Nokia Lumia 800 во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.383
Поени од реакции
35.021
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
По неверојатниот успех на светскиот пазар, популарната Nokia Lumia 800 ја доби својата премиера во Македонија, и тоа ексклузивно во салоните на Vip. Дојдете во Vip и одблиску почувствувате ја Nokia Lumia 800!
vip-ja-donese-nokia-lumia-800-vo-makedonija-72710.jpg

Со што ќе ве воодушеви новата Nokia Lumia 800?
• Тој е тенок, стилски, компактен смарт-телефон. Nokia Lumia 800 е дизајниран за веднаш да се вклопи во вашиот живот, толку лесно, како и во вашата дланка.
• Премиерно во оваа серија, Nokia Lumia 800 доаѓа со Windows 7.5 Mango кој е иновативен оперативен систем, поинаков од сите досегашни. Тој ви овозможува да сте активни и поврзани, на еден сосема нов начин: тргнувајќи од синхронизацијата на сите ваши контакти со нивните Facebook и Twitter профили, преку најновите е-мајлови и SMS пораки, до прегледување на Word и Power Point документи со SkyDrive, и прецизна навигација и мапи. И што уште не!
• Најновите Twitter статуси, фотографии во Facebook албуми, е-мајл пораки... Со People Hub, сите најважни личности и настаните кои сакате да ги споделите се на еден допир од вас!
vip-ja-donese-nokia-lumia-800-vo-makedonija-72711.jpg

• 8MP камера со Auto Focus, DualLED блиц и специјална Carl Zeiss оптика, за
сите интересни фотки и видеа во HD резолуција. Затоа што сѐ изгледа подобро кога е во HD!
• Windows Marketplace е секогаш отворен и ви нуди илјадници најразлични апликации, рингтонови, музика, специјалните Xbox игри итн. Проверувајте кои се најновите апликации и веднаш симнете ги во вашиот Nokia Lumia 800!

via Кајгана/VIP

Планира некој да го купува? Ако има таков, споделете ги импресиите тука. На видео рецензиите изгледа како доста квалитетно телефонче, но, да почекаме што ќе кажат корисниците... :)
 
Пре ајфон, хтц или самсунг ќе земам отколку нокиа, за истите пари!
 
Нокиа на времето што собрале пари собрале.....сега е време да ги остават другите фирми со повеќе идеи,да си бидат најдобри на пазарот.

Нокиа може да проба во некоја друга област....ова со телефониве резил.
 
Преценети телефони
 
Дечки прво вака

Го фатил некој во рака телефонов? Повелете одете во ВИП го имаат, замолете ќе ви го дадат. Откако ќе го фатите ќе осетите каква убавина е телефонов тогаш ќе зборувате, дали биле преценети или не.

Телефонов Е БОМБА права убавица ни ајфон ни хтц НИКОЈ нема таков ПЕРФЕКТ дизајн.
--- надополнето: 2 февруари 2012 во 20:53 ---
Еве на твое задоволство и повеќе од една причина:свиркам:

Ајде де ЕДНА.... само една барам
 
Дечки прво вака

Го фатил некој во рака телефонов? Повелете одете во ВИП го имаат, замолете ќе ви го дадат. Откако ќе го фатите ќе осетите каква убавина е телефонов тогаш ќе зборувате, дали биле преценети или не.

Телефонов Е БОМБА права убавица ни ајфон ни хтц НИКОЈ нема таков ПЕРФЕКТ дизајн.
--- надополнето: 2 февруари 2012 во 20:53 ---

Ајде де ЕДНА.... само една барам

пфффф дизајнот е лудило....ако го видиш на првата слика изгледа ко диктафон.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom