Нов Seat Leon или Audi A4 од 2002?

  • Креатор на темата Креатор на темата iPravnik
  • Време на започнување Време на започнување
Еве ти нешто идентично на тоа што го бараш ако не можеш да си дозволиш повеќе од 12 000 евра

Seat Ibiza 1.4 Stylance

Мотор 1400цц
Клипови 4
Силина 85 КС
Брзини 5
0-100 км/ч 11,9 сек
Макс.Брзина 180 км/ч
Потрошувачка 6,4 л
Опрема:ABS, 2 воздушни перничиња, електрика на прозори, централна брава со далечинско, радио со CD, 5 врати.

11 990 евра

Меѓутоа кога ќе отидеш во КА-ДИС ќе ти речат дека тој модел го немаат на лагер па ќе ти понудат нешто со повеќе опрема. На пример: airgab за совозач(230е), сензор за дожд(120е), ксенонски светла(700е), сончев покрив(560е), металик лак(300е). Како и да е ќе ти извлечат уште 1 000 евра.

Па затоа ако сакаш строго до 12 000 евра јас би ти препорачал Mitsubishi Colt
 
http://pazar3.com.mk/ViewItem.aspx?itemId=227285
Еве ти што бараш.
За 6 години има 180 000 км поминато. Значи дека е донесено од Германија. Знаеме дека бугарите носат секојдневно шлепери со хаварисани возила од бугарија. Ќе ги нашминкаат и сиромавиот 2 пати плаќа.
Имај во предвид дека во наредните 10 години ќе дадеш неколку илјади евра за поправки.
Ако купиш Леон од 15000-16000 евра во наредните 10 години нема да дадеш скршен денар за поправки.
Па ти види си ја математиката.
За истите пари сакаш да возиш канта и коска.
Колку и да го поправаш старото си е старо и нема да биде како ова фабричково кое што сам ќе си го "скинеш".

Другар тука грешиш. Колата ќе си ја види на мајстор човекот, да се провози добро и доколку има маана ќе си ја покаже после ден-два возење. Кола така се купува. Ја земаш ја возиш ден-два и ако е ок ја земаш.
Јас лично би одел на Ауди-то (исто како во еден сличен пост во форумов). Можеби спрема леонот сега е старо аудито ама ајде ќе се прашаме после 5-10 години кое е постаро и кое колку од својата цена изгубило. Леонот после 5 години ќе биде 7-8 илјади евра а аудито ќе биде пак 10 000 евра. VW и Audi се производители кои не губат на цена како другите. Отвори огласи кај нас да видиш колку отров цени држат golf 4 иако се веќе по 8-10 години стари.
 
А ти си знаел ли дека Сеат, VW, Ауди, Шкода, Порше и Бентли се една иста групација. Посебно Сеат и VW се рамо до рамо и прават коли од исти класи. Lupo=Arosa, Polo=Ibiza, Golf=Leon и ако може да се спореди Passat=Toledo.
 
Па?

VW губи помалку од цена одколку Сеат нема врска што се иста групација и делат иста платформа

BTW го заборави и Ламборгини...

Audi > VW >Seat :smir:
 
еј моја препорака е да размислиш за Seat Cordoba 1.4TDI колата е сосем доволно голема а и добро изгледа плус имаш дизелаш со 80кс ( машината е од VW такви мислам дека се ставаат и во VW polo ) исто така за разлика од бензинецот ( Seat leon 1.4i) ке имаш многу помала потрошувачка а разликата во силата нема ни да се осети затоа што бензинецот има 5кс повеке но дизелот има повеке Nm и кошта околу 11500-12000е ( на сајтот пишува дека е 13000 но пред 1-2 месеци еден пријател зеде за 11500-12000 тие цени на сајтот се застарени )

за тоа дека за некое време ке изгуби на својата вредност не се многу секирај затоа што ти сигурно нема да правиш бизнис со купување и продавање на коли :pos2: а ако добро си ја одржуваш колата може да ти трае многу години а и биди сигурен дека во првите 5-6години нема да имаш некои посериозни сервиси ( само уље филтри каис и слично )
 
Cordoba-та ти е Ibiza со опашка.
Ibiza-та има должина 395, а Cordoba-та 428.
Разликата во цената е 1 000 евра.
Имаат иста потрошувачка.
 
hebocig а тогаш ај кажи ми зашто после 5 години од купување на колата сеат и шкода изгубиле 40-50% од својата вредност а vw само 10-20%. Они се иста групација и под иста капа но јас му препорачав на човекот затоа што ауди и vw не губат на цена па ако се реши покасно и да ги продаде нема ништо да изгуби.
 
ке изгуби но многу малце, сепак не е ништо
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom