Колку и да сакаат да веруваат некои дека Izzy пишувал којнае што, тоа не е така. Глупост е дека Аppetite For Destruction скоро цел го напишал Izzy. Сите песни од албумот се пишувани на следниов начин: Axl идел со идеја за песна или со некој интересен рефрен и Slash, Izzy и останатите заедно ја склопувале песната. Izzy не придонесувал толку многу музички колку што придонесувал за внатрешната цврстина - како мост помеѓу Axl и останатите членови. Можеби и затоа после неговото заминување и екстра-долгата турнеја во 1992 почнале да се распаѓаат. А дека Izzy ѓи напуштил заради Axl е тешко да се каже. Би рекол дека тоа се случило заради неподносливата атмосвера, којашто владеела помеѓу останатите. Едно е сигурно, дека они двајца и ден денес се добри другари. Не знам колку од вас ги следат работите и новите ствари од Gn'R, концерти и сл. ама јас ги следам. На некои од овогодинешните концерти нивни има настапувано и Izzy, што значи нешто...
Едно е сигурно - магијата на Gn'R се јавила кога се споиле Axl и Slash. Веројатно едно меѓу најголемите и најважни ствари воопшто во музиката е нивното спојување. Тешко е да се каже дали некогаш ќе се роди поголем фронтмен од Axl. Маестрален е на концертите, трча, го има насекаде, пее, свири понекогаш, а и имиџот му е посебен - вистински водач. Поголемиот дел од нивните песни ѓи има напишано он. Дека истото се однесува и за Slash, исто би се согласил. Ретко кој има таков осет за мелодија како неговиот, исто и имиџ. Јас лично го сметам за огромен гитарист, ако не и најголем, со огромен допринос, иако некои закоравено-тешки металци нема да се согласат со мене. За настапите во живо само ќе кажам дека малку се тие бендови кои можат да се пофалат со таков квалитет и успех како нивниот. Можеби еве Nirvana е еден таков бенд.
Ако некој го интересира нешто повеќе, слободно нека пише...