Непозната трансакција на Paypal проба да ми повлече 170 евра?

  • Креатор на темата Креатор на темата edin4o
  • Време на започнување Време на започнување

edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
Локација
Десно од левото
Веб-сајт
gamezone.com.mk
Пред неколку минути од пишувањето на темава ми дојде порака од НЛБ Тутунска дека некој пробал да ми повлече 167.99 EUR на продажно место PAYPAL *JERRYXIAOME.
Среќа имав само 30 денари на сметка па плаќањето беше неуспешно.

Фората е што, јас досега најголемата трансакција на нет што сум ја напраил била на Али Експрес и тоа 5 долари. Другото е све што сум пунел кредит и тоа не од моја картичка, туку од на сестра ми (чија состојба е супер).

Плус, картичката ми е дебитна и не ја користам уште од летото 2014...
Плус плус, сум пробал еден хост да купам за еден месец, али го откажав и тоа беше не од оваа картичка, туку од друга банка (значи друга сметка, и не беше поврзана преку пејпал)

Еве принт скрин од PayPal страната
http://prntscr.com/5nfwup

И ШТО Е НАЈБИТНО - НИКАД НЕ СУМ НАПРАВИЛ ТРАНСАКЦИЈА ПРЕКУ PAYPAL - САМО ГО ВЕРИФИЦИРАФ АКАУНТОТ И САЛДОТО СЕКАД МИ БИЛО НА 0.00!
Кажете ми кај да се обратам, или да го деактивирам PayPal акаунтот?
 
Последно уредено:
Да не ти знае некој пасвордот од ПејПал, пробај смени си го, не чувај големи суми во иднина.
 
Среќа што никад не сум ни чувал, на пејпал секад салдото ми било 0.00 (освен тогаш кога се верифицираше и толку)
 
Нема врска дали имаш 0 на пејпал. Ако имаш многу на трансакциската од таму ќе повлекува.
 
Пред неколку минути од пишувањето на темава ми дојде порака од НЛБ Тутунска дека некој пробал да ми повлече 167.99 EUR на продажно место PAYPAL *JERRYXIAOME.
Среќа имав само 30 денари на сметка па плаќањето беше неуспешно.

Фората е што, јас досега најголемата трансакција на нет што сум ја напраил била на Али Експрес и тоа 5 долари. Другото е све што сум пунел кредит и тоа не од моја картичка, туку од на сестра ми (чија состојба е супер).

Плус, картичката ми е дебитна и не ја користам уште од летото 2014...
Плус плус, сум пробал еден хост да купам за еден месец, али го откажав и тоа беше не од оваа картичка, туку од друга банка (значи друга сметка, и не беше поврзана преку пејпал)

Еве принт скрин од PayPal страната
http://prntscr.com/5nfwup

И ШТО Е НАЈБИТНО - НИКАД НЕ СУМ НАПРАВИЛ ТРАНСАКЦИЈА ПРЕКУ PAYPAL - САМО ГО ВЕРИФИЦИРАФ АКАУНТОТ И САЛДОТО СЕКАД МИ БИЛО НА 0.00!
Кажете ми кај да се обратам, или да го деактивирам PayPal акаунтот?

Како што спомна @Big Bull, воопшто не мораш да ставаш пари на твојата PayPal сметка, доволно е тоа што си верификувал дебитна картичка и си ја поврзал со истата таа PayPal сметка, а на хакерот му се доволни само твоето корисничко име и лозинката, воопшто не му требаат податоците за твојата картичка или било кои други податоци, бидејќи веќе си ја верификувал картичката.

За твоја среќа, не си имал доволно пари на трансакциската сметка и трансакцијата била одбиена.

Мораш да ја смениш лозинката и убаво да го провериш компјутерот од вируси, ако не знаеш како, мораш да го однесеш компјутерот на сервис за да го проверат бидејќи кражбата на лични податоци не е ситна боранија, тоа е хакерски бизнис кој ограбува милиони луѓе низ целиот свет секоја година. Проблемот е во тоа што не сите навреме ја откриваат кражбата.

Можеш да инсталираш пробна верзија од Kaspersky Internet Security 2015 или од BitDefender Internet Security 2015, која би траела 30 дена, по што ќе мораш да купиш лиценца за антивирусот, но пробната верзија функционира исто како и лиценцираната верзија, ќе го провери убаво компјутерот и ќе го исчисти.

Доколку користиш Windows XP, Windows Vista или Windows 7, можеш да го инсталираш Microsoft Security Essentials, кој доаѓа бесплатно. Доколку користиш Windows 8 или Windows 8.1, треба да го стартуваш Windows Defender и да го скенираш компјутерот, постапката е иста и кај Windows Defender за Windows 8/8.1 и кај Microsoft Security Essentials за Windows XP/Vista/7.
 
Последно уредено:
Нема врска дали имаш 0 на пејпал. Ако имаш многу на трансакциската од таму ќе повлекува.
Финтата е што немам ИЧ на трансакциската, не сум имал уште од лето 2014, тогаш ги извадив сите пари и останав на салдо 30...

Како што спомна @Big Bull, воопшто не мораш да ставаш пари на твојата PayPal сметка, доволно е тоа што си верификувал дебитна картичка и си ја поврзал со истата таа PayPal сметка, а на хакерот му се доволни само твоето корисничко име и лозинката, воопшто не му требаат податоците за твојата картичка или било кои други податоци, бидејќи веќе си ја верификувал картичката.

За твоја среќа, не си имал доволно пари на трансакциската сметка и трансакцијата била одбиена.

Мораш да ја смениш лозинката и убаво да го провериш компјутерот од вируси, ако не знаеш како, мораш да го однесеш компјутерот на сервис за да го проверат бидејќи кражбата на лични податоци не е ситна боранија, тоа е хакерски бизнис кој ограбува милиони луѓе низ целиот свет секоја година. Проблемот е во тоа што не сите навреме ја откриваат кражбата.

Ќе форматирам PC, сменам IP адреса и незнам шо друго ако треба.
Гледам дека сега пробал да наплати, малце закаснил пошто ја одамна неам пари на неа.
 
И да ти повлечело пари, секогаш имаш опција дека трансакцијата не е извршена од тебе, ПејПал ќе разгледа и ќе го реши случајот, ако навистина е така и ако убаво објасниш тогаш парите ќе ти бидат вратени.
 
Ја одма им пишав и објаснив. Чекај малце, како вратени кога никогаш не ми ни биле земени?
Значи некој пробал да вади пари од сметка со салдо од 33 денари, да се разбереме :D
 
Мислев ако си имал толку пари на ПејПал и овие да успеале да ти ги повлечат, тогаш ќе постои таква опција како што пишав горе, голем процент случајот ќе беше разрешен во твоја корист.[DOUBLEPOST=1420164907]
 
а нема можност да се јавиш во Тутунска и да ја стопираш трансакцијата (доколку имаш пари на неа)? нели би требало прво да се резервирани средствата ... некој поупатен нека каже ...
 
Нема такво нешто кога се праќа од пејпал на пејпал парите веднаш стигнуваат. После за тој да ги повлече му требаат 2 работни дена.

Затоа во тоа време си пријавуваш на пајпал и ти ги враќаат парите веднаш. Нема потреба од никакви паники и глупости бидејќи пајпал за тоа се цакум пакум се средува проблемот веднаш.
 
Aktiviraj dvo-faktorska verifikacija. Ke ti stiga kod na mobilen sekogas koga ke sakas da se logiras na Paypal ili da izvrsis plakjanje.
 
Нема такво нешто кога се праќа од пејпал на пејпал парите веднаш стигнуваат. После за тој да ги повлече му требаат 2 работни дена.

Затоа во тоа време си пријавуваш на пајпал и ти ги враќаат парите веднаш. Нема потреба од никакви паники и глупости бидејќи пајпал за тоа се цакум пакум се средува проблемот веднаш.

Како и да е, го средив проблемот со тоа што ја блокирав картицата и ќе извадам нова.

Ја значи на време сум им пишал dispute.
 
Пред неколку минути од пишувањето на темава ми дојде порака од НЛБ Тутунска дека некој пробал да ми повлече 167.99 EUR на продажно место PAYPAL *JERRYXIAOME.
Среќа имав само 30 денари на сметка па плаќањето беше неуспешно.

Фората е што, јас досега најголемата трансакција на нет што сум ја напраил била на Али Експрес и тоа 5 долари. Другото е све што сум пунел кредит и тоа не од моја картичка, туку од на сестра ми (чија состојба е супер).

Плус, картичката ми е дебитна и не ја користам уште од летото 2014...
Плус плус, сум пробал еден хост да купам за еден месец, али го откажав и тоа беше не од оваа картичка, туку од друга банка (значи друга сметка, и не беше поврзана преку пејпал)

Еве принт скрин од PayPal страната
http://prntscr.com/5nfwup

И ШТО Е НАЈБИТНО - НИКАД НЕ СУМ НАПРАВИЛ ТРАНСАКЦИЈА ПРЕКУ PAYPAL - САМО ГО ВЕРИФИЦИРАФ АКАУНТОТ И САЛДОТО СЕКАД МИ БИЛО НА 0.00!
Кажете ми кај да се обратам, или да го деактивирам PayPal акаунтот?
Немаш гајле ти, кога немаш пари на сметка ете гледаш ништо не ти можат ни сајбер лоповите. Само едно нешто не ми е јасно, зошто бре луѓе верифицирате пејпал кога немате ебан денар на сметка и немате намера никад да го користите? Заради мода ли? Цел форум се израдуваа дека ете пејпал имало во македонија конечно, сите направија сметки а севкупно ако сите ве соберат заедно дали вкупно 90 евра имате потрошено :pos:. Па уште се исплашил, па сакал да го деактивира :bravobe:. Што ќе декативираш бе, па пари немаш ало, што ќе ти земат? Седи уживај и свиркај си, отпорен си ко дијамант ;). Кога ќе видат дека немаш пари тие што се обиделе да ти ги соберат може од жал и да ти пуштат некое евро :lolzz:
 
Последно уредено:
Само едно нешто не ми е јасно, зошто бре луѓе верифицирате пејпал кога немате ебан денар на сметка и немате намера никад да го користите? Заради мода ли? Цел форум се израдуваа дека ете пејпал имало во македонија конечно, сите направија сметки а севкупно ако сите ве соберат заедно дали вкупно 90 евра имате потрошено :pos:.

Затоа што чекавме некој како тебе да се појави и да ни каже колку имаме сите заедно потрошено па од пусти срам да почнеме да ги деактивираме сметките. Мислам дека сега ти е јасно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom