- Член од
- 13 септември 2007
- Мислења
- 5.787
- Поени од реакции
- 4.039
Главната улога ја има Zooey Deschanel како Jessica "Jess" Day, допадлива, мила, екцентрична девојка во нејзините 20-ти која се обидува да го преболи раскинувањето со нејзиното момче, откако тој ја изневерува. Таа наоѓа ново место да живее, кога се вселува во стан со три момци: Ник, шанкер, Шмит, професионален адвокат и модерен Казанова, и Винстон, поранешен кошаркар. Зачинувајќи го овој интересен спој е најдобрата пријателка на Џес која е модел, Cece.
Откако ќе се всели со момците, Џес го прави нивниот живот поинтересен, сите многу ја сакаат и таа ги сака нив.
Момците ја гледаат како нивна пријателка, и даваат совети за момчиња таа ги советува како да се однесуваат со жени и слично...
Интересна серија, до сега има 11 епизоди и беше номинирана за Златен глобус за најдобра телевизиска серија комедија/мјузикл, а Deschanel беше номинирана за најдобра актерка во истата категорија.



дааа да, душбег џар е закон, епизодата за неговиот роденден беше за тоа скоро цела, се смеев ептен кога влага дома и вика само здраво и Ник му се дере да стаи пари во теглата 


