Bojan Van Buuren
Колектор
- Член од
- 11 април 2008
- Мислења
- 8.394
- Поени од реакции
- 12.058
Огромно задоволство ни е да Ви најавиме дека белгискиот хитмејкер Lost Frequencies ќе биде специјален гостин на спектакулраниот диџеј сет на Nicky Romero, на 1ви август, ден спроти најголемиот национален празник Илинден, во Охрид.
Поради големината на проектот, одлучивме двајцата топ диџеи на Tommorowland фестивалот да настапат на градскиот стадион „Билјанини извори“ во Охрид, со голема продукција, по сите светски стандарди.
Творецот на двата најголеми летни хита „Are you with me“ и „Reality“ кои ги покорија речиси сите светски топ листи, за прв пат ќе настапи пред македонската публика со специјален 90 минутен сет. Станува збор за хитови кои заедно бележат преку 200 милиони прегледи на Youtube и се наоѓаат меѓу десетте најслушани песни изминатата година, според податоците од сервисите Shazam, Spotify..., каде што белгискиот продуцент Felix De Laet (како што му е полното име) се најде во друштво со хитмејкерите како што се Wiz Khalifa, Ellie Goulding, Kygo и Feder.
Сите информации околу влезниците ќе бидат објавени вечерта на 5ти јуни на Градскиот стадион, за време на настапите на David Guetta и Robin Schulz.
Ова несомнено ќе биде настан за паметење и уникатна музичка авантура за сите фанови од Македонија и од Балканот- Nicky Romero и Lost Frequencies на 1ви август во Охрид.
Не пропуштајте!
Е сеа, 5ти дојде и помина ама нити кажаа тогаш нешто за карти нити па еве до денес има нешто официјално за карти. Друга работа е шо иако Авалон го најавуваат за 1ви август, ипак на официјалната страна на Ники Ромеро стои дека он ќе настапува тука на 2ри август.
У секој случај, сигурно доаѓа шо е најбитно.
Очекуваме инфо за карти
П.С. срамота за Ники шо до сеа уште нема тема отворено...