Justice for All
Tempus fugit
- Член од
- 17 јули 2008
- Мислења
- 1.372
- Поени од реакции
- 85
Инспириран од статијава решив да ја отворам темава, да се види какво е мислењето на луѓето. Иако знам дека повеќето луѓе на форумов се од Скопје и нормално ќе почувствуваат потреба да се бранат (ко божем тие самите се под напад), ќе ве замолам да бидете објективни и праведни во вашите коментари.
Се што се гради е во Скопје. Се што се инвестира е во Скопје. И тука не зборам за странски инвестиции. Игралишта, спортски сали, јавни базени..... се со ДРЖАВНИ ПАРИ. Пари што и ти и јас и тој и СИТЕ во државава ги даваме за доброто на ДРЖАВАТА....
А не само Скопјани да уживаат.... и тоа на наш грб.
Не ми верувате?
Прошетајте ја Македонијава. Ја ви гарантирам дека животниот стандард е многу поразличен од Скопје. Кажете ми кога беше последниот пат Владата да инвестирала во вашиот град? Ви изградила ли игралиште или спортска сала или базен или ви реновирала болница, пат... било што? Ништо. Зошто не се инвестира во медицинска опрема во другите градови? Зошто за било што поголемо мораме да одиме во Скопје?
До кога вака?:sakas_ust
До кога ќе трае оваа неправедна фаворизација на Скопје? Како ние, луѓето од другите градови, да сме граѓани од втор ред. Зошто го велам ова?Авторот на статијата напиша:Општините си располагаат со финансии согласно со постоечките закони и самите треба да си ги изведуваат своите проекти - дури и регионалните. Мешањето на владата (преку Агенцијата за млади и спорт) и, според мое мислење, вложувањето непропорционално повеќе пари во Скопје отколку во другите градови, создава нееднаквост меѓу граѓаните и допринесува за понатамошна концентрација на капиталот и работната сила во главниот град. Од друга страна, како што пред 30-40 години се запустуваа селата, сега се запустуваат градовите, а Скопје се претвора во „држава во држава“.