Новите предлози на Нимиц за името на Република Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

Кој предлог на Нимиц (од прифатливите) би го прифатиле?

  • Демократска Република Македонија

    Гласови: 113 29,0%
  • Независна Република Македонија

    Гласови: 173 44,5%
  • Ниту еден (образложете зошто)

    Гласови: 103 26,5%

  • Вкупно гласачи
    389
„Вашингтон тајмс“: Спор за името или етнички злодела
МИА
15.10.2007

Во август 1903-та македонските патриоти се кренаа против Отоманската империја. Додека ја добија македонската независност за ограничено време, беше јасно дека македонската национална свест е жива.
Денес, постои бесмислен „спор“ за иста територија, при што Грција го негира правото на Република Македонија да се нарекува со тоа име.
Во таа смисла, Грција не обрнува внимание на предупредувањето на Повелбата на ОН дека сите луѓе имаат право на самоопределување.
Основа за „спорот“ на Грција е дека Република Македонија наводно негува „територијални амбиции“ кон северна Грција. Грчката Влада исто така тврди дека Македонија ја проневерува „грчката историја“.
Република Македонија го измени уставот со недвосмисленото одрекување на какви било „територијални амбиции“, и ги смени националните симболи за да ги тргне „грчките“ врски. Но, бескомпромисноста на грчката Влада продолжува.
Вистинската причина за „спорот“ е тоа што, откако Грција насилно одзеде голем дел од историска Македонија по балканските војни во 1912-1913, го негира постоењето на македонскиот народ и безмилосно ја применува политиката на присилна асимилација. Овие акции содржат геноцид согласно Конвенцијата за геноцид од 1948 година (на која Грција е обврзана).(основа за тужба против Грција доколку владата има мадиња)
Поконкретно, грчката Влада малтретираше, затвораше и дури и ги измачуваше оние кои зборуваа македонски или го применуваат нивното културно наследство.
Грчката Влада исто така насилно ги менуваше имињата на градовите, дури и имињата на надгробните плочи од нивните вистински македонски имиња во „грчки“.
И како што е документирано во последните извештаи за човековите права на Стејт департментот на САД, Грција дури и го одби влезот во Грција на американски државјани, родени во Грција, но чии имиња не се „грчки“ (на пример, Гацулис е „грчко“, но Гацова не е).
Грција ги презеде овие чекори „со намера да уништи, во целост или во делови, национални, етнички, радикални или религиозни групи“... „со предизвикување сериозни телесни или ментални повреди на членовите на групата“ или „намерно нанесување на такви услови за живот врз групата со цел да се предизвика нејзино физичко уништување во целост или во делови. (Конвенција за геноцид, Член 2).
Независната македонска држава е анатема за Грција бидејќи е срамно потсетување за неуспешните обиди на Грција да го избрише македонскиот народ.
Оваа политика доведе до масовни миграции на македонскиот народ во САД, Австралија и Канада и за жал и на некои Македонци кои себе си се идентификуваа (барем јавно) како Грци.
Меѓународната заедница ја одби деспотската позиција на Грција: над 120 земји, вклучувајќи ги САД, Канада, Кина и Русија, ја признаа Република Македонија со нејзиното уставно име.
Всушност, и самиот грчки врвен дипломат во Република Македонија Дора Гросоманиду на 8 јули за „Фајненшл тајмс“ изјави дека „Грција мора да се соочи со новата реалност, бидејќи... Република Македонија е признаена под нејзиното уставно име (Македонија) од повеќе од половина членки на ОН“. Грчката Влада ја повлече уште наредниот ден.
Грчкото лоби продолжува да погрешно да го претставува „спорот со името“. Неодамна, почна кампања за да ја поткопа одлуката на владата на САД за да го признае уставното име на Република Македонија.

Лобито го стави ова прашање пред американскиот Конгрес барајќи пат за законодавна резолуција цитирајќи разни грчки погрешни интерпретации. Нивните лажни аргументи вклучуваат дека Македонците се Бугари или Срби и дека Македонија е рај за терористи.
Тврдењето дека Македонците се Бугари или Срби е лажно и наметнато. Етнографите и историчарите заклучија дека Македонците се посебен народ.

Тврдењата на Грција исто така се поткопуваат од историските податоци од грчкиот попис кои што откриваат дека македонскиот јазик е зборуван во северна Грција во 20-тите, и се смета како одделен од бугарскиот, грчкиот и српскиот.
Натаму, грчката Влада во доцните 20-ти објави, но подоцна ги забрани и запали, неколку илјади учебници по граматика за македонските ученици, напишани на македонски.
Уште едно лажно тврдење на Грција, кое што се јави во конфликтот во Македонија во 2001, е срамното обвинување дека Македонија е рај за терористи.
Спротивното е вистина, Македонија е цврст сојузник на САД, особено во војната против тероризмот. На пример, Македонија распореди, набрзо по 11 септември 2001-ва, околу 200 трупи во Авганистан и Ирак.
Дополнително, преку нејзините напори за градење демократска, прозападна држава со слободен пазар, Македонија е посочена за влез во НАТО.
Додека чувството кон САД во Македонија е позитивно, спротивното е точно во Грција, при што редовно се рангира на дното на анкетите за однесување кон САД.
Во јануари 2007-ма, американската амбасада беше погодена од ракета од грчка терористичка група „Револуционерна борба“, која произлезе од озлогласената марксистичка терористичка група „17 Ноември“, која што уби неколку американски дипломати и воен персонал, вклучувајќи и висок претставник на ЦИА.
А сепак, иронично, ние треба да поверуваме дека Македонија е рај за терористи и дека Грците се проамерикански настроени.
Република Македонија стори повеќе од доволно да покаже дека не негува аспирации за грчката територија. Време е Грција да се однесува одговорно и да го прекине грдото коцкање насочено кон покривање на нејзините злодела. Логично е оние чии корени се во Македонија да се идентификуваат како Македонци.
 
