Крусер
Тотем Пума
- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 3.556
- Поени од реакции
- 1.613
- Возраст
- 48
Да, колку пати сум свршила ко ми кажале машки дека се од Скопје.:jaj:
Прв болд:Душо,верви ми,кој еднаш пошол натака, не се вратил овде. :smir:
Втор болд:И градот нема да растеше толку ненормално ако и другите градови имаа барем 1/4 од можностите што ги нуди Скопје, бидејќи реално, голем број од ''скопјаните '' се доселеници кои не успеале да заминат надвор од државава, па дошле скопје. Не велам дека како главен град не треба да има повеќе градби и занимливости, меѓутоа поентата ми е да не се занемаруваат другите градови.
Земи пример од Европа, кон која толку многу се стремиме. Конкретно Холандија. Во скоро секој поголем град има факултети, меѓутоа разликата е во тоа што еден град е некако '' специјализиран '' за одредени области. Во Ајндховен има студии за електротехника, во Амстердам за медицина, во Хаг за правни науки. И секако населението ке е поразмерно распоредено. Не дека во сите градови ке е еднакво, меѓутоа не се фаворизира еден град.
Ама ние сме во Македонија. Реално, многу далеку од Европа.:smir:
Па нели се воведоа дисперзирани студии? И слушам на телевизија - пак сите се запишуваат во Скопје, а во ограноците никој. И сега?
Јасно, рано е. Треба време дури да профункционираат тие факултети, но барем е поставен темелот. Се надевам дека ќе профункционираат, зашто на тој начин младите ќе се концентрираат во тие градови, па на некој паметен ќе му текне да отвори кафич уште еден, модерен, па некое супер диско, па кино што собира повеќе луѓе...
Значи, секој град треба да направи нешто со што ќе *привлече* луѓе. Охрид тоа го има во лето на претек, Штип ги има викендите на шопинг, Струмица и Вевчани ги имаат карневалите... Но тоа е малку. Треба секој град да се истакне така, што ќе има нешто што ќе ги тера луѓето да одат таму постојано.
А тоа не се валкани улици и слично. Па постојано се организира Ден на дрвото и сите луѓе одат таму зашто сакаат, не зашто мораат. Ниту денар не добиваат обичните луѓе кои садат дрвја. Кој им брани на градоначалниците на градовите и општините да организираат една таква работна акција за чистење на улици, за пошумување, за доброволно дарување на облеките кои не им требаат на сиромашните...? Зарем не би се јавиле граѓаните, ако им се каже дека на тој начин му помагаат и на сопствениот град? Зарем не би се собрале луѓето масовно, за што и да е, ако знаат дека така заеднички прават нешто за својот град?
Треба маркетинг. Треба на луѓето да им се стави во лице дека тие лично треба да станат од пред телевизорот/компјутерот/телефонот и да излезат и да направат нешто. Премногу луѓето чекаат на централната власт и на сите други, освен на саните себе.