Next Time

  • Креатор на темата Креатор на темата M@We4kA
  • Време на започнување Време на започнување
па малку ми се одвратни оти се(со апостров ) постигнуваат со парите од тато :pipi: инаку немаше да се пробијат. ама гледам кога беа на евровизија сите тинејџерки, па и ,,современи,, тинејџери се запалија по нив затоа ќе си ќутам :toe:
 
Next Time снимаа спот во Битола

E758A843B31CEC4CAF7E012A3C89DE9A.jpg
На Широк Сокак и на спортскиот аеродром во Битола, рок-двоецот Next Time снимија спот за актуелниот сингл Кога лажеш, каде гледаш?, тема која периодов е присутна во домашниот етер.

Спотот е во режија на ТV AD продукција, во режија на Александар Јанкуловски и со камера на Владимир Кузмановски.
DEF721B88A5F8B4795C2F53FC70B1B95.jpg


Освен Мартин и Стефан, и нивниот придружен бенд, како ликови кои се појавуваат во спотот се и неколку актери, околу кои се движеше целата приказна.

Промоцијата на спотот се очекува веќе следната недела, a додека тоа не се случи, љубопитноста нека ја задоволат неколку фотографии...
8596A01BBB46D940A3DC97B9945C968D.jpg
 
Петок 06.11.2009 т.е. денес на БХ ТВ - од 19-23h пренос на Бихачки Фестивал каде што ќе учествуваат Некст Тајм со песната Изгубљен! Оние кои ја немаат оваа програма на кабловска, фестивалот може да го проследат овде:

http://tv-online-channels.com/online-tv/Bosnia-Herzegovina-tv-channels/BHRT_3007.html

па малку ми се одвратни оти се(со апостров ) постигнуваат со парите од тато :pipi: инаку немаше да се пробијат. ама гледам кога беа на евровизија сите тинејџерки, па и ,,современи,, тинејџери се запалија по нив затоа ќе си ќутам :toe:
Грешка си овде, нивните родители се разведени, и јас колку што знам нивниот татко не е никаков богаташ, туку обичен човек кој си живее во селото Жван, близу Демир Хисар! А и мајка им, не е нешто премногу богата, туку е самохрана мајка на три деца(кои веќе се мажи, тргнати по прав пат, благодарение на неа, која ги воспитала и одгледала толку добро, иако била сама)!
Да имаа толку пари, немаше до 21 година да се влечат по гаражни бендови...
Едноставно Џеј Џеј и Кристијан Стефановски ги приметиа дека се талентирани и видоа во нив "Кокошка што несе златни јајца" и ги прибраа кај нив во продукција...но се разбира, НТ не се прилагодија на нивниот начин на работа, и сега повеќе не се дел од ПланБ ниту од Јованов Рекордс, туку соработуваат со Симона Негриевска, поранешен близок соработник на Љиљана Петровиќ...
Стефан и Мартин се премногу талентирани, но треба да се вратат на стилот кој го имаа со CarWash или X´S како сакате, и да прават вакви песни, повеќе им лежи:
 
Next Time трети на фестивалот во Бихаќ

B7E7B685CF05B64C91668E2707D923F4.jpg
На јубилејниот 15-ти фестивал на забавна музика Бихаќ 2009, Next Time ја освоија третата награда од публика. Организаторот на фестивалот соопшти дека особено радува фактот, тоа што песната Изгубљен, која ја напишаа Мартин и Стефан, а препевот Огнен Неделковски, на сите радио-станици кои земаа учество во фестивалот, според гласовите од слушателите била меѓу 1-во и 5-то место.

На фестивалот Бихаќ 2009
3946EE25D024D6469363404435B9A812.jpg
учествуваа вкупно 24 изведвачи од Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора и Македонија.

Најголемите комплименти за Мартин и Стефан подели победникот на фестивалот, актуелен лидер на Општа опасност, познат како некогашен пејач на легендарните Дивље јагоде – стои во дописот што ни го испрати менаџментот на бендот.
29A449D92C74944C81237CE4252F0E06.jpg
 
Новиот официјален видео клип за "Кога лажеш каде гледаш"

„Некст тајм“ ќе ги засили гитарите

320941549950D24EA8CE7BC899A2D1E5.jpg


На вториот студиски албум, кој групата интензивно го подготвува последниов период, близнаците Стефан и Мартин откриваат дека повеќе простор ќе им отстапат на гитарите
По неколкумесечна пауза бендот „Некст тајм“ пак е активен на сцената
со песната „Кога лажеш каде гледаш“, за која сними и спот. Нумерата е
најава за вториот албум. Пристапот кон избирањето композиции за новиот
диск се движи во насока „полека, но сигурно“, со цел крајниот производ
да резултира со квалитет.

- Ќе им обрнеме повеќе внимание на
гитарите. Можеби нашата следна песна ќе биде нешто нечуено од нас.
Секогаш ќе избираме златна средина, односно, ќе правиме композиции за
наша душа, но и за публиката, која е најважна - открива Стефан,
вокалистот на дуото.

ВО ИГРА ЗА ЛАС ВЕГАС

Составот „Некст тајм“ е дел и од музичкиот натпревар „Светот пее“, во кој учествуваат пејачи и групи од целиот свет.

-Првите 20 песни што ќе бидат избрани според онлајн-гласање, кое ќе трае
до 31 декември, ќе се квалификуваат за настап на „Ворлдс бест сонг“.
Натпреварот ќе се одржи на 19 март 2010 во Лас Вегас. Засега важиме
само за име кое е во борба за пласман меѓу првите 20. Сега сме на 13
место и се надеваме дека ќе се искачиме и повисоко. Се пријавивме на
натпреварот со помош на познаници. Паричната награда е голема, но ние
би биле пресреќни и со самото учество - истакнува Мартин, гитаристот во
групата.

По настапот на Евросонг нивната публика очекуваше
уште поголем напредок во кариерата и, пред се', самостоен концерт.
Момчињата признаваат дека и тие очекувале многу повеќе, но едногласни
се во констатацијата дека мора да се прави пауза во се' што се работи.

-Потребен е период кога треба да се соберат сите минати случувања и да
се извлечат заклучоци за што, како и каде. Си дозволивме мал одмор за
да се испормовира и добро да се ислуша нашиот деби-албум и со нови сили
да почнеме со подготовка за вториот. Креативноста никогаш не згаснала
кај нас, а доказ за тоа ќе биде материјалот што ќе го понудиме во
иднина. Изминативе месеци се обидовме да се сокриеме од очите на
медиумите, но не значи дека не бевме во контакт со публиката и со
љубителите на нашата музика - вели Стефан.

ПОДГОТВЕНИ ЗА КОНЦЕРТ

Приоритет на „Некст тајм“ сега е прв солистички концерт. До крајот на годината
сакаат да се обидат и за пробив надвор од Македонија.

- Имаме премногу да им подариме на тие што сакаат да ја слушаат нашата музика.
Самостоен концерт ќе има, но сакаме да бидеме сигурни и на музички и на
организаторски план. Сакаме да направиме концерт што ќе остане
запаметен кај луѓето. Во остварување на нашите намери ќе ни помогне
менаџерката Симона Негриевска. Пресудно за соработката со неа беше
нејзината огромна човечност, голема професионалност и познавање на
менаџерските работи - појаснува Стефан.

За потребите на турнејата што ја планираат низ земјава, момчињата периодов активно
вежбаат во просториите на Младинскиот културен центар. Ги придружува
бенд задолжен за изведба на нивните песни во живо.

- Наша голема желба е да имаме турнеја низ Македонија. Би било супер кога би
настапувале со бенд на таа турнеја, но реалноста е друга. Има премногу
мали услови за тоа. Се надеваме дека организаторите ќе појават интерес
за настап со придружен бенд - завршуваат близнаците.
Соња Алексоска-Неделковска

Трети во Бихаќ
Работната агенда на „Некст тајм“ до крајот на годината е исполнета
со повеќе настапи. Минатиот викенд момчињата учествуваа на фестивалот
на забавни мелодии „Бихаќ 2009“. Во конкуренција од 24 интернационални
изведувачи се пласираа на третата позиција.

- Наше најголемо
задоволство беше реакцијата, не само на публиката туку и на колегите.
Особено не' израдува фактот што фронтменот на поранешниот бенд „Дивље
јагоде“, кој победи на оваа манифестација, ни упати многу комплименти и
не' нарече достоинствени следбеници на поп-рокот на просторите на
поранешна Југославија - велат „Некст тајм“.​
 
Искрено не ми се некои идоли, признавам дека имаат добри песни што ми се допаѓаат, ама некако не се по мој вкус. Си кажав што имав. :toe: :salut:
 
Тaлентирaни се. Заслужвaат да бидат многу повеќе од она што се сега и се нaдевaм дека ќе успеат во тоа.

A песните од X's се супер, криво ми е што не ги знaев тогaш.
 
Ne gi slusav na pocetokot ,pa ne mozam da kazam deka i deneska mnogu gi slusam ,ama nekoi pesni sto sum gi slusnala na radio mnogu mi se svigaat,na primer ovaa novata,Ne sakam da te razberam i spored mene nivnata najdobra pesna koja ja otkriv pred 2 meseci na radio i od togas nema den da ne ja slusnam nekolku pati na den Ne veruvam vo tebe:aplauz:
 
Некст тајм се потат за првиот концерт


Крајот на месецов е резервиран за првиот солистички концерт на близначкото рок-дуо Некст тајм. Мартин и Стефан како победници на минатогодишното издание на радискиот фестивал МАРС ќе ја искористат наградата за бесплатно користење на сите ресурси на Универзална и ќе го одржат својот прв концерт во кариерата. Свирката, дознаваме, ќе се случи кон крајот на месецов, а Мартин и Стефан токму заради тоа се на турбо подготовки.

"Се работи турбо во МКЦ веќе еден месец", вели Симона Негриевска, која веќе извесно време стои за Некст тајм, додавајќи дека сите детали околу концертот се уште не се прецизирани и засега само се знае дека освен веќе познатите песни Мартин и Стефан пред скопската публика ќе промовираат и една нова, која се работи во моментов и која најверојатно и ќе го означи почетокот на свирката. Освен Некст тајм и неколкуте нивни гости, чии имиња ќе бидат објавени наскоро, на сцената ќе застане и бендот кој ги придружуваше во Москва, на Евровизија засилен со уште еден гитарист, Сале. На сцената Мартин и Стефан, кои, вели Негриевска, се радуваат и со нетрпение ја очекуваат првата официјална дружба со фановите ќе се појават во својот препознатлив стил. Спектакли не треба да се очекуваат зошто Некст тајм ќе освојуваат само со својата музика. Во тоа нема сомнеж особено по овациите кои отидоа на сметка на момците за време на нивниот настап на саботниот концерт на Ламбе.


http://vecer.com.mk/?ItemID=072C8FBF1BFC2843B511E03DFDC5BD9F
 
Тaлентирaни се. Заслужвaат да бидат многу повеќе од она што се сега и се нaдевaм дека ќе успеат во тоа.

A песните од X's се супер, криво ми е што не ги знaев тогaш.

Вака значи..тој мартин незнае да свири гитара..си го видел ли некат да има у електричната кабелче??!...НЕ! Значи дечкото има гитара од 3500 евра и незнае да свири..А за стефан не коментирам..ауТсајдери се:toe::helou:

...Вака и ова да кажам..Значи дечкиве ете се нешо као познати еии бравоо ..бла блабла
Не заслужуваат да бидат повеќе од овашто се затоа што има и подобри од ниф...еве ќе ги земам за пример Новиот Почеток..(се надевам ги знаете сите)
е Они заслужуваат многу повеќе од ова што се..!!! Некои ствари не се секогаШ реално прикажани ...али ајј
 
Гласавте ли за Next Time?

68C1FA5492CEFC44B31998ECF1F02E10.jpg
Фановите на Next Time потсетуваат: Останува уште еден месец за гласање на музичкиот натпревар World Sings. Од повеќето македонски музички имиња кои се пријавени на овој натпревар, единствено момците од Next Time се со големи шанси за учество на концертот во Лас Вегас.

По објавувањето на веста за овој натпревар на MMM.com.mk, Мартин и Стефан со песната Ме остави сам да живеам од 22 место стигнаа до 10-та позиција.

Ги повикуваме оние кои што немаат гласано досега, да го дадат својот глас и да ги поддржат Next Time. Гласајте!!!
 
Si[M]onA;3142215 напиша:
Вака значи..тој мартин незнае да свири гитара..си го видел ли некат да има у електричната кабелче??!...НЕ! Значи дечкото има гитара од 3500 евра и незнае да свири..А за стефан не коментирам..ауТсајдери се:toe::helou:

Без намера да се карам. Гитарата на мартин никогаш не е приклучена зошто на нашите мили фестивали и остали јавни настани секогаш се пее или на плејбек или на матрица.:smir::smir::smir::smir::smir:
Во Македонија освен на свирки и на големи концерти никогаш не се свири во живо.:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom