Кварк, да бидеме искрени. Грците НЕ бараат само промена на името, туку со смена на името да се замени начинот на кој ние се идентификуваме како Македонци.
Ние не сме прошириле ништо, ова беше предмет на притисок од самиот старт.
Значи целат само и исклучиво на идентитетот, преку името да наметнат и национална припадност еднаква со новокомпонираното име.
Македонци да нема.
Тоа можеше да се заклучи од досегашниот тек, тие нема да прифатат опција каде во графата за нација и јазик би стоеле Македонци и Македонски.
Ние сме неспособни да го доведеме прашањево во наша полза, НО да разграничиме кој што бара.
Разликата што сега и ние конкретно истапивме со барања. Секој може да наведе причини за и против, но неможеме да тврдиме ништо. До сега обратна беше ситуацијата.