Србинот без раце и нозе се ожени со убавица!
Ник Вујичиќ, Австралијанецот со српско потекло кој нема ни раце ни нозе, сите ги остава без здив со својата волја за живот, а сега ја понајде својата сродна душа - Канае Мијахаре.
Секој кој вели дека има некаков проблем во животот треба да се засрами кога ќе го погледне Ник Вујичиќ, Австралијанецот со српско потекло кој нема ни раце ни нозе. И не само што живее подобро и посреќно од повеќето луѓе, туку тој се ожени со прекрасна убавица!
Иако е роден со Тетра-амелија синдромот, Ник успеал не само да води нормален живот туку и многу среќен, а во последните неколку години станал еден од најценетите мотивациони говорници на светот. Бидејќи кога ќе ви се обрати тој и ќе ви докаже дека без раце и нозе се обидува и постигнува се во животот, тогаш дефинитивно нема да имате изговор.
На неговиот шарм се 'фатила' убавицата Канае Мијахара. Тие се верија во август, а се венчаа на 10 февруари во Калифорнија. Медениот месец го поминаа на Хаваите.
Ник е роден пред 29 години во семејство на српски емигранти во Мелбурн во Австралија. Иако од раѓање бил различен поради својот недостаток тој во ниту еден момент не пател поради тоа.
Од мал ги охрабрувал родителите и пријателите и им влевал верба и надеж за животот и среќата. Својот дар го преточил во бизнис. Почнал да држи мотивациони говори низ цела Австралија, а подоцна и ширум светот. Денес позади него се книги, бестселери и заработени милиони. До сега говорел пред повеќе од 3 милиони луѓе во 25 земји во светот.
Е, тоа е човек што има верба во себе и што му се радува на животот, човек што е среќен поради своето постоење и се обидува да го продолжи и понатаму. Па сега запрашајте се по сето ова, колку навистина се тешки вашите проблеми?
zato ne kukajte mnogu da se fati devojka treba trud i da si pozitiven
