Ова е моја претпоставка за иднината. Можи ќе погодам нешто ама можи и не.
Нови цигли што се вклучуваат на училишни табли се пропаднат бизнис. Поточно бизнис чиј раст (прв извод лол) се намалува за по некое време да стагнира и за на крај да се добие негативен раст.
Сегашниве поскапи телефони се патот до новите конзоли. Пример новото нинтендо не за џабе има еден мал екран на него, оти веројатно испланирале дека поголемиот дел од игрите ќе се играат на тој помалиот екран. Значи идните конзоли во некој си основен режим ќе се играат „на мало“ со незадолжителна можност да се приклучат „на големо“.
Уберхиперфоторелистична графика? Никој не ја бара освен некои кои се во мал број. И да се направи конзола за нив ќе биде за ограничен пазар, niche market што викаат американците. И како во сите такви пазари, цените ќе бидат високи.