Норвешка-Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Zemzela
  • Време на започнување Време на започнување
абе имаме шанси ако ја тепаме норвешка а шкотска изгуби од холандија тогаш ке имаме исти бодови со шкотска за 2 место

Да ама оние во меѓусебните дуели имаат дадено два гола ние еден!
 
После денешниот натпревар не сум баш оптимист :/
 
Ееее стварно од вакви постови ми се :pov: аман бе се нешто не ви чини се сме ние најслаби,па не можеме да бидеме во се прваци,спуштете се на земја,дечките солидно изиграа,немаа среќа да постигнат гол тоа е...никој не кажува дека во Скопје од единствената шанса дадовме гол,ама тогаш победа никој не го интересира играта :toe: мене ме радува пристапот на фудбалерите коишто воопшто не се бранеа,беа и подобри во првото полувреме но немавме завршница,затоа мислам дека со Норвешка овојпат среќата ќе не послужи...:olee:

Абе не ми се чини дека во се сме најслаби, факт е дека сме најслаби,спореди не со соседиве сите во секој спорт се пред нас, ние како паразити. Ама кога се нема стратегија за спорт тоа е!
Дечките солидно играа против просечна репрезентација, а за среќа може да се нема една две утакмици, не вака од 2007 во гости гол не дале, тоа не е недостик на среќа. А пристапот многу беше добар, играј отворено не е важно дали ке загубиш, така цело време. Ама не е важна играта резултатите се памтат.Кога ке видиш две тешки победи над Исланд и Шкотска и многу добро одиграни натпревари, се на се 7 бода, срамота.
А за во Норвешка не ни треба среќа, ке и треба на овие по едно нитро барем некој да истрча над 7 км, не да се исфураат 25 мин па да се вадат на нив.
 
Не се гледа меѓусебен дуел сега.
Има шанси за 2ро место ама тешко дека ќе води во бараж..

Па мислам ако имаат исти бодови тоа се гледа, незнам може!
А за бараш отида шансите, незнам и дали другиве од наша група, поточно Шкотска ке има шанси, последно коло со Холандија.
 
Катастрофален пораз од Норвешка, има така да не растурат, шо нема да знаат која година сме...
 
Катастрофален пораз од Норвешка, има така да не растурат, шо нема да знаат која година сме...

Ама ако изиграме добро како сега нема да го важиме, пошто сме немале среќа???????
А за катастрофа мислам за овие е над 5-0, другото е нормално!!!
 
Ама ако изиграме добро како сега нема да го важиме, пошто сме немале среќа???????
А за катастрофа мислам за овие е над 5-0, другото е нормално!!!
Друже, играта е најмалку битна, најбитен е резултатот. Голем стап ако изиграме добро, ако не земеме три бода.
Иначе, еве од википедија како би го обезбедиле второто место:

Macedonia will ensure 2nd place if:
  • they defeat Norway AND the Netherlands defeat Scotland
Значи, треба да ги победеме Норвешка (да ме убиете не верувам дека ќе се случи тоа), а Шкотска да изгуби од Холандија (е тука можно е Холандија да сака да си има 100% учинок:))
 
Ќе играат нашиве викторија во Норвешка. Прво полувреме ќе издржиме, а во второ стандарт, паника кај Седловски и другарите, па мислам дека одамна не дале автогол, така да може да уплатам нешто!
 
Ако е Пандев у форма ко до сеа и биде нивниот најдобар играч како на мечот денеска имаме добри шанси да изгубимо. Со Пандев на клупа Норвешка е хендикепирана и ке имамо шанси:tv:
 
Незнам шо да кажам... типувам 7+ на овој меч и NG (Нема гол од едната екипа) :)
 
Јас во секој случај ќе навивам за победа. Па ако изгубиме, ќе ми биде криво, зашто ќе знам дека сум навивал за победа, а вие ликувајте што вашата сопствена репрезентација и држава сакате да губи, лузери низаедни!

Толку!
 
Пак ќе навивам за Македонија, сигурно нема да навивам за да изгубат. Најмногу од се што сакам е Пандев да даде гол, па да видам што ќе коментираат тие што го пцуеја вчера. Шанси за бараж немаме, ама барем достоинствено да го завршиме циклусот, барем со 3то место.
 
Со ваквата игра против Шкотска што ја играа очекувам или пораз или нерешено (0-0):jaj:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom