Нон Стоп

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Со оглед на тоа дека немаме тема за ова скопско рок дуо, еве една.
Иван Беќковиќ напиша:
Скопскиот двоец Нон-Стоп го сочинуваат Арбен - Бени Шаќири и Дарко Тасев. Овие млади луѓе практично ја започнаа својата соработка во лето 2000 година во студиото Ентерпрајз на Валентино Скендеровски, реализирајќи ја темата Без мудрости, со која, на 12 октомври дебитираа на Макфест 2000. Претходно и двајцата имаа респектирачко музичко искуство. Бени, како соло-интерпретатор имаше реализирано повеќе снимки, додека Дарко како гитарист членуваше во составот Октавијан, кој смени неколку постави, но за Продукција на МРТВ успеа да реализира еден носач на звук (аудио касета)
nonstop.jpg


Кога сме тука, кој најде видеа од Нон Стоп, има зелено од мене. Кој направи клип на јутјуб за “Ај ма пиши ми“ има пиво и зелени колку сака од мене... Ајде... че ве молиме :)
 
“Ај ма пиши ми“

Добра песничка...
Уствари... во принцип, не само таа... Генерално ми се допаѓаат нивните песни.



Ај ма пиши ми... кога ќе кажеш какво пиво :kez:
 
Лелеле сите по зелените се попалија, хаха

Бени е инетересно чоече, и арни песничиња имаат, али како пееа со Гиш у Маракана „Мотори“, тој момент никад нема да го забораам, лудило беше, пазете ситуција, Бени онаков нормлаен, а Гиш у зелен фустан, и кломпа и Мотори прштиииии, али многу добро беше уф! :vozbud:
 
Лелеле сите по зелените се попалија, хаха

Бени е инетересно чоече, и арни песничиња имаат, али како пееа со Гиш у Маракана „Мотори“, тој момент никад нема да го забораам, лудило беше, пазете ситуција, Бени онаков нормлаен, а Гиш у зелен фустан, и кломпа и Мотори прштиииии, али многу добро беше уф! :vozbud:

Неее бе, кое зелено.

Се надевам дека Виктор ќе се смилува, па наместо зелено, ќе дае едно (или две) Лашко црно :pipi:
 
Da dobar bend bea gi slusav i duri im go kupiv originalen albbumot a posle i bratucedka mi mi dade eden so avtogram od Dare i Beni taka da sea iam dva :pos2: Steta sto poveke na praat pesni.
 
Овие се единствени што ги поштуем од Македонија што излегле на телевизија.
 
Баш се добри Нон Стоп.Имам и дури едно цеде од нив :vozbud:
 
Легенди. Ги обожавам свирките на Бени :)
Во последно време песна од нив што најмногу ја слушам е "Скриена во сонот"
 
Стварно ми се допаѓаат овие.Омилени песни ми се Биди ми брат, биди ми френд и По навика.Таа втората посебно ми се допаѓа.
 
Легенди на македонската музика се нема што да кажам за нив сите песни им се добри особено како што кажа екзотик биди ми френд им е најдобра:).
 
Одлични се и двајцата.Само ми е криво што во задно време не се многу активни на естрадава.Немаат нови песни некако.Инаку се одлични.Бени е многу интересен како особа.Секогаш кажува што мисли.Ми се допагаат песните особено текстовите, полни со содржина и некоја порака, е тоа е веќе некоја уметност.Само нека се активираат многу повеке дека заслужуваат подобро место.

П.С Ја има некој таа песната Бени што ја пееше со едно девојче на Супер Ѕвезда поврзано со школскиот одмор и училиштето?
 
Штета што Даре више не е во Нон Стоп...
 
Понекогаш сум бил и груб,еве не викам нееее,никој не е светец цело време-ПО НАВИКА,најубава песна од НОН СТОП.Супер е групава
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom