и Македонија .
Ако се знае сето ова, ако е непобитен фактот дека Македонија од памтивека била држава (за разлика од Хелада, чии полиси никако не можеле да се обединат и да создадат држава, каква што имале Македонците), ако се знае дека Филип е тој, откако ги покорил, се обидел да ги обедини преку Коринтскиот сојуз, дека тој се прогласил за хегемон (вожд) на тој сојуз и со тоа ја наметнал македонската доминација врз Хелените, дека по неговата смрт тоа место го зазел неговиот син, Македонецот Александар, ако е јасно дека историјата на државата Македон не е историја на Хелада, иако во воените походи на македонските владетели учествувале и Хелени (а учествувале и други етноси), тогаш, кој е тој, што присвојува туѓа историја? Оние ли, што секогаш надмено, со потценување и презир гледале кон Македонците (сп. Демостен, Плутарх), па иако некогаш “се перчеле како полубогови среде диви ѕверови” сега од петни жили настојуваат да се идентификуваат со тие “диви ѕверови”, кои “ниту се Хелени, ниту им се блиски ни роднини”, и си го присвојуваат правото историјата на античка Македонија да ја прикажат како своја историја, оспорувајќи ни го нам, кои живееме на дел од територијата на античка Македонија, правото нашата држава да ја нарекуваме Македонија, како што се нарекувала од секогаш.
Впрочем, кој им го дал правото да ни бидат кумови и да ни наметнуваат име?! Ние не сме доселени од некоја друга Македонија, па според нивниот терк (Неа Тенедос, Неа Мудоња и др.; речиси сите топоними на Халкидик се со придавката Неа) да се нарекуваме Нова Македонија. Ние сме тука, повеќе од милениум и пол, на просторите на географска Македонија и нашата држава ќе се нарекува Македонија и никако поинаку. Не се напрегајте да го убедите светот дека некој нешто ви присвојува. Вие сте тие што се перчите со туѓи перја, вие кревате врева околу името на нашиот аеродром, како да ви е Александар Велики прв братучед, заборавајќи што вашите славни претци мислеле и кажувале за Македонија и Македонците. Не претерувајте со вашата македонофобија, не се покажувајте како недостојни потомци на толку славни претци (Хомер, Перикле, Сократ, Платон, Аристотел, Тукидид, Софокле, Ајсхил, Еврипид и многу други). Имате доволно своја слава. Не присвојувајте си го она, што не е ваше.
Ова треба да се предочи на нашите јужни соседи. Ова треба да го има предвид господинот Нимиц и учесниците од обете страни во преговорите за името на нашата татковина.

Hoc dicendum et demonstrandum est
(Ова треба да се каже и да се покаже!)

Македонски духовни конаци
Проф.д-р Љубинка Басотова, класичен филолог
Претседател на Извршниот одбор на Конаците




Ova pismo-reakcija e objaveno na forumov so soglasnost dadena od avtorot.
 
Според мене битката не ни постоеше ....Тоа беа само патетични изливи на безконтрола на гупците до нас, користејќи го сето тоа да се заштитат себеси од немањето на сопствена историја,корени....
Како второ, нашата трпеливост како народ уште еднаш се докажа дека ниту еден народ не може да се наметне себеси како влијателен одлучувашки фактор во историски правец...
Како трето, не ми е јасно зошто толку препукувања меѓу форумџииве...Очигледно е дека на некој му годат нереди па макар и на свој "зијан":toe:
 
Не знам шо се замарате.

Се знае ЗА ИМЕТО И ИСТОРИЈАТА И ЗА ОНА ШТО СМЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРЕГОВАРА!
 
uste 5 zemji ni falat da ne priznaat pod ustavno ime :) i pregovorite se izlisni . evropa e nasata kurva vavilonska :( ama i taa ke mora da se sooci so relanosta narecena MAKEDONIJA.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom