“Невкусни“ коментари

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
sekoj so svojot pat i izbor me kopka pa mene navecer dali nekoj e so glupa ili grda i obratno..... :icon_lol:
 
Абе Крејзи колку и да се обидуваш да се водиш според тоа правило, понекогаш таквите коментари знаат да погодат. Не дека ти го критикуваат вкусот за партнери, туку дека знаеш дека соговорникот ти зборува од инат и љубомора. Е сега, си бил со некој близок и ти јаде трици за некој со кој ќе отидеш на кафе само заради фактот што таа/тој е се уште сам. Јас пак не судам по изглед, се додека не го запознаам дечкото/девојката. Ако е душа од човек и грпка да има, нема збор да кажам. Ама ако е сељачана некоја што се понаша, е тогаш коментирам со цел другарот/другарката да не се заебе. Повеќе коментирам на другари зошто мислам дека машките се тие кои се заљубуваат слепо.
Но во овој случај, треба да се коментира искрено, а не воден од сопствената љубомора и завист. И се коментира само на најблиски луѓе на кои им мислиш се добро, а не на школската од средно која не си ја видел 5 години. Во таков случај културно е да дадеш комплимент, без разлика што мислиш.
Што знам, искрено кога станува збор за коментари за нечиј изглед, особено ако тоа е за човек со кој јас сум одлучила да бидам, апсолутно стисткам mute и ignore на човекот кој збори. Јас ќе ислушам кој што кажува и секогаш мојот збор т.е коментар: “За мене е најубав и најдобар“ е последен. После тоа ретко кој продолжувал да коментира, а ако дополнително коментираат, завршувам со: “Ти одиш со него или јас? Не ни треба тебе да ти е грижа како изгледа или каков е, пошто јас сум таа која оди со него.“ И после ова дефинитивно не сум добивала понатамошни коментари.
Не коментирам ничиј изглед. Кога другарка ќе фати дечко, воопшто не ми паѓа на памет да го коментирам изгледот на дечко и, секогаш искрено и велам: Со среќа да е, па да ви е најубаво. Не е мое да коментирам туѓи дечковци. Секој има свој вкус и тоа го почитувам. Понатаму, ако другарка ми се обрати со проблем во врската, се разбира ќе ја ислушам и ќе дадам совет. Со ептен најблиските, ако е згоден дечкото може да се пошегуваме: Ијааа ама е добар, ама секако тоа само добронамерно и да се насмееме малку.
И секако, љубоморните коментари се неизоставен дел од тоа, но баш заради тоа и не ги регистрирам, никогаш не сум дозволила некоја љубоморна кокошка да ме погоди со коментар или на било кој начин да придонесе да ми се помати моменталната среќа.
Во суштина јас сум љубезна личност која има широк праг на толеранција кон сите, но кога станува збор за моите лични избори и личен простор на некој начин, такви коментари ги пресекувам во корен. Секогаш одам по принцип “Не ти се мешам во животот, не ми се мешај во животот.
 
ако еден ти каже коментар.или двајца значи од лубомора е
но ако ти го кажат повеке,треба да се замислиш
 
Абе Крејзи колку и да се обидуваш да се водиш според тоа правило, понекогаш таквите коментари знаат да погодат. Не дека ти го критикуваат вкусот за партнери, туку дека знаеш дека соговорникот ти зборува од инат и љубомора. Е сега, си бил со некој близок и ти јаде трици за некој со кој ќе отидеш на кафе само заради фактот што таа/тој е се уште сам. Јас пак не судам по изглед, се додека не го запознаам дечкото/девојката. Ако е душа од човек и грпка да има, нема збор да кажам. Ама ако е сељачана некоја што се понаша, е тогаш коментирам со цел другарот/другарката да не се заебе. Повеќе коментирам на другари зошто мислам дека машките се тие кои се заљубуваат слепо.
Но во овој случај, треба да се коментира искрено, а не воден од сопствената љубомора и завист. И се коментира само на најблиски луѓе на кои им мислиш се добро, а не на школската од средно која не си ја видел 5 години. Во таков случај културно е да дадеш комплимент, без разлика што мислиш.

Како може да те погоди коментар за изглед на партнерот кој ти го бираш? Неможам да ја сфатам ситуацијата како си седиш на маса и слушаш дека твојот партнер е ваков таков и ти со сиот памет го пратиш муабетот и се лутиш? Не ми иде пред очи ситуацијава како некој ти збори, а ти се лутиш :)

Абе кога ќе отворам уста до првата симпатија во градинка има попара да му направам, десет психолози за вкус нема да го оправат :D
 
Моите очи го гледаат најдоброто кај мојот партнер, други можеби пронаоѓаат маани, но за тоа ич не ми чуе. Туку ми текна една анегдота во оваа смисла. Јас не го знам човекот и не можам да кажам дали навистина е грд, но така го кажуваа не бил убав, ништо посебно привлечен и еден куп други такви карактеристики. Ама пак типот имал многу убава жена. Е сега зошто тој така погрд од другите да има поубава жена од останатите, тоа ги мачело неговите колеги. Еден ден еден колега му рекол како он таков ја оженил таа лепотица а овој ни шест, ни пет му рекол да ти го свирнам и тебе еднаш ќе посакаш и тебе да те оженам...
 
ако еден ти каже коментар.или двајца значи од лубомора е
но ако ти го кажат повеке,треба да се замислиш
Апсолутно НЕ е точно. Воопшто не е битно што чаршијата ќе збори за нечиј изглед, само двајца знаат зошто се заедно и колку се среќни во врската, а чаршијата, градот, комшиите и останати небитни ликови како прво не ни треба да си даваат за право да отвараат уста и да лаат, туку треба да си го гледаат својот двор, како второ, нема зошто јас да се замислувам или да размислувам за малограѓанштини и оговарања. Пази сеа, Трајко, Перса и сличните јадат гурабии на кафе за тоа како изгледам јас или дечко ми и сега јас треба нив да им го мерам паметот (што го немаат) и муабетите (што не ги засегаат) и да си создавам проблеми таму каде што ги нема, а јас фино лепо сум среќна и задоволна во врската... Мислам логикава вришти.

Мојот избор е МОЈ избор, макар се покажал и како најпогрешен и нема да им дозволам на Ојлевци-Дојлевци да имаат задоволство што направиле да се изнервирам или да мислат дека можат на било каков начин да ми влијаат во животот.

За такви работи сум инает и туѓи оговарања не слушам, не ме интересираат и не ги земам предвид.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom