Nokia отвора центар за развој на мобилни апликации во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата arheolog
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.095
Локација
СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска во Хелсинки се сретна со потпретседателот на Нокиа, Ерки Ормала на кого му ги претстави можностите што им ги нуди Република Македонија на странските инвеститори.

„На средбата со претставниците на Нокиа официјално беше договорено отворањето на регионалниот центар за развој на мобилни апликации во Република Македонија, кој ќе биде единствен од овој тип во поширокиот регион и ќе има директна соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ. Отворањето е предвидено за почетокот на јуни 2012 година“, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација.

Иницијативата за отворање ваков развоен центар беше потегната неодамна од Министерството за информатичко општество и администрација и локалната канцеларија на Микрософт во Македонија.

Соработката на Нокиа со ФИНКИ ќе се овозможи изготвување на модерни апликации за граѓаните на Република Македонија и пошироко во регионот и е од големо значење за домашната ИТ индустрија за поблиска соработка со еден од најпознатите светски производители на мобилни телефони, посочуваат од Министерството за информатичко општество и администрација.

За време на денешната посета на Финска, министерот Ивановски оствари средба и со финскиот министер за јавна администрација, Хена Вирканен.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija...azvoj_na_mobilni_aplikacii_vo_makedonija.aspx
 
Има кадар, има потенцијал....зашто да не....
 
Одлично, перфект идеа
--- надополнето: 4 мај 2012 во 16:10 ---
Секако не очекувајте да креираат апликации за Андроид, барем не на почеток.
 
Одлично, перфект идеа
--- надополнето: 4 мај 2012 во 16:10 ---
Секако не очекувајте да креираат апликации за Андроид, барем не на почеток.
nokia и android :facepalm: дај молим те
 
Одлично, перфект идеа
--- надополнето: 4 мај 2012 во 16:10 ---
Секако не очекувајте да креираат апликации за Андроид, барем не на почеток.

Не те разбирам што сакаш да кажеш, дали дека е комплицирано мн Андроид и не сме способни или нешто друго?
 
Фирма во пропаст ќе отвара центар за развој на мобилни апликации во Македонија.
Отлично.
 
Не те разбирам што сакаш да кажеш, дали дека е комплицирано мн Андроид и не сме способни или нешто друго?

Пред некое време Нокиа потпишаа договор за соработка со Мајкрософт, па според тоа логично е да го развиваат Windows Mobile OS, а не Андроидот.
 
Во тој случај Мајкрософт треба да отвори центар за развој на мобилни апликации, а не Нокиа.
Според последното што го читав околу таа фирма, сега веќе само на хардвер работи. Софтверот е или веќе откажан, или ќе се откаже за одредено време.
Мене ми изгледа ко да не заебава нешто министеров.
 
Па викат дека е ова иницијатива на локалната канцеларија на Микрософт во Македонија.Сигурно има меѓу нив некоја соработка.
 
Па викат дека е ова иницијатива на локалната канцеларија на Микрософт во Македонија.Сигурно има меѓу нив некоја соработка.
Е така може, се извинувам, не го прочитав целиот текст.
Значи ако се развиваат мобилни апликации за Windows, океј, ама Нокиа веќе (скоро и да) нема свој софтвер.
 
Во тој случај Мајкрософт треба да отвори центар за развој на мобилни апликации, а не Нокиа.
Според последното што го читав околу таа фирма, сега веќе само на хардвер работи. Софтверот е или веќе откажан, или ќе се откаже за одредено време.
Мене ми изгледа ко да не заебава нешто министеров.

Па ако се земе во превид дека МS е доминантен сопственик на Nokia исто такво е дали MS или Nokia ќе отвараат,секако тоа би било за развој на WP платформата.Aко по некоја случајност е за развој на Symbian (Nokia Belle) или како и да се вика тогаш е вистинска глупост.Вторава варијанта некако не ми "држи вода" бидејќи тоа би траело до 2016 (мислам дека до тогаш Nokia се обврза да им испорачува апдејти на корисниците на Symbian).
 
Е така може, се извинувам, не го прочитав целиот текст.
Значи ако се развиваат мобилни апликации за Windows, океј, ама Нокиа веќе (скоро и да) нема свој софтвер.

Еррм, после потпишувањето на договорот со Микрософт, Нокиа почна да го форсира WP7 оперативниот систем (заедно со тоа и Windows 8). За да се продаваат Нокиа телефони, треба да има ексклузивен вп7 софтвер, така да грешка си дека не развиваат повеќе софтвер. Пред некое време прочитав дека 25 илјади уреди за девелопери планираат да поклонат на девелопери до крајот на првата половина од 2012та (мислам дека досега се дадени околу 20 илјади).

Исто така спремаат и Windows 8 таблети, а за да се продаваат тие, треба добар (ексклузивен) софтвер :)
Значи, ќе има свој софтвер што ќе работи на WP7(W8) платформа :)
 
Иако сум фан на Андроид, сепак мислам дека со доаѓањето на Windows 8, вистински ќе започне новата ера на оперативните системи и борбата помеѓу нив. За тие што не знаат, осмицата покрај на таблети и телефони ќе оди и на компјутери, односно ќе направат фузија на проектите. Така што оваа платформа (како конкурентска на Андроид и иОС) има добра поддршка од овие две корпорации, а не заборавајте дека кај пи си пазарот уште суверено владее Windows. Следствено на ова, овој проект помеѓу ФИНКИ и Мајкрософт (Нокиа) е одличен почеток на можеби уште поуспешна соработка во иднина.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom