Конечно, ја пробав и јас играва. Ама само ја "пробав", пошто после 2-3 минути играње одма ја избришав од PC. Позалудно 7GB досега не сум потрошил. Главаната причина зашто ја избришав е големиот инпут лаг. Дури и по инсталирање на пачот, толку споро реагираат колите, што едвај завршив во првата трка на 3-то место. И да, тастаурата за малце ке се претвореше во крш.
Друго, оптимизација = 0, графиката не е бог знае што, (едино ми се допадна осветлувањето, друго просечно е све, и сенките се тапа невидена) а кочи на конфигурацијата во потпис на high сетинзи. А со истата конфигурација ја играм Dirt 3 којашто воглавно има 2x боље графика со све до даска и 8xAA, и оди многу помазно. Звукот е добар, HUD-от мех, камерата во прво лице (т.е. helmet cam) не ми се допаѓа, имале замисла да ја направат да биде колку што може пореална, али лоша реализација.
Реков во еден мој пост од пред неколку месеци дека ќе ја споредам играва со првата Shift. Кецот го инсталирав на послаб компјутер (E5200, 2GB RAM, HD 4650 DDR2), и го ставив и пачот 1.02, со којшто демек се подобрувале перформансите. Како да не, не можев ни да ја завршам првата трка, со сетинзи на медиум без AA на 720p играта идеше со 15-16 фрејма, а под медиум не ми се идеше пошто на лоу играта изгледа ко да е од 2004. Ако го тргнам фрејмрејтот на страна, колите добро реагираа, значи немаше проблем со инпут лаг како кај двојката, се на се (звук, HUD, камера итн.) солидно, и далеку подобро од Shift 2 ако го тргнеме на страна проблемот со фрејмрејтот.
Значи, ако некој сака да ја симне Shift 2, најубаво препорачувам да не се симиња, не дај боже да ви падне на памет да купувате оригинал, зашто играта со еден збор е ѓубре.