Независност на Каталонија

  • Креатор на темата Креатор на темата gjoko-mkd
  • Време на започнување Време на започнување
Имав пишувано и на темата за шкотската независност и кога по признавме Косово, не можам да разберам подржувачи на сецесионистички движења (особено во европа) од страна на народ кој во својата држава има четврт популација со силнo изразени желби да не живее во сегашниве граници во земја која дефакто е со федерално уредување.

Не, нема да подржувам вакви кретенски ексурзии кои се прават на днево-популистичка основа без никакви визии и пресметки за долгорочни последици.
 
Шо се дешава гласат или? Има немири во Каталонија, страшни видеа се вртат по фб.
 
Збориме за Регион а не за село. Вевчани прогласија независност, да не можат нешто да направат повеќе независни... Од кога уставот е појак од волјата на мнозинството, и неможе само кога на политичарите им одговара да се повикуваат на закони а тие да не ги следат. Ти пуштив цитат, многу кратко и јасно.

Чим Уставот не е појак од волјата на "мнозинството" (прво тука немаме никакво мнозинство туку коалиција без мнозинство во каталонскиот парламент што го распишува референдумот) утре немојте да плачете ако Полошки регион реши да прави референдум за независност.[DOUBLEPOST=1506847974][/DOUBLEPOST]
Шо се дешава гласат или? Има немири во Каталонија, страшни видеа се вртат по фб.

Им ги затвараат гласачките места со полиција и има по некој судир по улици.
 
Срамота за полицијата, им ги затвара гласачките места наместо да крши глави на секој што ќе сака да гласа. Ај до вечер може и жртви ќе видиме.
 
Многу од вас не ја добро познаваат историјата на сегашната модерна држава, ќе го постирам ова кратко видео овде кое убаво ја опишува раната историја на “Шпанија“
Значи не постои такво нешто како Шпанец или Шпанска нација, кога се распаднало Римското царство, таму дошле Визиготите, а по кратко време и Муслиманите. Е во видеото можете да видите дека на го освоиле цел Пиринински полуостров, и се јавиле неколку нови кралства, е сега погледнете го кралството Кастилја кое се јавило меѓу првите и неговата територија наспрема останатите. И до ден денешен останал тој Кастилијански јазик и култура, сега преименував во т.н Шпански јазик кој останатите региони и народи не го прифаќаат. На мене во Галиција секогаш ме погледнуваа под криво око кога го нарекував јазикот Еспањол, наместо Кастилијански. Сосема легитивмо право е да се одделат регионите кои имаат некоја своја посебност, и кои живеат под тешка опресија и историско угнетување низ историјата, не можам да зборам за другите региони но ете Галиција е одделена од Португал и ден денешен може да се види таа дупка на западниот дел на полуостровот и неправилната форма на кралството.
Богами у тешка опресија живеат, се глеа по Каталонија тоа. Сите големи држави се формирале со освојување на други кралства, не се такви од бога дадени. Разликате е што Шпанциве не ги асимилирале ко што треба.
Ако сакаат референдум за отцепување, тоа треба да е државно ниво зашто отцепувањето не влијае само врз каталонците. Според оваа логика утре било албанско село во Македонија ќе изгласа независност и ќе треба да ја прифатиме ние?
 
Чим Уставот не е појак од волјата на "мнозинството" (прво тука немаме никакво мнозинство туку коалиција без мнозинство во каталонскиот парламент што го распишува референдумот) утре немојте да плачете ако Полошки регион реши да прави референдум за независност.[DOUBLEPOST=1506847974][/DOUBLEPOST]

Им ги затвараат гласачките места со полиција и има по некој судир по улици.
Прво тој полошкиот регион треба да добие некој вид на автономија, федерација или нешто со што јасно би се дефинирале границите на тој полошки регион. Се надевам дека неуморно работат на тоа и еден ден во многу блиска иднина тоа ќе стане реалност. После мнозинството на тој регион нека си организира референдум и да се поздравиме како луѓе. Не верувам дека некој би плачел тогаш пошто тој што има ум благовремено ќе си ги собере парталите пред тоа воопшто и да се случи оти знаат во меѓувреме што ги очекува. Сигурно ја имаат научено лекцијата досега.[DOUBLEPOST=1506849684][/DOUBLEPOST]
Ако сакаат референдум за отцепување, тоа треба да е државно ниво зашто отцепувањето не влијае само врз каталонците. Според оваа логика утре било албанско село во Македонија ќе изгласа независност и ќе треба да ја прифатиме ние?
Ако одиме по таа логика знаеш кога ние ке направевме држава ако за нашиот референдум гласаше цела Југославија? Или за нас можи, за нив не.
И да ако некое село претходно има некаков автономен статус со јасно дефинирани граници, свој парламент, свои закони итн итн и ако утре на својата територија направи референдум за прогласување на независност останатите треба да ја прифатат желбата и вољата на мнозинстото на населени што живее на таа автономна територија или федерална единица.
 
Последно уредено:
Полицијата ги затвара гласачките места и не жалат, мават се што им застане на патот од 18 до 88 години.
22179795_1452396364868262_5605166861419496151_o.jpg

22154591_1452396368201595_4031789261210682128_n.jpg
22089194_1452396401534925_3403590443796315018_n.jpg
 
И ти го оправдуваш ваквото дејствување на полицијата да употреби несразмерна сила врз недолжни цивили или го критикуваш ?
 
Чим Уставот не е појак од волјата на "мнозинството" (прво тука немаме никакво мнозинство туку коалиција без мнозинство во каталонскиот парламент што го распишува референдумот) утре немојте да плачете ако Полошки регион реши да прави референдум за независност.[DOUBLEPOST=1506847974][/DOUBLEPOST]

Им ги затвараат гласачките места со полиција и има по некој судир по улици.

Јас сигурно нема да плачам за Полошки регион. Тоа е природен процес, штом наталитет им овозможил да се мнозинство, штом тие што живеат таму одлучиле дека сакаат со Косово или со Албанија, штом политичарите 25 години не успеале тие луѓе да ја прифатат МКД како своја земја, јас нема да се противам. Друго е 25% а да сакаат со Косово.
А за парламент ако досега не си сфатил дека политичарите/парламентарците се " курви" и дека не работат за општото добро туку само следат наредби што повеќе да се повикуваме на закони и администрација.
 
И ти го оправдуваш ваквото дејствување на полицијата да употреби несразмерна сила врз недолжни цивили или го критикуваш ?
Чување на интегритет на држава не се брани со букет цвеќе, вака се чува држава.Ако сакаш целосна и напредна држава, повремено мора рацете да ги валкаш во крв, го имам пишувано веќе тоа.
 
Нашиве кога требаше на протести,или ќутат или маваат погрешно ..... Оди на Запад,ти мава без разлика на што е ....
 
Прво тој полошкиот регион треба да добие некој вид на автономија, федерација или нешто со што јасно би се дефинирале границите на тој полошки регион. Се надевам дека неуморно работат на тоа и еден ден во многу блиска иднина тоа ќе стане реалност. После мнозинството на тој регион нека си организира референдум и да се поздравиме како луѓе. Не верувам дека некој би плачел тогаш пошто тој што има ум благовремено ќе си ги собере парталите пред тоа воопшто и да се случи оти знаат во меѓувреме што ги очекува. Сигурно ја имаат научено лекцијата досега.

Ами ако го следиме нивниот пример секој може да си прави така и без дадена автономија и граници. Уставот не дозволува таков референдум а законот за референдум го донесоа со просто мнозинство, не успеаја да соберат ни апсолутно. Кај што го донесоа со просто мнозинство па и се обврзаа дека ќе прогласеле независност ако бил успешен. Испаѓа дека референдумот е националистички фетиш на едно малцинство во парламентот.
 
Чување на интегритет на држава не се брани со букет цвеќе, вака се чува држава.Ако сакаш целосна и напредна држава, повремено мора рацете да ги валкаш во крв, го имам пишувано веќе тоа.
Значи по таа логика кога беше шарената револуција требаше полицијата мамата да им ја еби на сите до еден, и на старо и младо, и женско и машко што излезе на таа револуција каде се сакаше насилно да се руши уставниот поредок и легално избраната власт во републиката. Или тоа е друго? Незнам не се сеќавам каков ти беше ставот околу тоа.
 
Многу од вас не ја добро познаваат историјата на сегашната модерна држава, ќе го постирам ова кратко видео овде кое убаво ја опишува раната историја на “Шпанија“
Значи не постои такво нешто како Шпанец или Шпанска нација, кога се распаднало Римското царство, таму дошле Визиготите, а по кратко време и Муслиманите. Е во видеото можете да видите дека на го освоиле цел Пиринински полуостров, и се јавиле неколку нови кралства, е сега погледнете го кралството Кастилја кое се јавило меѓу првите и неговата територија наспрема останатите. И до ден денешен останал тој Кастилијански јазик и култура, сега преименував во т.н Шпански јазик кој останатите региони и народи не го прифаќаат. На мене во Галиција секогаш ме погледнуваа под криво око кога го нарекував јазикот Еспањол, наместо Кастилијански. Сосема легитивмо право е да се одделат регионите кои имаат некоја своја посебност, и кои живеат под тешка опресија и историско угнетување низ историјата, не можам да зборам за другите региони но ете Галиција е одделена од Португал и ден денешен може да се види таа дупка на западниот дел на полуостровот и неправилната форма на кралството.

Да де историја историја. Па арапите па кастилијанците па Дон Кихот дошол... ако правиме таков муабет секое село од Карбинци тука па се до Шкотска таму горе има историја. Дали тоа значи секој треба да си бара независност оти имал "историја" и Европа да стане како во среден век поделена на илјадници градови држави битни колку вселенски прдеж?
 
Ами ако го следиме нивниот пример секој може да си прави така и без дадена автономија и граници. Уставот не дозволува таков референдум а законот за референдум го донесоа со просто мнозинство, не успеаја да соберат ни апсолутно. Кај што го донесоа со просто мнозинство па и се обврзаа дека ќе прогласеле независност ако бил успешен. Испаѓа дека референдумот е националистички фетиш на едно малцинство во парламентот.
Не би рекол дека е баш така дека секој може да прави пошто тогаш ќе треба цела држава да гласа на тој референдум. Затоа треба некоја автономија или федерална единица како што е во случајот Каталонија, или СР Македонија или Косово на пример каде јасно се дефинирани границите и автономниот статус или посебна република во рамки на федерацијата.
А пошто како што велиш немале поддршка тогаш незнам што имате толку против референдумот каде нардот демократски ке си кажи што мисли и сака. Можи и да не успее па на крај и никому ништо работата. Вака со сила убајна не бива.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom