Нови провајдери?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Јас скоро прочитав во КАПИТАЛ, дека наскоро на пазарот се очекува нов интернет провајдер кој воедно ќе дава услуги од фиксната телефонија како и кабловска телевизија. Се работи за некоја извесна бугарска фирма, која преговара да ги купи сите кабловски опаратори во Македонија, со што услугите би биле достапни низ цела Македонија. Преговорите до сега добро иделе и се очекува наскоро да почнат да нудам услуги на пазарот во Македонија.Цената по која ќе ги даваат овие три услуги (во пакет) најевоно е да биде околу 20 евра месечно по корисник.
 
Fala za informacijava !
Redno ke e nekoj pamet da im dotera da nasive lakomi provajderi....pola bugarija e u lan so optika vrzana, tuka za FTP server treba da cekas godini da pominat.
 
city напиша:
Јас скоро прочитав во КАПИТАЛ, дека наскоро на пазарот се очекува нов интернет провајдер кој воедно ќе дава услуги од фиксната телефонија како и кабловска телевизија. Се работи за некоја извесна бугарска фирма, која преговара да ги купи сите кабловски опаратори во Македонија, со што услугите би биле достапни низ цела Македонија. Преговорите до сега добро иделе и се очекува наскоро да почнат да нудам услуги на пазарот во Македонија.Цената по која ќе ги даваат овие три услуги (во пакет) најевоно е да биде околу 20 евра месечно по корисник.

Зошто оваа информација ја нема во Капитал? И претходно на форумов се дискутираше за ова.
 
Андроник напиша:
Зошто оваа информација ја нема во Капитал? И претходно на форумов се дискутираше за ова.

како мислиш ја нема? на веб страната,мислиш?ако збориш за веб страната сите информации не ги ставаат на веб.а извинете не знам ека се дискутирало.
 
Еве пред мене држам две копии од Капитал и неможам да најдам ништо околу ова. Кажи ми поточно на која страна да погледнам.
 
Абе информацијава не е во некој од поновите бореви на капитал,јас ја прочитав може пред скоро еден и пол месец, накеде беше на средината на Март.
 
eve uste edna informacija:

Бугарската телекомуникациска компанија "Кабел тел" ќе нуди интернет телефонија во земјава, дознава "Вечер". Компанијата во која има американски капитал, според наши информации веќе има купено неколку кабелски оператори. Американците пред извесно време ги снимале состојбите во кабелските телевизии во земјава. Правниот застапник на "Кабел тел", Дејан Станковски ја потврди информацијата, но не открива детали. - Точно е дека "Кабел тел" е заинтересирана за кабелските оператори. Со претставниците на компанијата се сретнав неколку пати. Засега не можам да ви кажам ништо повеќе за нивните планови - вели Станковски. Од Здружението на кабелските оператори велат дека бугарско-американската компанија веќе води преговори со неколку кабелски телевизии. - Некои од кабелските оператори веќе имаат потпишано преддоговори. Но, според мои информации, досега официјално не е откупен капитал во ниту еден оператор - вели Лиде Голубова, претседател на Собранието на кабелски оператори. Сопствениците на скопските кабелски телевизии што ги контактиравме молчат за планот на "Кабел тел". Единствено сопственикот на "Зора кабел" од населбата Илинден, Стојан Ѓоргоски, потврди дека претставници на компанијата уште во февруари годинава биле во обиколка на неговата телевизија. - Американците се заинтересирани да влезат во земјава преку кабелските оператори. Покрај интернет, преку нив сакаат на граѓаните да им понудат и интернет телефонија - вели Ѓоргоски. Со влезот на оваа компанија, која има седиште во Бугарија и ги поседува поголемите кабелски оператори во оваа земја, според доброупатените во оваа проблематика, ќе згаснат домашните кабелски телевизии. - Вакви компании размислуваат за регионален пазар од најмалку десет илјади корисници. Освен за Македонија, "Кабел тел" е заинтересиран и за Албанија и за други земји од регионот. Се очекува да понудат пакет услуги по многу пониски цени - коментираат доброупатените. Освен "Кабел тел" уште една бугарска компанија е заинтересирана за нашите кабелски оператори. Станува збор за инвестиционен фонд од Велика Британија, кој има отворено своја филијала во Бугарија.
 
http://www.wnet.com.mk/

Моментално најевтиниот провајдер на пазарот..:pos: :pos: треба да си ептен богат и дупло глуп за да станеш нивен корисник...check it out...
 
TpH_Bo_OkO напиша:
http://www.wnet.com.mk/

Моментално најевтиниот провајдер на пазарот..:pos: :pos: треба да си ептен богат и дупло глуп за да станеш нивен корисник...check it out...

Е добро де релативно добри се цените за тоа што го даваат има и бетер од нив.
 
Не сум сретнал досега некој што дава толку малце, за толку многу...покрај мт.нет
 
Во Тетово има пуштено WiFi интернет од еден бета провајдер, моментално е за одреден круг на корисници.Се знам со газдата на провајдерот. Не сум го испробал интернетот ама се фалат луѓево.
 
TpH_Bo_OkO напиша:
http://www.wnet.com.mk/

Моментално најевтиниот провајдер на пазарот..:pos: :pos: треба да си ептен богат и дупло глуп за да станеш нивен корисник...check it out...

Ke puknam od smea.... ZAMISLETE ova da e edinstven provajder u nekoja zemja da ne recam drzava, so standardi ko nashive...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom