Не си ебете пари на Wii, штедете си ги фино лепо за 360 или Сони 3. Се попалив, го купив, и конзолата е стварно една од најголемите иновации на полето на видео игрите. Што е финтата: не е за гејмери. Најзабавна им е (како и нинтендо ДС) на оние кои немаат фатено игра во раце, или пак играле само Симс и флеш игрици. Пола од игрите кои се достапни за конзолата не се ни игри во правата смисла на зборот (авантура, пуцачина, тркачина) туку мозочни вежби, колекции од мини-игри итн итн. Плус, се гледа дека технологијата во контролерот сеуште не се применува до крај, тука е се што ќе прочитате ама не е убаво имплементирано. Жанр кој особено многу ветува се пуцачините од прво лице - контролата е нешто невидено, не е маус и тастатура ама не е ни класичен конзолски контролер, нешто измеѓу е (маус и тастатура го јадат у поим, нормално). Ако случајно некој купил, една игра која најтопло му ја препорачувам (и која истовремено е играта која НАЈДОБРО користи се што Wii-то нуди) е Zack&Wiki: Quest for Barbaros' Treasure.