А морфеус...има ли шанси за постигнување на четвртата космичка брзина....мислам многу тешко тоа сега засега со оваа технологија ,ама и да биде безбедно?
Мора да се оди на нов погон,ама....буџетов на русите 500 милиони малку ќе да е...скептик сум,со тој буџет тешко до успех.
Не толку до технологијата......
До човекот е повеќе, од една страна организмот не е во состојба да издржи големи забрзувања а од друга страна е проблемот на долгото потребно време ( и се што се јавува како последица на долгото време) на постигнување на брзината со мало (подносливо, под подносливо се мисли на 1G) забрзување.....
Ако зборуваме за патување низ сончевиот систем, времето не е проблем (Ако се патува со брод како во проектите Орион или Дедал). Забрувањето. Ако биде забрзувањето постепено, на пр. постојано да имаме 1G повторно ќе се постигнат огромни брзини бидејќи бродот континуирано ќе забрзува. Само во ниеден момент да не се надмине 7G кое што е критично... За безбедноста на екипажот, не гледам како би се заштитиле од зрачење. Ако се успее соодветно да се изолира екипажот, бидејќи кај вакви бродови масата е помал проблем. Секогаш можеме да додадеме повеќе на погонот, за да компензираме од масата... Но ако се работи за брод без екипаж, ги немаме сите овие проблеми.
Инаку освен проектот Орион постојат и други проекти, но надвор се од нашите моментални технолошки можности. На пример Дедал.
http://en.wikipedia.org/wiki/Project_Daedalus Но и со Дедал нема далеку да стигнеме.
Ни треба нешто друго. Теоретски можеме да одиме само под брзината на светлината. Ова е веќе научна фантастика, но добро... Ако научиме да произведуваме доволно антиматерија и ако најдеме начин да ја изолираме од околната материја.... Во моментов во акцелераторите можеме да произведуваме само поединечни антипротони, антинеутрони, позитрони... дури и поединечни антиатоми на водород...
И така, кога ќе ги решиме овие проблеми ќе бидеме во можност да ја оствариме новата нуклеарна реакција ткн. анихилација која што настанува при контакт на материја и антиматерија. И кога ќе направиме ваков брод ќе можеме да патуваме со брзина која што ќе биде нешто помала од брзината на светлината. Со тоа ќе можеме да ги посетиме блиските ѕвезди... Брзината на светлината е ограничување според теоријата на релативност. А и масата на бродот расте со приближување на брзината на светлината..
Но ни со овој научнофантастичен концепт нема далеку да стигнеме. На нас ни е потребно нешто многу побрзо од брзината на светлината, а тоа е надвор од теоријата и од физичките закони. И сега материјата е ограничена со брзината на светлината, но просторот.... На почетокот на големата експлозија вселената се ширела со брзина поголема од брзината на светлината... Имаше некој научник (или СФ писател најверојатно

), некоја идеја... Ај ако најдам нешто дополнително ќе постирам...