- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.592
 
	Herman Van Rompuy
Извршната власт на државата ЕУ се состои од “Еврокомесари’’ кои имаат моќ да ги надгласаат националните закони и одлуки на земјите членки. Притоа секоја земја нема свој Еврокомесар, туку бројот на комесари изнесува 2/3 од бројот на земјите членки во ЕУ.
Евро-комесарите се назначени од челниците на владите во земјите членки.
Новата ЕУ држава не е демократска. ЕУ има парламент, но тој нема законодавна власт ниту пак служи да ја контролира извршната (претседателска) власт во ЕУ.
ЕУ е всушност картел кој се состои од 27 влади чии претставници донесуваат закони и одлуки -- се почесто зад затворени врати, наместо во нивните парламенти.
И изборот за претседател на ЕУ сега се одвива зад затворени врати, но речиси е сигурно дека тоа ќе биде Белгискиот премиер Herman Van Rompuy.
Ангела Меркел и Николас Саркози изјавиле дека ќе го поддржат, а одлуката на Германија и Франција е пресудна. Ќе одлучат откако ќе ја прослават 20-годишнината од паѓањето на Берлинскиот ѕид.
http://www.telegraph.co.uk/news/wor...puy-could-clinch-EU-presidency-on-Monday.html
Белгија е супра-национална држава (наднационална?), создадена од Европските држави во 1830 год -- речиси истовремено кога се измислени Грција и Бугарија -- од две нации, Фламанци и Валонци. Белгија, чиј главен град Брисел е главен град на ЕУ, сега служи како државотворен модел за тоа како ЕУ како да се изгради во супра-држава од постоечките 27 нации.
Ако Белгија е моделот, тој модел се карактеризира со немање транспарентност и одговорност, корпоратизам и често отворено кршење на законите за политичкиот естаблишмент да си ги оствари своите планови и програми. Прв и основен проект на таа политичка елита е како да не се распадне Белгија, која им носи огромен профит.
 
	 
 
		 
 
		 
 
		 :pos2:
:pos2:

 
 
		 
 
		 
	