Нов формат на Лига на шампиони

  • Креатор на темата Креатор на темата bingo
  • Време на започнување Време на започнување
А нејќеш некогаш дур си ти жив да гостува Интер на Градски?


Тоа е ок да,сум да им се даде шанса и на помалите клубови,но нека постои Интертото,така сите клубови ке имаат шанса за излез на Европска сцена така?
 
Имено, добро ќе им дојде и на лигите со 4 члена во ЛШ ако се смени ова. Сите кандидати за Европа ќе се испоколат за тие 3 места, и конкуренцијата ќе биде значително зголемена внатре во истите. Плус ние ќариме, пошто јаки екипи ќе доаѓаат на овие простори и ќе си одиме на утакмици. Плус нели е глупаво од 32те екипи во ЛШ дури 6 да се од Англија и Шкотска? Демоде е веќе...
 
Ако почне тој Платини да се занесува многу и да форсира Источна Европа бидејки таа го избра големита клубови Г14 ке си формират свое првенство

Мислам сегашниот формат не треба да се менува кој е квалитетен може да влезе што ние да не заслужуваме да влеземе со играчи кои земаат помалку од чистачите на големите тимови

Ако големите клубови формират своја лига нешто како НБА кај што никој не испаѓа се знае кој се сигурно нивното првенство ке се гледа повеке отколку на пример Лигата на Шампиони без големите клубови но со Батеборисов,Омонија нека си ја гледа неа Платини:tapp:

Левски минатата сезона со 6порази доби 12мил евра.
И тие "мали" клубови, за 10-15 години ако константно влегуваат во ЛШ тогаш и тие ке станат како "големите" клубови. Со тоа играчите во "просечните" клубови во Италија, Шпанија, Англија ке се преселуваат во екипите кој константно играат во ЛШ(Левски и други...али за 10-15год), така тие клубови пополека ке почнат да победуваат и така ке се направат повеке атрактивни лиги со светот.

Еве земи пример Олимпијакос и Фенербахче...клубови кој полека со игрите во Европа заработија многу пари и купуваат познати играчи...во можност се да исплатуваат високи плати, и нормално е дека играчите ке сакаат да доаѓаат.

-Добар му е планот на Платини, може во почетокот нема да биде толку атрактивно како сега али со тек на време ке биде уште поатрактивна од сега...само треба многу време
 
Дај не зафркавајте...
Од тоа демек му се парите на Фенер и на Олимпијакос???

Па газдите на тие клубови ПОЛНИ СЕ со ПАРИ!!!
Овие другите тимови што влегуваат во ЛШ, гледаат само што е можно повеќе да заработат. Па еве пример АРТМЕДИЈА(тие што пратат фудбал нон-стоп ќе се сетат). Успеаја да влезат во ЛШ, и изиграа ОК. За тим за кој скоро сите првпат слушнаа ИЗИГРАА ОДЛИЧНО. И што се случи, клубот ги распродаде сите играчи, следната години беа ДАЛЕКУ ПОЛОШИ и? Така се градат тимови? Слично нешти да се случи со Работнички пак истото ќе го направи газдата, ќе заработи пари и толку од клубот!


Убаво, атрактивно да. Еве да дојди Барса, Интер или Челзи во Македонија би било добро. Ама не им се исплаќа на големите клубови и како што ви кажа Мите(одма што му рипнавте) г-14 ќе си отвори свое натпреварување.

Уствари ваква споредба да направам. Платини ти е нешто налик на Еклстоун. И Еклстоун сакаше да ја смени формула еден, но тој е само еден човек)можеби зад него стојат милиони но тој тие милиони ги добил од тимовите), така да кога разбраа за тоа големите тимови Ферари, Мекларен, Рено, Хонда одма се спротиставија. ИСТОТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ и овде. Решава г-14 не решава Платини.
 
Раков јас ако си квалитетен и сега ке влезеш еве сега Украина има 2 тима таму се фрлаат милиони во Фудбалот исто и во Русија и Турција
за некој од нашето првенство да влезе треба да имаме јако првенство нашата лига не е од рангот на Италијанската Ц1

Добро рече прво треба да се формира квалитетна регионална лига но и таа лига ние пак ке сме ништо пак ке одат Партизан и Звезда а ти оди таму да ја осетиша атмусвера бидејки кај нас нема шанси да се случи тоа или ке може гледам многу јаки екипи имаме Милано Башкими

Може еден ден ке го пречекаме Реал

Лефски лани заработи 5 милиони евра и виде колку инвестира ништо ни Тампере не можеа да го поминат

Ако Олимпиакос се јаки од лигата на шампиони врска немаш како рече Јове тие имат милијардери газди кои покриват милионски загуби и се во фудбалот од кеф не за заработка

Еве Интер што оти се во ЛШ кога Морати покрива загуби од 180 мил за една година тој е во интер од љубов не за пари
 
Јове...Ботатите газди, на фенер и олимпијакос што мислиш зашто ги купиле тимовите...дека тие играат секоја година во Европа, зима клубот големи пари и тоа им се исплати на тие богати газди...

едит- Епа затоа викам, треба многу време да се поправи ситуацијата...ако некој македонски тим еднаш влезе во ЛШ ке се опарат и ке се донесат некој нови подобри играчи и тимот ке има повеке шанси пак да влезе во Уефа или ЛШ

Добар му е планот али тешко да се реализира.
 
ОФФФФФФФФФФ Диме дај слушни се, жити се. Не разочарувај со вакви мислења. Па секоја година се повеќе во минус влегуваат, ама барем се крева тимот кон врвот, кон Европа. Тоа можи само со ФИНАНСИСКИ ЈАК газда. Ретки се случаите кога со просечен тим ќе стигниш да играш во ЛШ. И прочитај пак мојот пост едитиран е(примерот со АРТМЕДИЈА) и размисли пак.
 
Може некој да ми каже кои тимови се во Г-14?
 
Може некој да ми каже кои тимови се во Г-14?


Тоа ти е здружение кое уствари управува со фудбалот... Каква УЕФА, клекна УЕФА уште лани/преклани кога попуштија за тоа платите и репрезентациите. Имаше повреда на главниот играч на некој тим од Белгија не се сеќавам сега, и зборот ми беше. Г-14 застана зад тимот и побара од УЕФА репрезентацијата да ја плаќа пнеделната плата на играчите кои се повредуваат за време на репрезентативните обрски. Така Англиската ФФедерација плаќаше за Овен по 100 000 фунти неделно за Овен. Бидејчи клубовите даваат МИЛИОНСКИ суми за играчите а за репрезентација се повредуваат и потоа не можат да игаат со месеци!


Еве ти ги Г-14

АЈАКС МИЛАН Б.Дортмунд БАРСЕЛОНА БАерн М. ИНТЕР ПОРТО ЈУВЕНТУС ЛИВЕРПУЛ МАНЧЕСТЕР Ј. Олимпик Марсеј ПСЖ ПСВ РЕАЛ М. Арсенал Баер Левер. ЛИОН ииии ВАЛЕНСИЈА.
 
абе јове ок, али нејкеш ти да се подобри македонскиот фудбал ? нејкеш да доаѓаат Барса-Интер-Милан... во скопје ?
Сигурно вака ако продолжи никогаш нема да се подобри мак фудбалот...ти очигледно сакаш да гледаш дербиа на ТВ, а нејкеш гиганти во СК :)
Што ти е гајле ако се бинат тимовите...ова Платини за нас "помалите земји" го прави

знам дека тешко ке се прифати ова али тоа е...вреди бар да проба да смени нешто
 
i agree with jove.во лига на шампиони играат најаките тимови,како што реков можеби ние сакаме да го глеадаме вардар,работнички итн во лига на шампиони али ретко кој друг сака.Дали некој би гледал како играат Вардар-Реал на пример,или Реал Арсенал ако веќе се исфрла четвртото место.
 
Добро, така нека биди. Уште сонувајте дека со вакви клубови ќе играме во Европа. Кога ќе се смени се и кога на чело на ФЕДЕРАЦИЈАТА ќе дојди човек што сака да ја види МАкедонија во Европа а не Евра во својот џеб, тогаш заедно ќе ја гледаме Барса на Градски.


да се надоврзам за г-14, ако ги пребројавте има 18 клубови бидејќи во 2002 се прошири Г-14 за плус 4 клубови: Арсенал, Валенсија, Лион и Баер Л.
 
не ве свакам...што ви е гајле што сакаат другите....од сето ова ние ке профитираме, за нас подобро...
 
не ве свакам...што ви е гајле што сакаат другите....од сето ова ние ке профитираме, за нас подобро...
сакам да ти кажам дека идејата нема да му се оствари,ништо друго.и не верувам дека и така да биде клуб од македонија ќе успее.ако грешам можда ќе гледаме некат финале милано милан
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom