Неправедна фаворизација на Скопје

Да, колку пати сум свршила ко ми кажале машки дека се од Скопје. :drk: :jaj:

Прв болд:Душо,верви ми,кој еднаш пошол натака, не се вратил овде. :smir:

Втор болд:И градот нема да растеше толку ненормално ако и другите градови имаа барем 1/4 од можностите што ги нуди Скопје, бидејќи реално, голем број од ''скопјаните '' се доселеници кои не успеале да заминат надвор од државава, па дошле скопје. Не велам дека како главен град не треба да има повеќе градби и занимливости, меѓутоа поентата ми е да не се занемаруваат другите градови.

Земи пример од Европа, кон која толку многу се стремиме. Конкретно Холандија. Во скоро секој поголем град има факултети, меѓутоа разликата е во тоа што еден град е некако '' специјализиран '' за одредени области. Во Ајндховен има студии за електротехника, во Амстердам за медицина, во Хаг за правни науки. И секако населението ке е поразмерно распоредено. Не дека во сите градови ке е еднакво, меѓутоа не се фаворизира еден град.
Ама ние сме во Македонија. Реално, многу далеку од Европа.:smir:

Па нели се воведоа дисперзирани студии? И слушам на телевизија - пак сите се запишуваат во Скопје, а во ограноците никој. И сега?

Јасно, рано е. Треба време дури да профункционираат тие факултети, но барем е поставен темелот. Се надевам дека ќе профункционираат, зашто на тој начин младите ќе се концентрираат во тие градови, па на некој паметен ќе му текне да отвори кафич уште еден, модерен, па некое супер диско, па кино што собира повеќе луѓе...

Значи, секој град треба да направи нешто со што ќе *привлече* луѓе. Охрид тоа го има во лето на претек, Штип ги има викендите на шопинг, Струмица и Вевчани ги имаат карневалите... Но тоа е малку. Треба секој град да се истакне така, што ќе има нешто што ќе ги тера луѓето да одат таму постојано.

А тоа не се валкани улици и слично. Па постојано се организира Ден на дрвото и сите луѓе одат таму зашто сакаат, не зашто мораат. Ниту денар не добиваат обичните луѓе кои садат дрвја. Кој им брани на градоначалниците на градовите и општините да организираат една таква работна акција за чистење на улици, за пошумување, за доброволно дарување на облеките кои не им требаат на сиромашните...? Зарем не би се јавиле граѓаните, ако им се каже дека на тој начин му помагаат и на сопствениот град? Зарем не би се собрале луѓето масовно, за што и да е, ако знаат дека така заеднички прават нешто за својот град?

Треба маркетинг. Треба на луѓето да им се стави во лице дека тие лично треба да станат од пред телевизорот/компјутерот/телефонот и да излезат и да направат нешто. Премногу луѓето чекаат на централната власт и на сите други, освен на саните себе.
 
до леандра а шо пари носи скопје па да се исплака во него убедливо најпоке да се вложва па уште гледам некој се бунеле во скопје не се градело па кај вас ако не се гради кај се гради за едни смрдени споменици ке дај владата 10 милиони а кај другите ништо па тие пари не се од скопјани тие се од сите и ај овде кажими кајма правилна распределба на град како шо му следи па салата во Битола 30 години не е реновирана а само замислете колку ретко останва слободен термин во денот а за неа немат мрднато со прст а оти оти државата нејки да ја децентрализира и да му ја дај општината па овие сигурно нема да ги дат парите да се изгради нешто во скопје па дали сте свесни колку пари општината има изгубено на ова пола борис трајковски ја плативте со овие пари а нашата сала како за инает колку да не заебават скопјаните ни дададоја стари столчина од градски да се клат в спортска :kesa: па мене ми личи работава ко нескопјаните да се граѓани од втор ред

Пола Македонија е во Скопје,по една кифла дневно или бурек да купат,да не споменувам цигари,кафиња,деловни ручеци,конференции,фискално колку носи пресметај.За продажба на имоти,деловни објекти,производствени единици да не ни споменувам.Самиот град го добива данокот на имот (3%) од сопственост пресметај колку се влеваат.Додади на ова такси,давачки по администрација,таксени марки,формулари за студенти и пријави за вработувања,персонални даноци и слично ќе сфатиш дека Скопје ја рани Македонија.Епа на сите овие цифри каде треба да се вложува најмногу за културен живот?Но проблемот е што наместо кина и театри ми местат споменици во време на празен буџет.
А Битола како град си има примања,прашајте го тој што ви седи во општината зошто не ви ја изгради салата?Прашајте го зошто беше раскопана,зошто и го нема сјајот од порано.Битола има и приватен сектор,се префрлаат и средства од децентрализација повисоки од другите градови,но каде ви се парите тоа не треба овде да прашувате.
Државата како држава спомениците може во г.. да си ги п....Должна е да вложува во подобрување на услови,должна е Пелистер да го одржува,а не да го остави така на раб на времето.После сме немале зимски туризам,па зошто да имаме кога никој со прст не мрднува за убавини како Баба.Е токму во овој сегмент ви е крива државата што не вложува во афирмација на убавините кои ги имате во тој крај.За се останато,дупки по улици,тротоари,ѓубре,изглед на град имате каде а се обратите и да побарате:smir:
 
за овие муабети дека сте пола македонија па и 3\4 незнам шо да кажам ко од ракав да ги вадите ми личи за то си има официјални податоци шо кажват дека се движи околу пола милион значи 1\4 македонија а поке од пола капитални објекти се изградија кај вас значи нееднаквост друго гледам цело време префрлаш вина демек општините не чинеле ама ко шо гледам вашите градончалници не се ништо посебно успешни значи според мене во голем дел крива е државата која нееднакво ги дели парите за да се изгради нешто во одреден град пошто секој град има некоја своја специфична работа и со подобра позиција шо можи да се исфорсира ама све то се запоставува па во скопје едно ридче ко водно ми го напраја господ знај кузнај шо да е а да го имаја еден Пелистер ке напреа кицбил од него а сега е целосно пропаднат иако е планина со најголем потенцијал и ова си е само мал дел од работите шо се запоставени од државата оти изгледа не гледат подалеку од водно
 
Скопје ја храни Македонија?
ало бре...Македонија го храни Скопје.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom