Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.625
- Поени од реакции
- 9.156
- Возраст
- 40
Професионалните војници на АРМ, со поддршка на припадниците на безбедносни сили од здружението „Достоинство“, в недела со протестен марш пред Владата и Собранието ќе бараат решавање на нивниот статус. Професионално вработените во армијата бараат да останат во војската се до исполнување на условите за пензионирање. Ако тоа не биде прифатено, како алтернативно решение предлагаат - по завршувањето на договорите во АРМ да бидат вработени или во полицијата или во други буџетски установи.
- Учествував во конфликтот во 2001г. Професионално работев 7 години во АРМ, пред два дена се раздолжив со униформата. Родител сум на три деца и останувам на улица – вели Моне Марков професионален војник.
- Собирот ќе биде пред Соборната црква, од каде ешалоните ќе се упатат кон Владата и Собранието каде што ќе се одржи протестен молк – вели Стојанче Ангелов, од „Достоинство“.
Министерот за одбрана Зоран Коњановски вели дека „Достоинство“ и професионалните војници не побарале средба со него за нивните барања.
- Јас тоа и порано го најавив – за одредени војници можеби и ќе понудиме некои законски решенија, меѓутоа тоа е тоа, горната граница е 38 години. Пред се тоа го правиме заради безбедноста на самите војници кои учествуваат во мировните мисии – рече министерот Коњановски.
Професионалните војници велат дека само во Македонија од земјите во регионот не е решен статусот на оваа категорија. Според нив, тоа што го бараат, нема да го оптовари буџетот зашто станува збор за граѓани кои се вработени во армијата и по завршување на договорите, како што велат, сакаат да останат таму се до исполнувањето на условите за пензија.
Барањата на „Достоинство“, што Парламентот неодамна не ги изгласа, остануваат исти меѓу кои - предност при вработувањето и бесплатно здравство.
извор:Канал 5