Пред малку направив блог за Демократските Европејци да научат уште нешто за Грција, а не само она што тие им го сервираат. Се разбира тука се и Борат и Дора Бакојани. Па покрај интересниот текст може и да се гласа дали Грција денес заслужува да биде припадника на демократска Европа. Па ако некој сака...
Може да го направи тоа ОВДЕ.
 
Oдлично направено,само текстот требало на англиски да се тилтува зошто ние го знаеме сето тоа ама оние кој не го знаат не разбираат Македонски.
 
Гледам никој не ја коментира изјавата на заменик министерот за надворешна политика на САД кој многу дипломатски ни кажа дека без решение прифатливо за двете страни нема влез во НАТО и освен тоа дека (пак во ракавици) забелешките на Атина се основани.

За крај ќе дојде тоа што Конкрете го збори цело време дека се е само плакнење очи и дека ни НАТО ни ЕУ не се на македонската (европската) агенда во блиска или подалечна иднина.

Турција по се изгледа ќе ги залади односите со САД што значи дека во Империјата нешто се случува а тоа нешто нас дефинитивно не ни оди во прилог.

Време е да почнеме да размислуваме како до успешен развој без НАТО и ЕУ.
 
Атињаните едноставно ќе мора да го прифатат фактот дека ние постоиме и ќе постоиме во рамките на сите организации и како нивни соседи.

Без разлика дали на нив им одговара или не.

Мене ме чуди само една работа, зошто побогу изминативе 17 години нашите влади упорно молчат и од време на време ќе пуштат некој безначаен дипломатски „гулаб“ и пак се сведува на молчење и слушање на заканите од атињаните...Имаме факти, имаме аргументи имаме човекови права кои одат во наш прилог...Имаме држави кои стојат на наша страна...

Или дипломатскиот кор е тиња, или нема муда и крајниот заклучок е дека е продаден...Што би било?

П.С. Не случајно Турција ги заладува односите од САД...пак има и тука улога еден нивен поморски сосед...
 
Или дипломатскиот кор е тиња, или нема муда и крајниот заклучок е дека е продаден...Што би било?

П.С. Не случајно Турција ги заладува односите од САД...пак има и тука улога еден нивен поморски сосед...

1. Најверојатно се сите три во прашање, но тоа би значело дека сите ние се замајуваме со ЕУ и НАТО исто како кога еден селанец од Долнодупени би се надевал дека ќе стане британски лорд.

2. Може да значи дека Империјата набргу (веднаш по изборите) ќе ги залади односите со Македонија (Турција е само предвесник) што значи дека уште сега треба да се прават стратегии што потоа.

За мене се ЕУ и НАТО веќе отпишана работа, минато..
 
Силен, јас мислам дека така само не заплашуваат, мора да се остане на нашиот став, името не смее да се смени бидејќи ако го продадеме името ќе го изгубиме и идентитетот, како што рече Трн, имаме факти и аргументи сега треба да докажеме колку сме тврдоглави и непопустливи
 
Која е таа Русија?
 
А можно е нашиве ‘‘политичари‘‘ да прифатат некое мнооогу подруго име за нашаВА Македонија. Така? Е, не можит некако ние пред тоа да го направат да направиме нешто? Да им укажиме барем дека не сакаме друго име без разлика на шо. НЕ!?:mhmh:
 
Јас еднаш кажав...До крајот на животот ќе си ги бранам интересите и идентитетот на мојот народ, како и историјата. Но ако останам последниот мохиканец во таа борба, прв ќе бидам што ќе покрене иницијатива да се смени име, знаме, историја, култура, обичаи, јазик, писмо, политика.

Земја: Марсија
Националност: Марсовци
Религија: Warner Bros.
Историска личност: Marvin the Martian
 
Земја: Марсија
Националност: Марсовци
Религија: Warner Bros.
Историска личност: Marvin the Martian
Се прашувам и тогаш дали ќе не остават на раат или пак ќе се најде некој од соседиве да не негира:pos:
 
Не е муабетот дали името ќе се смени, јасно е дека нема да се смени (барем не сега и не званично).

Се работи што после сонот наречен ЕУ и НАТО?

Ќе дојде ден, ќе поминат и март и јуни 2008 и ќе стане јасно дека НАТО е далеку а ЕУ уште подалеку.

Каква стратегија ќе изгради Македонија за следните 10-15 години? Кои земји ќе ни бидат стратешки партнери? Русија никогаш не ни била сојузник, ако нешто се сменило мене не ми е познато.

Дали привилигирано партнерство како што и нудат на Турција е решение за нас, не знам, само стратегија треба и мора да се има за да не биде после „ама никој не ни кажа!„
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom