Нешта / Артефакти кои не би требало да постојат

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Со задоцнување.


672px-NAMA_Machine_d%27Anticyth%C3%A8re_1.jpg



Механизмот кој пред стотина години бил пронајден во морето покрај грчкиот остров Антикитера, заедно со уште 80 други висококородирани археолошки предмети, можел да ги предвиди позициите на планетите, најчесто на Сонцето, Земјата и Месечината. Механизмот го користеле древните грци за мерење на астрономските циклуси.
Група британски, грчки и американски научници, кои биле предводени од Мајк Едмундсон од универзитетот во Кардиф, користеле напредна технологија со цел да ги проучат пронајдените остатоци од комплексниот механички уред со запци, какви немало се до појавувањето на механизмот користен кај часовниците во 14 век.
“Оваа технологија е исто толку важна како и Акрополот за архитектурата. Тоа е единствен уред од ваков вид“, изјави Џон Сидеракис, кој учествувал во истражувањето на механизмот.
Стручњаците тврдат дека механизмот е направен од 150 до 100 години пред Исус, а наречен е според местото на неговото пронаоѓање, островот Антикитера во Грција, каде го пронашле грчки подводни истражувачи кои биле таму да истражат остатоци од римски брод.
Од своето откритие па се до денес, овој механизам ги збунувал научниците. Весникот Nature пишува дека се работи за направа ’технички посложена од било која 1000 години по неа’.
Покојниот научник Дерек де Сола Прајс бил првиот кој користел модерна технологија, рентдген и гама-зраци, како би открил што се крие во 31 запчаник во кородираниот механизам - поврзувајќи ги сончевите години со 19 годишниот циклус во Месечевите фази.
Научниците сега откриле дека механизмот содржи 37 одвоени запчаници и изворно бил сместен во кутија помала од онаа за чевли.
Двата запчаника на предната страна го покажуваат зодијакот и календарот на деновите во годината, кој може да се прилагоди на престапните години, додека металните стрелки ги покажуваат позициите на Сонцето, Месечината и пет други планети.
Двата спирални бројчаници во позадина го покажуваат Месечевио циклус и ги предвидуваат помрачувањата.
Механизмот од Антикитера е изложен во Националниот археолошки музеј во Атина.


Антикитера механизмот е технички посложен од која бил позната направа барем во следниот милениум.
sar_4b.jpg


Еве и рестраврирана верзија од истиот механизам.

332px-NAMA_Machine_d%27Anticyth%C3%A8re_5.jpg



Само да напоменам дека во периодот од кој потекнува механизмот... сеуште не беше познат законот за гравитација. Теоријата за движењето на небесните тела истотака не беше поставена. Сите и пронајдоци дотогаш беа презентирани до другите преку говор, или евентуално преку ракописи. Нацрти, шеми и сложени комбинации и пресметки, замислени траектории, уште пред 2000+ години.

0_0
 
Сфери со резби, од Јужна Африка

iapetus.jpg


limonite3_small.jpg


grooved-sphere.jpg


Метални сфери, со екваторски изрезбарени прстени и со дијаметар од пола до 10 см. Со соодветни петрографски и други методи е утврден нивниот состав (хематит (Fe2O3) или воластонит (CaSiO3) со додатоци на хематит и гетит (FeOOH), а има и такви кои се составени од пирит(FeS2)).
Изминативе децении се најдени стотина, во рудници, во Трансвал (Јужна Африка).
Финтата е во тоа што се најдени во предкамбријски карпи (пирофилит), стари/формирани пред околку 2,8 милијарди години (да, милијарди!).
 
Eеднаш во Димензија Х читав за некои си камења кои имаат скоро совршена топчеста форма.Се наоѓаат во Костарика.Потекнуваат од пред илјадницi години и не се знае кој ги направил и за каква цел.Сега нив ги има по музеи, ги имаат богаташите што живеат таму, а дел се и во природата, а прочитав и дека има уште но не се најдени.
 
Eеднаш во Димензија Х читав за некои си камења кои имаат скоро совршена топчеста форма.Се наоѓаат во Костарика.Потекнуваат од пред илјадницi години и не се знае кој ги направил и за каква цел.Сега нив ги има по музеи, ги имаат богаташите што живеат таму, а дел се и во природата, а прочитав и дека има уште но не се најдени.
Ќе пишам подетално за нив.
 
ева колку сум неписмен значи... мислам дека знам нешто а ништо незнам! една работа незнаев од овие шо ги прочитав ! :S
 
ева колку сум неписмен значи... мислам дека знам нешто а ништо незнам! една работа незнаев од овие шо ги прочитав ! :S

Е па литни нешто повеќе на нетов.Мислиме дека знаеме многу ама кога ќе се види сите не биле сезнајовци:helou:
 
Одлична тема, штета што не ја видов порано инаку ќе се вклучев во расправа, вака ќе мора да ја ’воскреснеме’ темава. Сметам дека нафрлањето на проблемите е само чекор кон нивно решавање затоа ќе се потрудам да дадам објаснување на некои од работите споменати во оваа тема.

1. Mappa Mundi на Пири Реис

Повеќето од работите ги имам веќе некаде сретнато но едно нешто ме заинтригира. Мапата на Пири Реис. Во наредниов текст дел се факти а дел се мои размислувања.

Мапата сама по себе не е енигма, фалат 2/3 од неа но и онаа 1/3 која ја имаме е доволна да не заинтересира. Имено во 1513 година повеќето првични истражувања биле направени (Колумбо, де Гама, Дијаз, Веспучи, Магелан) но сепак оваа мапа е првиот обид да се направи карта на светот (mappa mundi). За да разбереме зошто токму Отоманската држава треба да знаеме дека Отоманското Царство е (верувале или не) најмоќната империја во тој период. Мислам дека султанот побарал да види колкаво е неговото царство и уште што треба да освои. Мисијта ја посветил на својот најверен и најдобар адмирал, кој најверојатно имал неограничени ресурси за извршувањето на својата мисија. Се верува дека Пири Реис имал пристап до сите мапи кои биле во рамките на империјата (византиски, староримски, персиски, индиски итн.) но и до нови мапи кои ги правеле картографите на новите истражувачи. Само доволно искусен морепловец кои најверојатно имал пристап до сите поголеми водни пространства (Отоманската империја се протегала од Индискиот па се до Атлантскиот Океан) можел да направи слика на светот.

Најголемата енигма во оваа мапа е прецизно прикажаниот брег на Антарктикот. Најпростиот одговор би бил дека некоја од експедициите стигнала и на заледениот антарктик и доволно добро го отцртала, но непостоењето на други записи (освен Мапата на Пири Реис) за експедиција на Антарктикот ја даваат целата енигматичност на мапата. Според мене никој во тоа време не би сакал да се фали со откритие на ледена земја но Пири Реис доволно добро го искористил.
 
Eеднаш во Димензија Х читав за некои си камења кои имаат скоро совршена топчеста форма.Се наоѓаат во Костарика.Потекнуваат од пред илјадницi години и не се знае кој ги направил и за каква цел.Сега нив ги има по музеи, ги имаат богаташите што живеат таму, а дел се и во природата, а прочитав и дека има уште но не се најдени.

Dragonballs?


п.с.
Шала на страна, Апокалипто ќе пишеш или да зеам да истражувам? :)
 
Пиши ги... јас ќе удрам со друго :zlo: dragonball ис ол јорс
 
Сфери со резби, од Јужна Африка

iapetus.jpg


limonite3_small.jpg


grooved-sphere.jpg


Метални сфери, со екваторски изрезбарени прстени и со дијаметар од пола до 10 см. Со соодветни петрографски и други методи е утврден нивниот состав (хематит (Fe2O3) или воластонит (CaSiO3) со додатоци на хематит и гетит (FeOOH), а има и такви кои се составени од пирит(FeS2)).
Изминативе децении се најдени стотина, во рудници, во Трансвал (Јужна Африка).
Финтата е во тоа што се најдени во предкамбријски карпи (пирофилит), стари/формирани пред околку 2,8 милијарди години (да, милијарди!).

Првата личи на Покемон топка (мислам дека така изгледаше, немам гледано од мал ЛоЛ)
а другите ми изгледат на Крикет топки...

БТВ да не заборавиме на фреските од Косово...

4gdkhuw.jpg


43qg56s.jpg


Запазете го симболот кој што на нас ни е доста познат. Истиот се појавува на бројни Македонски икони... дали ова значи нешто?
 
mayan.jpg


Еве... интересни се првите два модела кој што на своите крила имаат означено како патува воздухот преку нив...

ФРИКИ ШИТ.


Малце оф топик но еднакво импресивно е ова...

AssyrianTank.jpg

Асириски тенк...
Па денес англичаните ми се фалат... ЛоЛ
 
Ај малце само и јас да додадам нешто.Убава колекција на само многу мал процент на работи кои се откриени а модерната археологија едноставно ги игнорира.Дефинитивно пронајдете ја книгата Forbidden Archaeology од Michael Cremo.Има коса да ви се крене кога ке прочитате дека човекот не се појавил пред 50 илјади години туку многу многу многу порано(Во игра се бројки со три цифри а после нив "милиони").Е сега да биде поинтересно,практично постојат физички докази за неговото тврдење-вистински опипливи физички докази.Но повеќе во неговата книга.Фасцинантни податоци!!!Така да сите работи кои се наведени погоре и не звучат така нереално ако се има во предвид дека човекот опстојувал на оваа планета со милиони години.:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom